ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државата
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државата
МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
1МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
СудбинаСопругот ѝ починал за време на лет, а таа ја скршила карлицата- сега ја тужи компанијата Жената чиј сопруг починал по силни турбуленции за време на летот ја компанијата тужи „Сингапур ерлајнс“.Адвокатите на 74-годишната Линда Кичен од Торнбери, град недалеку од Бристол во југозападна Англија, велат дека нејзиниот сопруг Џеф (73) претрпел смртоносни повреди кога авионот одеднаш изгубил околу 1.800 метри надморска височина на лет од Лондон. Линда го скршила 'рбетот во инцидентот. Таа сега започна постапка во Високиот суд и бара надомест за да може да плати за стручната помош што ѝ е потребна за време на закрепнувањето, пишува Би-Би-Си. „Кога бев разделена од Џеф, знаев дека е лошо, но ништо не можеше да ме подготви за веста за неговата смрт. Апсолутно ме уништи“, рече Кичен. Кичен и нејзиниот сопруг патувале на шестнеделен одмор во Сингапур, Индонезија и Австралија кога се случил инцидентот во мај 2024 година. Хаос за време на летот Силни турбуленции го зафатија авионот над Мјанмар, по што беше принуден да слета во Бангкок. „Имаше мали турбуленции над Европа и се тресевме над морето, но главната турбуленција се случи по десет часа лет“, рече Кичен. „Беше толку силно што имав чувство дека авионот паѓа. Мислев дека се уриваме“, се присети таа. Додека авионот брзо ја губеше висината, Џеф падна врз сопругата. Другите патници помогнаа да го преместат, а докторот на летот почна да го реанимира. Се верува дека Џеф доживеал срцев удар по ненадејното уривање на авионот. Помина десет дена во болница Линда Кичен беше однесена во болница додека нејзиниот сопруг сè уште беше во авионот. Дури два дена подоцна дозна дека тој починал. „Поминав десет дена во болница пред да ме префрлат со хеликоптер во Бристол. Патувањето беше матно поради силна болка. Во Велика Британија бев во болница уште една недела, а по отпуштањето ми требаше многу помош дома“, рече таа. Анте Корелиду, адвокат специјализиран за воздухопловно право што ја застапува Линда Кичен, рече дека смртта на Џеф и сериозните повреди на Линда покажуваат колку е сериозен инцидентот. „Иако поминаа повеќе од две години од смртта на Џеф, Линда и семејството сè уште имаат многу прашања за тоа што точно се случило. Тие се прашуваат дали можело да се направи повеќе за да се спречат повредите“, рече адвокатот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАШеј Гилџес-Александер: „Јас сум најдобар во светот“Актуелниот МВП во НБА, Шеј Гилџес-Александер, смета дека е најдобриот кошаркар во светот.Предводникот на Оклахома се стави себе си пред центрите Јокиќ и Вембањама: „Јас сум најдобар во светот“ . Оклахома Сити Тандер го имаат одличниот канадски плејмејкер Шеј Гилџес-Александер, кој е двократен добитник на наградата МВП. Во разговор со новинарите на списанието „Тајм“, за време на едно интервју, тој изјави дека смета оти е најдобриот кошаркар на планетата. Тој самоуверено изјави дека е најефикасниот играч и нагласи дека неговиот тим има фантастичен сооднос на победи и порази во последните неколку години. „Мислам дека сум најдобриот играч во НБА. Сè што прикажувам секоја вечер е најдоброто што еден НБА-играч може да го понуди. Сметав дека сум најефикасниот НБА-кошаркар. А и многу придонесов за тимот да победува“, вели Шеј. Често го обвинуваат за „флопинг“ (симулирање контакт) и му велат дека „живее“ на линијата за слободни фрлања, на што тој одговара: „Кошарката ми донесе многу убави работи, и мене и на моето семејство. Ако наративот на социјалните мрежи е таков што го извлекува најлошото од мене, а се работи за слободни фрлања... тогаш би го прифатил тоа милион пати“, додаде Гилџес-Александер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
Свет Пит Хегсет: „Ќе се погрижиме луѓето да гледаат – тој ќе биде стрелан“ Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, осуден за убиство на 13 лица во воената база Форт Худ во 2009 година, ќе биде јавно, со што тоа ќе стане првото погубување со стрелачки вод во американската војска.Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, осуден за убиство на 13 лица во воената база Форт Худ во 2009 година, ќе биде јавно, со што тоа ќе стане првото погубување со стрелачки вод во американската војска по неколку децении. „Ќе се погрижиме луѓето да можат да го гледаат тоа, да биде јавно, бидејќи луѓето треба да разберат дека постојат сериозни последици за вакви работи“, изјави Хегсет во интервју со конзервативниот подкастер Џек Пособик, на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“. Сепак, Хегсет не изнесе детали за тоа како јавноста би можела да го следи извршувањето на смртната казна, пренесува Си-ен-ен. Пентагон во понеделникот објави дека Хасан ќе биде погубен од вод за стрелање, врз основа на препораката на Хегсет, која беше одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп. Вршителот на должноста секретар на Армијата на САД, Адам Тел, го закажа извршувањето на казната за 3 декември во 14:00 часот по локално време (односно во 20:00 часот по средноевропско време), во базата „Форт Худ“ во Тексас. Хегсет изјави дека погубувањето ќе се изврши во четврток, во време што соодветствува со моментот кога Хасан го извршил нападот, и дека во стрелачкиот вод ќе бидат вклучени војници вооружени со пушки. Во јули 2013 година, Хасан беше прогласен за виновен по 13 точки од обвинението за убиство со умисла и по 32 точки за обид за убиство. За време на судењето, тој изјави дека како цели ги одбрал војниците што требало да бидат испратени во Авганистан, тврдејќи дека тие ќе учествуваат во, според него, нелегална војна. Во 2009 година, тој отворил оган во медицинскиот центар во Форт Худ, каде што војниците се подготвувале за заминување во мисија и вршеле медицински прегледи. Откако војниците почнале да бегаат, Хасан ги следел до задниот излез на зградата, каде што дошло до размена на оган со полицијата. Во таа прилика, Хасан бил ранет. Егзекуцијата со стрелачки вод би била прва таква егзекуција спроведена од американската војска по Втората светска војна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денес е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен за извршување дијагностички прегледи.Со цел навремено обезбедување на здравствените услуги, Институтот започна со организирано повикување и закажување нови термини за сите пациенти чии прегледи беа привремено презакажани поради настанатата состојба. За таа цел, организирана е работа во две смени, како и дополнителна работа во текот на претстојниот викенд, со цел во најкраток рок да се реализираат прегледите, согласно расположливите капацитети и утврдените медицински приоритети. Во однос на компјутерскиот томограф, лоциран во хируршкиот комплекс и наменет првенствено за дијагностичка обработка на итни пациенти, сервисната постапка се уште е во тек и се очекува да заврши во најскоро време. Постапувањето со итните пациенти продолжува согласно воспоставената меѓуинституционална координација и организација за обезбедување континуитет на неопходните дијагностички услуги, односно итните пациенти се згрижуваат во ГОБ „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Апелираме во јавноста да не се изнесуваат непроверени информации, со цел да не се нарушува довербата во здравствениот систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook