3Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност?
МакедонијаСоопштение од Советот на амбасадори за Резолуцијата на Европскиот ПарламентСоветот на амбасадори со особено внимание го следеше усвојувањето на Резолуцијата на Европскиот парламент за земјата, во врска со извештаите на Европската комисија за 2023 и 2024 година, што се одржа на 9 јули 2025 година.Јавната дискусија по усвојувањето на Резолуцијата, разбирливо се фокусираше на прашањата поврзани со македонскиот јазик и идентитет. Советот на амбасадори со неодобрување ја прими усвоената верзија на Резолуцијата и изразува длабоко жалење што од завршниот текст беа отстранети формулациите кои што претходно експлицитно ја реафирмираа европската потврда на македонскиот јазик и идентитет. Овие прашања се суштински за достоинството на македонскиот народ и чувствителни за пошироката јавност, и токму затоа нивното присуство во европските документи има важно значење. Во овој контекст, Советот потсетува на членот 2 од Договорот за Европската Унија, кој утврдува дека „Унијата е основана врз вредностите на почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и човекови права, вклучително и правата на лицата што припаѓаат на малцинства“. Врз овие темелни вредности, нашата земја ја гради својата определба за полноправно членство во Европската Унија – како рамноправна држава со сопствен идентитет и достоинство. Истовремено, Советот нотира дека во Резолуцијата не се вклучени формулации што би го довеле под прашање статусот на македонскиот јазик – јазик кој одамна е кодифициран, признат и употребуван во сите релевантни меѓународни институции, вклучително и Обединетите нации и Европската Унија. Советот, исто така, нагласува дека Резолуцијата ги нотира состојбите со реформите, институционалниот капацитет и владеењето на правото во земјата. Европскиот парламент, како наш партнер, упатува јасни и конструктивни забелешки и препораки во клучни области – како што се борбата против корупцијата, зајакнување на независноста и ефикасноста на судството, деполитизирана и професионална јавна администрација, медиумските слободи, заштитата на човековите права, како и справувањето со дезинформации и корозивни влијанија. Овие прашања не се само дел од обврските на патот кон членство во Европската Унија, туку и предуслови за градење на праведна, демократска и економски просперитетна држава. Советот на амбасадори смета дека националниот консензус треба и понтаму да ги опфаќа и прашањата поврзани со идентитетот и со суштинските реформи, бидејќи и двете се клучни за европската перспектива на државата. Патот кон Европската Унија бара реални и одржливи реформи, засновани врз меѓупартиски дијалог, институционална отчетност и доследна примена на европските стандарди. Нивната доследна имплементација ќе ја зајакне довербата на граѓаните и ќе го одржи кредибилитетот на државата пред европските партнери. ИЗВРШЕН ОДБОР НА СОВЕТОТ НА АМБАСАДОРИТагови: Советот на амбасадори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид30 дневен притвор доби Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара во Охрид. Од обвинителството информираат дека барањето за притвор следувало по проширувањето на обвинението од едно на три кривични дела. Обвинението опфаќа телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.одлуката е донесена врз основа на дополнителни докази собрани во истрагата. Обвинителството оценило дека постои опасност обвинетиот да го повтори насилството.нападот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. Според МВР, расправијата започнала во домот, а продолжила во автомобилот, каде жената била физички нападната.таа изгубила свест и била пренесена во болницата во охрид, а потоа во „Свети Еразмо“. Корабоски бил лишен од слобода во 5 и 05 часот. Претходно му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до оштетената. Адвокатот владимир туфегџиќ вели дека самиот факт што доаѓа до драстична промена на мерката остава сомнеж. Вели дека малите локални средини создаваат големна локална моќ, затоа според него републичкото јавно ообвинителство треба да го преиспита случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПилот на српската војска загина во пад на воен авион кај Стара Пазова (ВИДЕО)Министерството за одбрана објави дека авион МиГ-29 на српската армија, дел од 204-та воздухопловна бригада, се урна утрово околу 8:45 часот во близина на Стара Пазова, при што загина пилотот, мајор Горан Булајиќ.Според соопштението на Министерството, воената полиција веднаш пристигнала на местото на несреќата, а за трагичниот настан бил известен и надлежниот обвинител. За да се утврдат сите факти, формирани се две комисии - комисијата за истражување на вонредниот настан, чија задача е да ги утврди околностите на несреќата и евентуалната одговорност на воената организација, како и експертската комисија на воздухопловните сили, која ќе ги испита техничките причини за авионската несреќа. Пилотот кој загина, мајор Горан Булајиќ, е роден на 25 март 1973 година во Белград и бил во професионална служба во српската армија од 1996 година. Зад себе оставил две деца. View this post on Instagram A post shared by SERBIA LIVE - VESTI (@serbialive_vesti) По повод оваа трагедија, министерот за одбрана Братислав Гашиќ и заменик-началникот на Генералштабот на српските вооружени сили и командант на воздухопловните сили и силите за противвоздушна одбрана, генерал-потполковник Тиосав Јанковиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на загинатиот пилот. Генерал-потполковник Јанковиќ по несреќата отиде на местото на настанот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност? Доста е од системски жртви, насилство врз жени, фемциди. Доста е од непостапувањата на Министерството за внатрешни работи, заштита на насилници, неказнивост само затоа што некој има врски со оваа криминална власт на локално или на централно ниво. Уште колку жртви се потребни за некој од власта да понесе одговорност? Панче Тошковски има најголема политичка одговорност за потфрлување на превенцијата за непостапување на МВР и заштита на криминалците. Одамна требаше да си поднесе оставка, а не да чека. Позади секоја жртва на фемцид стојат бројни нерасчистени пријави и непостапувања. Последниот случај со насилството врз Сара од Охрид повторно потврди дека институциите не функционираат, не ја гарантираат безбедноста на жените и служат само како инструмент на власта за заштита од одговорност. Да не беше брзата гневна реакција на граѓаните, на невладините организации, на СДСМ, ќе ја видевме старата шема на ВМРО. Жртвата во болница и страв за својот живот, а насилникот на слобода поради врски со локалните ВМРО-вски функционери. Затоа го ослободиле да си оди дома. Па откако јавноста гневно реагираше, под притисок се загрижија за себе и реагираа. Го сменија обвинителот, сменија одлука. Одеднаш им текна на нови околности и го однесоа во притвор. Тоа не е систем. Тоа е партиска контрола која работи по наредби од горе. Има бројни примери - Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид. Безбедноста на жените не смее да биде калкулација на ВМРО. Мицкоски, Тошковски, Савески - бараме проширување на истрагата. Насилникот од Охрид не е сам. Има родители кои сугерирале да се ослободи од делото и да го заташкаат. Има обвинител кој не постапил. Бараме најстроги казни за насилникот и за сите соучесници кои му помагале да го прикрие делото, доказите, извештаите или ја попречувале правдата. Бараме одговорност за сите пропусти и санкции за МВР, обвинителство, суд. Како пратеничка група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалиционите партнери бараме итно донесување на заклучоците од надзорната расправа кои ќе овозможуваат функционалност на системот, не со укажување, не со препораки, туку со задолжување на институциите. Итно ставање на дневен ред на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените кои стојат во фиока од август месец. Итна седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со присуство на Тошковски и Савески. Како жени нема да молчиме, туку силно ќе се спротивставиме. Нема да прифатиме во Македонија жените да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи. Државата мора да биде посилна од насилството, а институциите мора да бидат на страна на жртвите, рече Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter