Сопругот и исчезнал пред две години, таа верно го чека убедена дека ќе и се врати! - Канал 5

Сопругот и исчезнал пред две години, таа верно го чека убедена дека ќе и се врати!

Тим и Тери Биардсли стапиле во брак во 2003 година. На 9 јули 2012 тој излегол од дома и повеќе не се вратил.

Сопругот и исчезнал пред две години, таа верно го чека убедена дека ќе и се врати!
Од тој момент нема никаква трага од Тим, освен што бил пронајден неговиот напуштен автомобил. Не искористил кредитна картичка ниту повлекол пари од банка, никој не знае што се случило со него речиси цели 2 години.

Но Тери упорно и верно го чека. Таа кога ќе замине на работа остава порака на скалите пред влезната врата од нивната куќа, на која пишува: Морам да одам на работа, ако сакаш да се вратам јави ми се. Те сакам, Тери.

Тери се надева дека Тим еден ден ќе се врати и ќе ја види пораката.

- Никогаш нема да поверувам дека е мртов. Ако поверувам не би можела да продолжам понатаму. И каква сопруга би била ако се откажам од него - вели 44 годишната Тери.

- Се грижам како ги поминува деновите. Можеби во лоши услови, додека јас живеам во нашата убава куќичка. Може да е болен, гладен... Кога јадам, се прашувам дали тој има доволно да јаде.

- Луѓето ме прашуваат - како не се лутиш кога тој те напушти, замина. А зошто да се лутам? Нема што да простувам. Кога сакаш некого, таа љубов е ебзусловна - вели Тери.

Извесно време пред да исчезне, Тим бил во депресија, разочаран и под голем притисок од работата - вели Тери. Дури закажале и термин кај психијатар, но Тим никогаш не отишол на закажаниот термин. Тоа утро на 9 јули 2012 се облекол и излегол. Тери знаела дека нешто не е во ред бидејќи не ја поздравил пред да замине, и не го зел мобилниот. Пет дена подоцна му го нашле автомобилот. Потрагата од полицијата и потрагата која ја организирала Тери не дале никакви резултати. Но таа е убедена дека ќе и се врати.

- Мислам дека е тука некаде. Ние бевме толку блиски што јас ќе почувствував ако веќе го нема. Тоа ме одржува - вели Тери.

Во Британија на секои 2 минути исчезнува по еден човек. Најголем дел од исчезнатите се пронајдени за 48 часа. Но секоја година 2 000 лица никогаш не се враќаат. Од возрасните кои исчезнуваат, само околу 5% се пронајдени мртви.Тери е убедена дека Тим не е меѓу нив./ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер