Сопругата на Канје Вест повторно шокира: Прошета гола во проѕирен мантил (ФОТО) - Канал 5

Сопругата на Канје Вест повторно шокира: Прошета гола во проѕирен мантил (ФОТО)

За повеќето луѓе, мантилот е од суштинско значење кога кампуваат и кога врне силен дожд.

Сопругата на Канје Вест повторно шокира: Прошета гола во проѕирен мантил (ФОТО)

Сепак, за сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, таа е само моден детаљ кој го привлече вниманието, објави ТМЗ.

Имено, сопругата на раперот беше фатена пред неколку дена на улиците на Лос Анџелес, кога облекла целосно проѕирна кабаница под која не носела ништо. Но, воопшто ништо.

За среќа, на мантилот имало нитни кои служеле за делумно покривање на интимните делови, но безуспешно, па Бјанка сепак се обидела да ги покрие со раката.

Инаку, цело време друштво ѝ правеше токму Канје, кој никогаш не ја испушташе од очите и ја држеше за рака.

Преку лицето во црна боја ја носел маската со својот потпис, која ја искомбинирал со сако во иста боја, над која носел кафено пончо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

На денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. 

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“.

Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година.

Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година.

„Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот.

Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир.

Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити.

Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините,

На Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол ги запали трибините со својот атрактивен изглед и минијатурна вратоврска. 

Фото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините,

Хрватската фудбалска репрезентација со години ниже големи успеси, а на трибините секогаш ја следи најпознатата навивачка Ивана Кнол, која „освојуваше“ со својот стајлинг- вратоврска над намачканите бујни гради.

Но, вчера атрактивната Ивана не успеа да им помогне на своите соработници на зелениот терен да остварат успех во контроверзниот дуел во Португалија.

Хрватите доживеаја елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада – и тоа на крајно болен начин – а на тој натпревар присуствуваше Ивана Кнол.

Фоторепортерите ја следеа уште од моментот кога пристигна на стадионот во Торонто, неколку часа пред почетокот на натпреварот, а таа, како и секогаш, со задоволство позираше пред нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство

Мегапопуларниот пејач Џастин Бибер би можел да настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, преговорите меѓу претставниците на ФИФА и пејачот се во тек, објави денес TMZ. 

Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство

Бибер би се придружил на низата ѕвезди кои учествуваат во големото финале на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси на 19 јули, вклучувајќи ги Мадона, Шакира и поп-групата BTS.

Џастин и Хејли Бибер, исто така, беа во центарот на вниманието на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Инглвуд, Калифорнија, каде што пејачот дури и ги изненади ВИП гостите со изведба зад сцената на неговиот хит „Јукон“.

Потенцијалното појавување на Бибер на финалето на Светското првенство следи по неговото неодамнешно враќање на настапите во живо по четиригодишна пауза направена за да се фокусира на неговото здравје, објави TMZ.

Се очекува спектаклот на финалето на Светското првенство да се продолжи надвор од стандардниот интервал од 15 минути на полувремето и да го поддржи Глобалниот фонд за граѓанско образование на ФИФА - иницијатива чија цел е да се соберат 100 милиони долари за образование и пристап до фудбал за децата ширум светот, објави Танјуг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер