Сопругата на Метју Меконахи признава дека тешко се справуваат со родителството - Канал 5

Сопругата на Метју Меконахи признава дека тешко се справуваат со родителството

Најстариот син на Камила Алвес Меконахи и Метју Меконахи, Леви, овој месец го прослави својот 14-ти роденден.

Сопругата на Метју Меконахи признава дека тешко се справуваат со родителството

Парот има уште две деца: ќерката Вида (12) и синот Ливингстон (9), а не кријат дека родителството е поголем предизвик како што растат децата.

„Интересно е што кога се мали физички ве исцрпуваат, а кога ќе стигнете до тинејџерската фаза, се чувствувате како да ви треба повеќе енергија. Детето се обидува да го најде својот идентитет и да сфати како да управува со својот живот. Тоа е поголем предизвик за мене на добар начин“, изјави Камила за Us Weekly.

40-годишната мајка додава дека во тинејџерската фаза се случуваат ненадејни тешки разговори за промените што ги доживуваат децата.

„Тоа е убаво и инспиративно. И ве тера, возрасните, подобро да гледате некои работи“, истакнала таа.

Камила емигрирала во САД од Бразил и признава дека има многу сличности во она што го практикуваат семејствата. Особено кога станува збор за одење во црква во недела и поминување време на отворено.

„Долго живеевме во Малибу и имавме папараци пред нашата врата секој ден. Тоа ни стана нормално и не сфативме колку тоа влијае на некои работи што ги правевме додека не се иселивме“, се присетува таа.

Славниот пар се преселил во Увалде, Тексас, каде што е роден Меконахи.

„Децата добија можност да растат во приватност. Од таа перспектива, преселбата беше важна“, тврди таа.

Камила и Метју се венчаа во 2012 година. Понекогаш ги испраќаат децата кај нивните семејства и остануваат дома и пијат.

"Важно е да ги споделиме тие едноставни мали моменти. Понекогаш го поканувам Мет да го гледа зајдисонцето. Тоа се работите кои повторно нѐ поврзуваат", заклучила таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер