ЖивотСопругот ја изневерил со 18 жени, некои од нив нејзини пријателкиАдел Терон не можела да претпостави дека дури 6 од нејзините пријателки кои редовно доаѓале на гости биле љубовници на нејзиниот сопруг. По 5 години брак тој седнал и напишал список на жените со кои ја изневерувал - на списокот имало 18 имиња! После се, Адел се развела од Брус, но му ги простила неверствата и нему и на пријателките. Зошто?- Јас не сум простирка за пред врата. Јас сум образована и силна жена. Знам дека за многумина е тешко да разберат, но јас комплетно му простив и на Брус и на неговите љубовници. Тоа беше единствениот начин да продолжам понатаму со животот и да бидам среќна- вели 36 годишната Адел. Адел и Брус се запознале во 2001 година. Таа на 23 годишна возраст почнувала успешен бизнис а тој бил гитарист во бенд. Нејзиното семејство сметало дека Брус не е за неа, нејзиниот брат воопшто не го сакал. Адел вели дека на прв поглед не и се допаднал многу, но кога подобро се запознале се вљубила толку многу што никој не можел да ја разубеди. Првиот знак дека верноста не му е најсилната страна, се покажал пред бракот. Адел од помалото место акде се запознала со Брус, се преселила во Лондон и мислела дека врската ќе опстане на таа далечина. По 4 месци и признал дека имал афера. Таа се налутила, а тој веднаш отпатувал за Лондон и ја запросил. Се согласила. - Рече дека не смее да си дозволи да ме изгуби, ќе дојде во Лондон и ќе живееме заедно - вели Адел. Се венчале во 2004 година. Поради работата Адел многу патувала, и му помагала финансиски на сопругот. - Мислам дека тоа му паѓаше тешко - вели Адел зборувајќи за првите проблеми во бракот. Набргу таа почнала да се сомнева во неговата верност. - Кога и да се вратев од пат, или ако тој се враќаше од патување, ми изгледаше сомнителен. Ако нешто прашав ми велеше дека сум параноична. Адел признава дека била наивна во 2007 година. Таа година Брус се вратил од службено патување во САД и не можел да престане да зборува за некоја Џејн која ја запознал таму. - Кога го прашав да не е вљубен во неа ми рече дека сум будалеста - вели Адел. Брус ја запознал Џејн со Адел и ја поканиле на роденденот на Адел во нивниот дом. Џејн останала неколку дена. По неколку месеци тој заминал кај заедничката пријателка Кеј каде Адел не можела да оди поради обврските. И неа ја поканил на гости. - Кеј постојано ми велеше дека сум прекрасна и го заслужувам најдоброто, како да беше виновна за нешто - вели Адел. Слична е приказната и со Алисон и Робин - и двете Адел ги запознала преку Брус кој и ги претставил како другарки. Но интуицијата и кажувала на Адел за што се работи. Не сакала да признае пред себе дека нешто не е во ред со нејзиниот брак, почнала да се затрупува во работа, се здебелила 10 килограми. На крајот побарала помош од психолог. Теса, пријателка на Брус! Таа ја охрабрила Адел да се соочи со себе, дали бракот ја прави среќна или не. Набргу потоа Брус заминал во Калифорнија и не се вратил 3 месеци, а Адел имала време да размисли. Кога се вратил му рекла дека не е задоволна од бракот, тој веднаш се согласил да се пресели, и и кажал дека во Калифорнија бил со две жени. Само по една недела признал се и го направил списокот со 18 жени со кои во последните 2 години од бракот ја изневерил сопругата. - На списокот беа и Џејн и Кеј и Алисон и Робин, а кога го видов името на Теса се смрзнав. И Сара која добро ја познавав и ми беше пријателка беше на списокот. Полудев, викав, го прашував да објасни зошто, го обвинував дека ми го ризикувал животот со тоа што бил со толку жени а тој тврдеше дека користел кондоми - вели Адел во својата исповед. Три месеци траела агонијата на Адел. Еден ден од третиот месец таа ја скршила целата кујна и решила да ја врати контролата над својот живот. Разговарала со љубовниците на нејзиниот сопруг и решила да им прости. Во ноември Адел ќе се мажи со Сајмон, човекот кој го запознала неколку месеци по разводот од Брус. - Брус не е толку лош. Му се лутев не што ме изневерил туку затоа што лажел. На свадбата на Адел е поканета и нејзината пријателка Кеј, една од девојките од списокот на Брус! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВан Дајк ги открива планови за иднината- Дали летово ќе го напушти Ливерпул?