Сопругата на Арбен Таравари на 7 февруари се вработила во Министерството за образование - Канал 5

Сопругата на Арбен Таравари на 7 февруари се вработила во Министерството за образование

Сопругата на претседателскиот кандидат на албанската опозиција и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на 7 февруари е вработена во Министерството за образование.

Сопругата на Арбен Таравари на 7 февруари се вработила во Министерството за образование

Според одлуката, до која што дојде Канал 5 , Нора Таравари е вработена на местото помошник раководител на сектор за еквиваленција и нострификација во Министерството за образование.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија

Урнати дрва, паднати бандери, оштетени електрични водови и уништени возила – ова е епилогот од силното невреме кое синоќа го зафати источниот и југоисточниот дел на земјава. 

Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија

Најпогодени беа Струмица, Радовиш, Делчево, Дојран и Куманово, каде покрај материјални штети, беа предизвикани и сериозни проблеми во сообраќајот.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски во изјава за Канал 5 вели дека освен материјална штета, нема повредени граѓани, а во расчистувањето на последиците од невремето се вклучила и Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, како и екипи со специјализирана механизација“.

Невремето во Стар Дојран оштети натстрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, а откорна и десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации. Градоначалникот Илија Тентов вели дека од рано утринава се работи на расчистување на последиците од невремето, а животот во Дојран денеска нормално се одвива.

Краткотрајна појава на невреме од УХМР најавуваат и за следните денови. Од таму сепак, велат дека за викендот се очекува стабилно и топло време.

И додека се санираат последиците од синоќешното невреме, надлежните повторно апелираат на внимателност, граѓаните да ги следат предупредувањата и да избегнуваат непотребни движења на отворено за време на силен ветер и невреме.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ноќен пожар во Чаир: Целосно изгоре еден автомобил, оштетени уште две возила и локал

Ова се остатоците од ,пожарот кој сведочат за тоа што се случуваше на ова место во 4 часот изутрина.

Ноќен пожар во Чаир: Целосно изгоре еден автомобил, оштетени уште две возила и локал

Пукање на стаклата на запелените возила ги разбуди жителите на улицата Џон Кенеди во скопски Чаир. Сведоците на настанот велат дека во помош да се изгасне пожарот истрчале и локалните жители кои со ПП апарат се обиделе да ги изгаснат запалените возила.

Се чистат остатоците од опожарените возила кои предизвикале материјална штета врз станбената зграда зад мене а во воздухот се уште се чувствува мирисот на чад. Локалните жители зад камерата велат дека не паметат ваков инцидент на оваа улица.

Според официјалните информации опожарени се три, а пожарот предизвикал оштетување и на фасадата на станбена зграда до која биле паркирани возилата. Сведок на настанот чиј идентитет е познат на редакцијата, за Канал 5 тврди дека палењето на возилото настанало откако по меѓусебна расправија две лица фрлиле молотови коктели, а пожарот набргу и се проширил. Од МВР пак информираат дека се истражуваат причините за пожарот.

-Околу 04:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на ул.„Џ.Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(34). Од пожарот зафатени биле и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Од пожарот оштетен е дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и за расчистување на случајот.- МВР

Инаку, ова не е прв случај на опожарувањето на возила низ главниот град. за последниот сучај истрага ќе ги покаже точните мотиви.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Билатералните односи да се кренат на повисоко ниво, да се продлабочат политичкиот дијалог, економската соработка и трговската размена од 133 милиони да порасне на 500 милиони долари

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Билатералните односи да се кренат на повисоко ниво, да се продлабочат политичкиот дијалог, економската соработка и трговската размена од 133 милиони да порасне на 500 милиони долари- ова било во фокусот на средбата меѓу македонската и индиската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова и Друпади Мурму во Скопје. На првата официјална посета на земјава откако се воспоставени дипломатски односи меѓу двете држави, претседателката на Индија беше пречекана со највисоки државни и воени почести, тет-а-тет и билатерален состанок меѓу делегациите. На прес конференција со Сиљановска ги кажаа амбиционзните цели за во иднина, нашата претседателка добила покана за во Њу Делхи, а изразија надеж и дека пријателските односи ќе бидат потврдени со отворање на резидентна амбасада на Индија во Скопје.

-Нашите две нации ги поврзува исклучителната врска преку една од најголемите хуманитарки што светот ги познавал – Света Мајка Тереза. Родена во Скопје, таа го посвети својот живот на народот на Индија и стана универзален симбол на човечноста. / Со претседателката Мурму го споделив моето уверување дека треба да си поставиме заедничка, поамбициозна, но остварлива цел – во следните пет години билатералната трговска размена да достигне барем 500 милиони американски долари,- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија.

-Со оваа посета се потврдени пријателските врски, споделените вредности и взаемната почит меѓу двете нации. Целта е да се промовира поинтензивна трговска размена и инвестиции, како и да се охрабри соработката меѓу бизнис заедниците. Исто така, се согласивме да ја прошириме билатералната трговија на двојно од сегашниот обем,- Друпади Мурму – претседателка на Индија.

По средбите во претседателската вила, Мурму го посети и гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас кадешто положи цвеќе.

Индиската претседателка попладнево учествува и на македонско-индискиот бизнис форум, а утре заедно со Сиљановска ќе ја посетат спомен куќата на Мајка Тереза и Музејот на Град Скопје кадешто ќе ја откријат новата биста на Махатма Ганди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер