ЗабаваСопругата на катарскиот шеик е прогласена за модна икона на СП (ВИДЕО)Моза Бинт Насер, сопругата на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, поранешниот емир на Катар, привлекува внимание со модните комбинации на Светското првенство во Катар.Многумина ја нарекоа „модна икона на Светското првенство“, а „Гардијан“ ја опиша како „модерното лице на конзервативниот режим“ и „вистинскиот владетел на Катар“. Нејзината фасцинација со модата влијаела и на нејзините деловни одлуки. Во 2010 година, катарското кралско семејство ја купило култната стоковна куќа „Хародс“ во Лондон за 1,7 милијарди долари. Две години подоцна ја купиле италијанската модна куќа Валентино за повеќе од 857 милиони долари. View this post on Instagram A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser) „Покрај тоа што е исклучително убава, таа е позната и по својата мирна природа и џентлменското однесување. Ме замоли да „поправам“ дел од алиштата што ги нарача. Сакаше да додадам долги ракави на едниот фустан. Другиот фустан имаше длабоко деколте па таа ме замоли да го покријам“, изјавил дизајнерот Виктор Џенк за магазинот „О Глобо“. View this post on Instagram A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser) Моза Бинт Насер еднаш изјавила дека модата многу ја радува, а сите модни комбинации сама ги смислува и нема свој стилист. Потсетуваме, 63-годишната сопруга привлече внимание на почетокот на Мундијалот во еднобојна комбинација на Прада. Медиумите нејзината модна комбинација ја опишаа како „елегантна и моќна“. Инаку, во 2015 година беше прогласена за една од најдобро облечените жени на светот. View this post on Instagram A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser) Моза Бинт Насер е најпозната по нејзината работа во областа на образованието и здравството. Во 1995 година, таа ја основа Катарската фондација за образование, наука и развој на заедницата. Под нејзино претседателство, продолжува да работи на воспоставување на Катар како лидер во областа на образованието, науката и културата. Таа добила бројни меѓународни награди и голем број меѓународни почести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар Новиот министер за здравство Сашо Клековски попладнево ќе ја посети Општата болница - Гостивар откако повеќе граѓани во последните два дена со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. По извршениот надзор било утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, без одобрение поставена била пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдувачки систем. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
ФудбалАстрономски цени за финалето на Светското првенство, се бараат и повеќе од 60.000 евра за билет!Интересот за финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија ги подигна цените на билетите до неверојатни височини, па само најбогатите навивачи ќе можат да присуствуваат на спектаклот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси.Побарувачката за билети е огромна уште од завршувањето на полуфиналните натпревари, а цените на пазарот растат секојдневно. Според податоците од платформата за продажба и препродажба на билети, моментално најевтиниот достапен билет чини околу 7.400 евра, за место во горните редови на стадионот. За оние што сакаат најдобар поглед на теренот, цената достигнува и до 61.000 евра – сума што се бара за места веднаш до теренот, во најатрактивните сектори. Пред само неколку дена, најевтините билети можеа да се најдат за околу 2.000 евра, но поради огромниот интерес, цената оттогаш е повеќекратно зголемена. Билетите сè уште можат да се купат преку официјалниот систем на ФИФА, со претходна регистрација на веб-страницата на организаторот, а ФИФА нуди и официјална платформа за безбедна препродажба и размена на билети. Покрај стандардните седишта, во понудата се вклучени и луксузни ВИП-пакети. Најпрестижните зони „Pitchside Lounge“ и „Trophy Lounge“ се веќе распродадени, додека понудата „Champions Club“, која вклучува седишта веднаш до теренот, е сè уште достапна по цена од околу 20.000 долари.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Само газење за Видиновски“ – нови закани за новинарот на Канал 5!На социјалните мрежи повторно се појавија закани за физичко насилство кон новинарот Александар Видиновски, овој пат со повик за „газење“ под видео објавено од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.„Ај бе преку таквото со тој Видиновски… Што направил корисно, што снимал ѓубре?! Да не земал да исчисти? За џаболебари кои немаат што да направат во животот, само газење.“ Ова е содржината на последната закана јавно објавена на социјалните мрежи. „Газењето“ се препорачува под видео објавено на профилот на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Во последниот период зачестија заканите кон новинарот, а за овој и за сличните случаи поднесена е пријава до МВР. Досега неколку пати реагираа и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинари (МАН).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter