Вечерва во последниот меч од втората фаза црвено жолтите беа достоен противник на големата Франција иако на крајот беше запишан вториот пораз во шестиот мундијалски напревар.
Црвено-жолтите по шесте средби на СП 2025 година и остварениот скор од две победи, две реми и исто толку порази може да се каже дека одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.
И вечерва наш најдобар стрелец беше првиот мундијалски снајпер Филип Кузамановски со 8 погодици, а признанието најдобара поединец на мечот заслужено заврши во рацете на младиот плејмејкер Марко Митев.
По вечерашниот пораз од Франција, македонскиот национален тим дуелите во Главната фаза ги заврши на 4 место со 4 поени исто колку што имаше и селекцијата на Австрија. На првите три позиции се Франција, Унгарија и Холандија.
И покрај поразот, честитки за борбената,мотивирана и квалитетна игра заслужува целиот македонски тим од најсиксуниот голманот Митревски,преку капитенот Кузмановски до најмладите Атанасијевиќ, Галевски, Митев...
Нашата најдобра селекција Светскиот шампионат на крајот ќе го заврши на позиција од 13- до 16 место , најверојатно како 15 репрезентација на Светот, што секако е одличен пласман за овој наш подмладен тим.
Македонија според игрите во Вараждин и покажаниот квалитет, бевме рамновравен ривал на сите противници и на оние од врвот на европскиот и светски ракомет, може да се каже дека доби тим за долг период . Шесте мундиајлски средби сигурно ќе значат многу во иднина за нашите млади репрезнативци, Митев, Ѓоргиев, Џоновс, браќата Атанасијевиќ, Галевски и останатите.