КултураСопранистката Милена Арсовска со главна улога во чешката опера „Бура"На сцената на Моравскослезскиот театар во чешкиот град Острава вечет ќе биде изведена премиерата на операта „Бура“ во која една од главните улоги ја има македонската оперска певица Милена Арсовска, јави дописникот на МИА.Операта „Бура" во 1895 година ја напишал композиторот Фибих Здењек, кого го нарекуваат чешки Вагнер, на адаптиран текст од истоимената Шекспирова драма, а на чешката сцена се враќа по 47 години. Претставата во себе ја крие животната приказна на Просперо, избрканиот поранешен војвода од Милано, кој живее на магичен остров опкружен со езотерични книги, но истовремено ја крие и приказната на Шекспир, за која критичарите сметаат дека токму таа е збогување со уметничкиот свет. - Го толкувам ликот на духот Ариел, кој е напишан за женски глас, колоратурен сопран, но во машко тело. Со интересни движења, спори, брзи и на некој начин нестварни или воздушести, Ариел е постојано на сцената. На моменти зол, на моменти комичен и романтичен му слугува на Просперо со цел да ја добие својата слобода, изјави Арсовска за МИА. Таа додаде дека пее на чешки јазик, уживајќи во прекрасната музика. Со поставувањето на „Бура", оперскиот ансамбл на чешкиот Национален театар се вклучува во проектот „Шекспир Острава 2016", со кој се одбележува 400-годишнината од смртта на големиот писател. - Навистина сум среќен, дека можам да учествувам како творец на една од Шекспировите инсценации. Оваа извонредна оперска обработка на последната претстава на Шекспир на либрето на Јарослав Врхлицки во Острава беше слушната пред 69 години, вели директорот и режисер на операта Јиржи Неквасил, за кого враќањето на претставата е голем предизвик, одговорност и особена радост. Арсовска, која живее и работи во Виена, минатата година, на главната сцена на Народниот театар во Прага, ја пееше главната улога во операта „Славеј“ од рускиот композитор Игор Стравински. Сопранистката Милена Арсовска дипломирала на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистерските студии по оперско пеење ги завршила во Виена. Дебитирала на 17 години на сцената на Македонската опера и балет. Покрај во Македонија и Австрија, има настапувано и во Шпанија, Италија, Германија, Швајцарија, Шведска, Холандија, Малта, Франција, Јапонија и во САД. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЗабаваКога обврските ја потиснуваат романтиката – Како повторно да внесете блискост во односотСтресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост. Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот. Зошто стресот влијае на желбата за интимност? Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот. Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти. Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација. Како повторно да се разбуди блискоста? Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат. Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг. Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето. Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот. Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос. Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44