Капитенот на Ливерпул, 35 годишниот Вирџил ван Дајк призна дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра за славниот англиски клуб од Енфилд Роуд следната сезона. Договорот на холандскиот централен дефанзивец истекува во јуни 2027 година, а во интервју за „Скај Спортс“ (Sky Sports), тој не ја исклучи можноста да го напушти „Енфилд“ по речиси една деценија. Ван Дајк дојде во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018 година и со клубот освои две титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите. „Најважно за мене е да се чувствувам добро и да се грижам за себе. Верувам дека можам да играм уште многу години. Ќе видиме што ќе се случи по оваа сезона. Ако некој тврди дека знае што ќе правам следната сезона, тоа не е точно, бидејќи во моментов, ни јас самиот немам поим“, изјави Ван Дајк. Тој објасни дека не сака премногу да размислува за иднината и дека моментално е фокусиран на натпреварите што му претстојат на Ливерпул: „Ова беше неверојатно патување за мене. До летото ќе поминат речиси десет години откако пристигнав, а Ливерпул стана огромен дел од мојот живот. Засекогаш ќе бидам благодарен за сè што доживеав. Дали ќе го продолжам договорот – ќе видиме. Ако не, ќе се збогувам на лето“. Оваа сезона, Ван Дајк останува еден од најважните играчи на Ливерпул; под водство на Андони Ираола, тимот моментално се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата по десет одиграни кола, со освоени 18 бода. Холанѓанецот ги одигра сите 900 минути во лигата досега, а во неделното дерби против Манчестер Јунајтед би можел да го забележи својот 350-ти настап во Премиер лигата. Ливерпул оваа сезона има остварено пет победи, три нерешени резултати и два пораза, со што заостанува девет бода зад лидерот на табелата, Арсенал. Во одбраната, Ван Дајк најчесто игра во тандем со 21-годишниот Жереми Жакет, кого клубот го доведе од Рен. Холанѓанецот го пофали својот млад соиграч, истакнувајќи дека – и покрај неговата возраст – тој веќе покажал зрелост неопходна за натпреварување на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПожар во ноќен клуб во Никозија – гости останале заробени на балкон Пожар избувнал во ноќен клуб во Никозија, при што повредено е едно лице. Поради чадот околу 50 лица останале заглавени во објектот и се засолниле на балконите каде што останале до гаснењето, при што биле безбедно евакуирани. Портпаролот на противпожарната служба на Кипар, Андреас Кетис, информираше дека околу 2:45 часот добиле пријава за пожар на влез на ноќен клуб во кипарскиот главен град, а од пожарот биле уништени тепихот и паркетот со кои бил обложен влезот на објектот. „Поради чадот, што се прошири на првиот кат, околу 50 лица (гости) останаа заробени во објектот. Еден маж се здоби со изгореници при обид да го изгасне пожарот“, изјавиле од противпожарната служба. Повредениот бил пренесен во болница, а во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила со екипи од противпожарните станици во Никозија.Причините за пожарот треба да ги покаже истрагата, а кипарските медиуми пожарот најверојатно бил подметнат, бидејќи извори од полицијата посочиле дека на влезот била пронајден запалива материја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНовиот претседател на српското собрание Чупиќ поканет на Самитот во Брисел, но одбил да присуствува Новиот претседател на српското собрание, Александар Чупиќ, кој привремено ја извршува и функцијата претседател на Србија добил покана да учествува на Самитот на Европската унија и Западен Балкан, што ќе се одржи на 25 ноември во Брисел.Од делегацијата на Европската унија во Србија информирале дека Чупиќ изразил жалење што нема да може да присуствува на состанокот, но не ја наведуваат точната причина за тоа. Поканата ја упатил претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во писмото тој навел дека самитот ќе биде можност за разговор за клучните прашања поврзани со соработката меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан. Инаку, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ одби да учествува на Самитот во Брисел во декември 2024 година, незадоволен од тогашната одлука на Европската унија да не го отвори кластерот 3 во пристапните преговори со србија, кој се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08