Сопругата на легендата на Јунајтед Видиќ, Ана се откажала од парите на славниот сопруг?! - Канал 5

Сопругата на легендата на Јунајтед Видиќ, Ана се откажала од парите на славниот сопруг?!

Легендарниот  српски фудбалер, долгогодишниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ слави 16 години брак со сопругата Ана!

Сопругата на легендата на Јунајтед Видиќ, Ана  се откажала од парите на славниот сопруг?!

Нивната љубовна приказна е една од ретките во светот на фудбалот и шоубизнисот која успеала да биде скриена од очите на јавноста.

Во медиумите многу ретко може да се видат фотографии од сопругата на славниот стопер.

Убавата Ана е посебна и по нешто друго, таа е можеби единствената жена на фудбалер на светот која со документ се откажала од огромното богатсво на свото сопруг, во случај на развод.

Инаку Ана и Немања романсата ја започнале во 2006 година на Златибор, кога Видиќ веќе бил докажан член на европскиот фудбалски гигант еМанчестер Јунајтед и српска репрезентативка, а таа била дипломиран студент на Економскиот факултет во Белград.

Ана Ивановиќ а потоа Видиќ и Немања Видиќ многу брзо по започнувањето на врската станале едне од најпознатите европски парови. Но, и покрај гламурот во кој живеат, тие сигурно се и еден од најскромните парови.

За време на долгогодишната успешна кариера на зелениот терен на Немања, Ана била секогаш далеку од очите на јавноста. Таа никогаш не била од оние жени на фудбалерите кои по секоја цена сакаат и мораат да бидат во центарот на вниманието на јавноста и медиумите.

Ана неколку дена пред свадбата направила нешто што ретко која жена на фудбалер би сакала да го направи.

Во 2006 година Ана потпишала предбрачен договор со Немања, со кој се откажала од имотот на својот славен сопруг во случај на нивен развод.

Таа имала само едно барање, а тоа било Немања да плаќа алиментација за децата доколку некогаш се случи нивната разделба.

Немања и Ана кои повеќе од 15 години живеат во складен брак се родители на три сина Лука, Петар и Стефан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Локалната власт со инвестиции во спорт и образование, а за земјоделците олеснет пристап до административни услуги.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Инфраструктурата на локалната власт во Росоман предводена од ВМРО-ДПМНЕ е приоритет, исто како што се и образованието, спортот и животната средина.

Се работи на реконструкција на повеќе улици, а голем дел се веќе и завршени, како во село Сирково, Манастирец каде проектот беше во соработка со Министерство за спорт и Светска банка, а со што дополнително се изработија и сообраќајни решенија.

За ЈПКД Росоман беше набавена опрема, и преку претпријатието за прв пат беше активирана зимската служба. Целта на локалната власт е ЈПКД Росоман да биде совртемено и опремено претпријатие кое ќе може самостојно да одговара на потребите на општината.

Општината инвестира во паркови, зеленило, како и во спортот, за младите да имаат подобри услови. Во моментов се реконстуира стадинот во Росоман, на трибината да има нови 350 места, донација од ФФМ, а се работи и осветлување на цел терен.

Во функција е ставена и подрачна единица за земјоделие за да можат земјоделците да си ги завршуваат административните обврски во местото од каде доаѓаат, а за земјоделците беа исплатени над 24 милиони денари за штетите од мраз од 2025 година.

Се работи и на чистење на диви депонии, па така беа исчистени неколку, во Паликура, Манастирец и Сирково и се поставија контејнери за кабаст отпад на околу 10-тина локации.

Во основното училиште ,,Пере Тошев“ е изградена летна училница и се реализира набавка на нагледни средства, како и реконструкција на останати делови од тој објект. За најмладите, веќе е во подготвка нов дел на детската градинка ,,Праскичка“, за да има поголем капацитет.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

Денеска Советот на јавните обвинители  треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Денеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и други

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер