Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница
1Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница
3Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
3Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
ЗабаваСопругата на катарскиот емир има 7 докторати, важи за светска модна икона: Најкапото е најдоброМоза бинт Насер е жена која ги руши сите стереотипи, бидејќи е една од најобразованите жени во арапскиот свет, политичарка, голем миротворец и мајка на седум деца.Моза бинт Насер има 63 години, мајка на седум деца, баба на неколку внуци, сопруга на емирот на Катар и жена која е сериозен пример за елеганција и стил. Покрај неа, катарскиот емир има уште две сопруги, но Монзах се издвојува како најобразована, не само во нивната куќа, туку и во целиот арапски свет. View this post on Instagram A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser) Таа неколку пати нагласи дека најважна титула за неа е онаа на мајка на децата, а има пет сина и две ќерки. Кога имала само 18 години, се омажила за емирот на Катар во 1977 година. Во тоа време била студентка на Универзитетот во Катар, а дипломирала по социологија девет години по бракот. Мозах одлично го применува знаењето во пракса, таа е активна во многу организации, како што се Арапската демократска организација, Организацијата за образование, наука и развој на заедницата и разни програми за помош на децата, поради што се претставува како политичар и активист. View this post on Instagram A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser) Значајна е нејзината работа во „Фондацијата Катар“, со која раководи нејзиниот сопруг, кој го изгради „Градот на образованието“ во Доха и донесе американски факултети во Катар. Во Газа, Моза иницира изградба на голем број образовни институции, а нејзината работа доведе до тоа оваа жена да има седум почесни докторати. Сопругата на Моза често го придружува на неговите службени патувања. Светската јавност ја привлекува со својот беспрекорен стил, но и со својот став кој секогаш јасно го искажува додека држи говори во водечки политички и општествени институции. За неа се вели дека е најголемата љубов на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, а нивниот син Тамим, иако не е првородено дете на катарскиот владетел, е прогласен за престолонаследник и ја носи титулата актуелен емир. Свое мислење за стилот на првата дама на Катар имал и „Вог“, кој ја вброил во петте најдобро облечени жени во светот. „Venity Fair“ ја направиле најдобро облечена дама со сина крв, а за Џулиен Мекдоналд таа е уште една Џеки Кенеди. Моза е една од ретките дами која носи парчиња висока мода 365 дена во годината, а „Шанел“, „Живанши“, „Диор“ се нејзините омилени модни куќи. Нејзиното Височество купува парчиња кои чинат меѓу 20.000 и 30.000 долари, а специјално дизајнираната облека за неа може да чини и до 100.000 долари. Некои извори тврдат дека во нејзината резиденција се крие вистинско модно богатство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаДржавната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина БрвеницаДржавната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница.Државната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, од спроведен прв изборен круг, врз основа на податоците од записниците од Општинска изборна комисија Брвеница. Врз основа на податоците од доставените оригинални записници од избирачките одбори и Општинската изборна комисија, ДИК утврди дека од вкупно 16.256 запишани гласачи во заклучениот Избирачки список, правото на глас го оствариле 7.572 граѓани, односно 46,58%. Вкупниот број на важечки ливчиња изнесува 7.411, додека неважечки е 161 ливче. Според утврдените резултати од гласањето одржано на 18-ти октомври 2026 година, кандидатот Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција „Твоја Македонија“, освои вкупно 2.945 гласа (38,89%), Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција освои 2.152 гласа (28,42%), Јакуп Хусеини од Коалиција ВЛЕН освои 1.529 гласови (20,19%), Јовица Радески од СДСМ, Коалиција за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026, освои 707 гласа (9,34%), Душан Богдановски од Група избирачи Душан Богдановски освои 57 гласа (0,75%), и Арифе Идризи од Група избирачи Арифе Идризи освои 21 глас (0,28%). Со објавување на првичните официјални резултати тече рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите. Проговорите се поднесуваат преку архивата на ДИК, во рок од 48 часа од објавување на првичните резултати, односно најдоцна до 21.10.2026( среда) до 12.30 часот. Согласно член 148 став 2 од Изборниот законик, приговор за постапката за гласање се поднесува во рок од 48 часа по завршување на гласањето, односно најдоцна до 19.00 часот на 20.10.2026 година (вторник). ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на Државната изборна комисија, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги објави веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по завршување на нивната конечност а тоа значи 24 часа по завршување на целата постапка по приговорите, соопштуваат од ДИК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ ги продолжува контролите на зелените пазари, досега запленети 5 тони небезбедна храна Пет тони небезебедна храна, овошје и зеленчук биле запленети на пазарите во Ѓорче Петров и Зелен пазар, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Првиот човек на АХВ Оливер Миланов, објаснува дека станува збор за спречување на нелегална продажба на храна надвор од организираните пазарни простори. За продавачите внатре во пазарите е во ред и треба да има контрола, објаснуваат дека тие плаќаат годишно за една теза шест илјади денари, а мораат да земаат и до три четри тезги, а плаќаат и други давачки. И купувачите велат дека надвор од пазарите цените се по 20 денари поевтини. Од АХВ најавуваат продолжување на контролите на локациите околу пазарите. И покрај забраните денеска повторно на тротоарите се продаваа производи. Продавачите објаснуваат дека тие продаваат неколку дена и немаат исплатливост за земање на тезга. Инспекторите потенцираат дека самото продавање надвор од пазарите не значи дека секој производ е небезбеден, но непознатото потекло и несоодветните услови за чување се причини за претпазливост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСудење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случајОбвинителството го оспорува ангажманот на вештакот Петре Русески кој по барање на одбраната го работеше градежното вештачење за случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. На денешното рочиште за пожарот во судницата во Идризово, обвинителката Наташа Сарамандова рече дека вештакот Русевски бил обвинет за лажен исказ во друг случај, па го повика Русевски самиот во судницата да одговори дали треба да биде изземен во ова вештачење. -Јавното обвинителство пред да ангажира вешто лице во постапката прави проверки – Дали против него се води постапка или било осудувано тоа лице. Па очекуваме тоа да го прават и другите странки во постапката. Бидејќи е обвинет за лажно вештачење, Русески самиот да каже дали треба да биде изземен од случајот. – Обвинителство. Русевски во судницата потврди дека против него и уште неколку вештаци се води друг случај за лажно вештачење, но рече оти смета дека тој не треба да биде изземен од овој случај. -Да, така е. Сите работиме по закон. Инаку 11 вештаци се обвинети за лажен исказ, врз основа на изјава на еден вештак. И тоа е обвинение што две години нема рочиште. Не сметам дека треба да бидам изземен.- Градежен вештак Петре Русевски. На овие обвинувања на обвинителството реагираше и одбраната – велат дека обвинителите го малтертираат и навредуваат вештакот, бидејќи всушност немаат релевантни прашања за него. Русевски денеска одговарајќи на прашања, меѓу другото, рече и дека материјалите во дискотеката не придонеле за побрзо ширење на пламените јазици, како и дека не може да се согласи дека била направена градежна реконструкција во дискотеката, во периодот кога таа се реновирала. Судењето за пожарот во дискотеката Пулс во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени со изведување на докази на одбраната, ќе продолжи на 21 октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook