Шоу бизСопруг на холивудска ѕвезда објави дека чекаат бебе Холивудската актерка Скарлет Јохансон и нејзиниот сопруг Колин Џост чекаат бебе.Информацијата дека славната актерка е бремена ја сподели со јавноста нејзиниот сопруг Колин, кој го откри ова во неговиот стенд-ап настап. Од возбуда, не можел да ја зачува веста, па јавно ја кажа. Пред неколку месеци се шпекулирало дека Скарлет е бремена, за што таа не коментирала, но сега Колин официјално го потврди тоа на еден од неговите стенд-ап настапи, пренесува Мирор. „Ќе имаме бебе и тоа е неверојатно“, возбудено изјави Колин за време на неговиот настап во Кентаки. Двојката е во брак од 2020 година, по тригодишна врска, а Скарлет ја има шестгодишната ќерка Дороти, од првиот брак со францускиот новинар Роман Дуриак. Бидејќи Скарлет не се појавува на промоции и настани поврзани со новиот филм на Марвел „Црна вдовица“, во кој ја игра главната улога, а исто така е и извршен продуцент, јавноста почнала да се сомнева дека актерката е во благословена состојба, и сега е официјално потврдено. View this post on Instagram A post shared by Scarlett Johansson (@scarlett.actress) Колин и Скарлет се венчале во Њујорк во нејзината куќа минатиот октомври, на мала и интимна церемонија, а корона вирусот ги ограничи за местото на настанот, па решија да прослават во најтесниот круг на семејството и пријателите каде што секој ќе се чувствува опуштено и безбедно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИталијански војници од елитните единици се на улиците на Милано Петстотините војници кои ќе бидат распоредени во Милано од следните неколку дена до крајот на годината се членови на падобранската бригада Фолгоре од Сиена.Нивното распоредување ќе се одвива во законските рамки на проектот „Страде Сикуре“ („Безбедни улици“). Нивното распоредување ќе го одлучи префектот на Милано, по консултација со началникот на полицијата, кој ќе побара начинот на нивното распоредување да се одреди според потребите, од патролирање до стационарен надзор. Затоа, нема да има посебен пропорционален однос помеѓу распоредувањето на падобранци, кои ќе можат да извршуваат исклучиво задачи од јавната безбедност, и распоредувањето на полициските сили, кои исто така имаат овластувања на судска полиција. Според достапните информации, може да се предвиди и распоредување на војници специјализирани за управување со беспилотни летала. Одлуката за распоредување на 500 падобранци од елитната бригада Фолгоре во Милано е донесена како одговор на насилството, грабежите и вандализмот за време на протестите на 17 и 18 октомври, но и поради стравувањата дека немирите би можеле да се повторат во текот на наредните викенди. Италијанската влада сака да го зголеми присуството на безбедносните сили во градот до крајот на годината.Тагови: Милано Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Париз се воведени строги мерки за да се спречат грабежите и вандализмот за време на протестите Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро.Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро, како дел од зголемените безбедносни мерки поради најавените протести и стравот од нови инциденти, објавува LeFigaro.fr. Според одлуката на полициските власти, на сите лица, без разлика дали се возрасни или малолетни лица, им е забрането да бидат на јавни места во областа на Плоштадот на Републиката и квартот Ле Хол во текот на ноќта, од 23 часот до 6 часот наутро следниот ден. Оваа мерка е на сила од 22 до 25 октомври. Conformément aux instructions du Premier ministre @SebLecornu et du ministre de l’Intérieur @NunezLaurent, le @prefetpolice a pris un arrêté portant couvre-feu, interdisant la présence des majeurs comme des mineurs, dans les périmètres de la Place de la République et du secteur des Halles chaque jour entre 23h et 6h le lendemain, du 22 au 25 octobre. — Préfecture de Police (@prefpolice) October 22, 2026 Одлуката е донесена во време на зголемени тензии во Париз, по насилните судири, грабежите и судирите меѓу демонстрантите и полицијата во последните денови. Француските власти се обидуваат да спречат повторување на немирите и да ги заштитат граѓаните, бизнисите и јавниот имот, додека низ целата земја се очекуваат нови собири. Сè уште не е објавено дали полицискиот час ќе биде продолжен и по понеделник наутро. Надлежните органи продолжуваат да ја следат безбедносната состојба, а можни се дополнителни мерки во зависност од развојот на настаните.Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон"Денот го завршуваме со една убава вест" - напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт. " Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај. Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час. Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници,"- објави Николоски. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook