Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЗдравјеСоопштение на Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицинаЈа поздравуваме Одлуката на министерот за здравство за времено прекинување на редовната работа на стоматолошките ординации поради пандемијата со COVID -19 . Ваквата Одлука Министерството ја донесе согласно одредбите од Законот за здравствена заштита кои се однесуваат на работа на Министерството и здравствените установи во вонредни околности . Конкретно е применет и Член 213 од Законот, спрема кој работата на ЗУ од областа на стоматологијата се приспособува за работа во вонредни околности и тоа во организација и координација со Здравствените домови на територијата на Државата. Сосема е извесно дека во доста здравствени домови постојниот број на тимови кои пружаат итна стоматолошка заштита во нормални услови нема да можат да ја извршуваат работата во ново настанатата состојба и потребата од ангажирање и на тимови од ПЗУ ќе биде неминовна. Согласно Законот, во услови на вонредна состојба министерството може да ги ангажира сите постојни кадровски потенцијали таму каде што е најпотребно. Затоа , почитувани колеги да бидеме спремни да помогнеме на Здравствените домови со својот кадар , па и со своите ординации ако за тоа добиеме налог од Министерот . Впрочем за вакви мерки и вакво приспособување на работата на стоматолошката служба, ЗПЗСУ ПДДМ се залагаше и јавно предлагаше уште пред десетина дена . Секако дека примарна задача и цел на сите нас како здравствени работници е професионално да ја извршуваме својата работа и да им помогнеме на пациентите да не страдаат од акутно појавените болни состојби , максимално да се заштитеме од ризикот на заразата со вирусот , но и да спречиме ширење на вирусот преку нашата работа . Истовремено треба да бидеме спремни ако епидемијата добие неочекувано поголеми димензии , согласно Член 285 од ЗЗЗ , некои од нас да бидат распоредени и на други задачи при справување со епидемијата , односно задачи кои не се поврзани со нашата редовна дејност . Епидемијата ќе помине, сите ние се бориме да се плати најмалата цена со човечки загуби , тешко е да се прогнозира точно таа цена , ама цената која ќе ја плати цело општество на економски и социјален план со сигурност ќе биде висока . Во услови кога сите дејности ги најавуваат своите загуби и бараат помош преку мерките кои ги превзема Владата , мораме и ние да ги истакнеме финансиските импликации врз ПЗУ поради кризата со корона вирусот . Прво , поголемиот број на ПЗУ во мрежата имаат мал број на пациенти и приходите по основ на капитација не овозможуваат исплата ни на минимална плата за вработените , а да не збориме и за фиксните месечни расходи . Во услови кога ординациите не работат , овие ПЗУ не се во состојба да остварат никакви дополнителни приходи , кои во нормални услови донекаде ја ублажуваат матерјалната состојба. Поради тоа уште еднаш го актуелизираме предлогот на Здружението доставен до ФЗО , за месеците на криза на сите ПЗУ во мрежата да им исплатува иста сума по тим на солидарен принцип , се разбира освен на оние кои ќе бидат ангажирани со активна работа во приспособени услови во вонредни околности. Второ , да не ги заборавиме ПЗУ од областа на стоматологијата кои работат надвор од мрежата . Тие ќе бидат и најтешко погодени од кризата во матерјална смисла , бидејќи нивниот извор за економски опстанок се само средствата наплатени од пациентите за извршени услуги. Во овие услови услуги не можат и не треба да прават , а треба да преживеат . За нив мора да бараме помош преку општите мерки на Владата за ублажување на финансијските штети од епидемијата кај други дејности . Најблиско за споредување се штетите во туризмот и угостителството . Не располагаме со точни податоци колку ПЗУ и со колку тимови работат надвор од мрежата. Ваков податок баравме од Министерството, ама за жал не го добивме . Затоа ги молиме сите колеги основачи на ПЗУ кои работат надвор од мрежата , да се пријават на Мејлот на Здружението или на Фејзбух страната на здружението . Сакам да ги слушнеме и нивните предлози. Истото важи и за ПЗУ заботехнички лаборатории , кои ќе доживеат финансијски колапс, бидејќи и тие опстојуваат исклучиво со своите услуги . И за нив сме должни да бараме какво такво санирање на состојбата , па затоа ги молам да се пријават на иста адреса . Трето , уште еднаш упатувам апел до ФЗО да го замрзне процесот на промена на матичен стоматолог за време на вонредната состојба и кризните месеци . Четврто , уште еднаш упатувам апел до раководството на Стоматолошката комора да не молчи по предлогот на Здружението за ставање на мораториум на КСУ за 2020 год. и сите доктори стоматолози да добијат по 20 едукативни бодови , потребни за обновување на лиценцата за работа . Почитувани колешки и колеги , не се сомневам дека сите ќе бидеме на висина на задачата во ова тешка состојба за земјата и големите напори кои треба да ги издржи здравствениот систем . Чувајте го своето здравје , само така ќе го чувате и здравјето на пациентите . Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицинаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44