Сопругата на Брус Вилис: Докторите неговата болест ја нарекуваат „друга деменција“ (ВИДЕО) - Канал 5

Сопругата на Брус Вилис: Докторите неговата болест ја нарекуваат „друга деменција“ (ВИДЕО)

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, ја сподели својата фрустрација поради фронтотемпоралната деменција (ФТД) која некои лекари ја нарекуваат „друга деменција“.

Сопругата на Брус Вилис: Докторите неговата болест ја нарекуваат „друга деменција“ (ВИДЕО)

Ема ја подигна свеста за ФТД откако на нејзиниот сопруг Брус му беше дијагностицирана оваа состојба, која семејството на пензионираниот актер ја сподели со неговите обожаватели уште во февруари. Нејзините напори околу болеста вклучија и промовирање на Светската недела за подигање на свеста за FTD од 24 септември до 1 октомври, што таа неодамна го објави на нејзиниот профил на Инстаграм.

Ема ја одбележа неделата на свеста во видео споделено во понеделникот. „Светската недела за подигање на свеста за FTD заврши, но знаете дека нашата работа не застанува тука. Се чувствувам како само да ја гребам површината“, рече Ема.

„Имам толку многу причини зошто ја подигам свеста. На крајот на денот, она што би сакала да го видам е лек, третман за оваа болест. И ако не проговориме, тие ќе нѐ игнорираат.“, додаде таа. Ема го објави следното прашање на нејзината приказна на Инстаграм, изразувајќи ја својата фрустрација од терминологијата што таа рече дека ја користат лекарите.

„Само ќе ве оставам со уште една работа затоа што во моментов сум изнервирана. Кога лекарите или медиумите зборуваат за деменција, тие ќе кажат „Алцхајмерова болест и други деменции“. Значи, ФТД е „уште една деменција“ и дозволете ми да ти кажам нешто за таа болест; таа е вистинска, таа е таму, и ќе те клекне на колена“, продолжи таа.

„Мислам дека е апсолутна лоша услуга и апсолутно непочитување да се стават овие „други деменции“ во таа категорија. Мислам дека е навистина важно да знаеме кои се болестите како Lewy body и FTD. Наречете го како што е затоа што тука лежи конфузијата „Кога луѓето мислат на деменција, тие автоматски помислуваат на Алцхајмерова болест. Не сакам повеќе да ја гледам оваа болест и нашите „други деменции“ под тепих“, рече Ема.

Нејзините мисли се споделија со многу истомисленици, кои се согласија дека е потребно повеќе образование за различните форми на деменција. Според Светската здравствена организација, деменцијата е „поим за неколку болести кои влијаат на меморијата, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните активности“. Здравствената агенција наведува дека Алцхајмеровата болест е „најчеста форма“, но забележува дека постојат различни форми на деменција, наведувајќи ги истите примери што ги споменува Ема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер