Сообраќајот тековно, по влажни коловози - Канал 5

Сообраќајот тековно, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот тековно, по влажни коловози

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

Македонскиот претставник од Атина донесе четири голови предност.

Тренерот Кирил Лазаров побара да не се создава еуфорија и неговите избраници без притисок да влезат на средбата.

- Стигнавме до финале важно за Алкалоид и за македонскиот ракомет. Имаме одлична предност од 4 голови. Сепак, секогаш сум претпазлив, треба порелаксирано да го дочекаме натпреварот. Не сакам моите играчи да бидат под притисок. Утре одиме во карантин и верувам дека подготвени ќе го дочекаме реваншот, изјави Лазаров пред дуелот.

На денешната прес-конференција своите очекувања ги кажа и голманот Иван Галевски кој во Грција одбрани пет пенали од шесте досудени за АЕК.

- АЕК е искусна и силна екипа. Нема да ни биде воопшто лесно. Но ние ќе ја имаме поддршката од нашиот осми играч - публиката. Верувам дека на крајот ќе го кренеме пехарот, изјави Галевски.

Натпреварот Алкалоид - АЕК ќе се игра в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот. Од Алкалоид апелираат на фер и спортско навивање во текот на целиот натпревар.

Пролетна сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон

Во градот Дејтон во американската сојузна држава Охајо денеска започнува четиридневната Пролетна сесија на Парламентарното собрание на НАТО.

Пролетна сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон

Во градот Дејтон во американската сојузна држава Охајо денеска започнува четиридневната Пролетна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, на која главни теми ќе бидат зајакнувањето на мирот на Балканот, обезбедувањето праведен и траен мир во Украина и засилувањето на Алијансата.

Во пресрет на сесијата, претседавачот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело истакна дека покрај дебатата за овие три клучни приоритети, на сесијата ќе бидат усвоени и политички препораки за Самитот на Алијансата, што ќе се одржи кон крајот на следниот месец во Хаг.

Тие препораки, според Перестрело, ќе бидат да се извлечат поуки од Дејтонскиот мировен договор, да се зајакне и ребалансира НАТО и да се потврди непоколебливата поддршка за Украина.

Дополнително, предвиденото е членовите на Парламентарното собрание да дискутираат и за Нацрт-извештајот за Западниот Балкан насловен „30 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор“.

В понеделник треба да биде усвоена и Декларација за зајакнување на одвраќањето и одбраната на НАТО, со која ќе се препорача засилување на воените, технолошките и индустриските капацитети на Алијансата и обезбедување пофер распределба на товарот на одбранбените трошоци.

- На претстојниот самит во Хаг, НАТО мора да го прераспредели трансатлантскиот товар и одговорности, да ја зголеми отпорноста на сојузничките демократии и да обезбеди подобра одбрана од нападите врз нашите општества. Самитот мора да го зајакне и ребалансира НАТО, така што тој ќе остане суштински бедем што ги чува безбедни граѓаните на Европа и Северна Америка, додаде Перестрело.

Според најавите, на заседанието, меѓу другото, ќе стане збор и за кибер заканите, справувањето со дезинформациите, пристапот на НАТО кон Русија, соработката со партнерите од Индо-пацифичкиот регион и за безбедноста на Вселената.

Во работата на над 240-те пратеници од земјите членки и партнери на НАТО, вклучително и од Европскиот парламент, в недела и понеделник ќе им се приклучи и генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, кој ќе има обраќање на сесијата, а заедно со Перестрело ќе учествува и на панел-дискусија во рамки на заседанието.

Како што соопшти Прес-службата на НАТО, предвидено е Руте на маргините на заседанието да се сретне со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, со министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ и со членови на делегацијата на американскиот Конгрес во Парламентарното собрание.

Во пресрет на почетокот на Парламентарното собрание на НАТО, синоќа во Дејтон се одржа и свеченост по повод 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој во 1995 година беше ставен крај на војната во БиХ.

Шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, конгресменот Мајк Тарнер истакна дека Дејтонскиот мировен договор останува суштинска основа за стабилноста на Босна и Херцеговина и на Западниот Балкан.

- Дејтонскиот мировен договор се роди како гарант на мирот што се одржува 30 години во се уште кревка структура, изјави Тарнер.

Дејтонскиот градоначалник Џефри Мимс, пак, истакна дека духот на мировните договори потпишани во Дејтон треба да бидат инспирација за Парламентарното собрание на НАТО.

- Сите се тука со единствена цел - да се осигураме дека комуницираме и разговараме за проблемите во светот и како можеме да го одржиме и воспоставиме мирот, изјави Мимс.

МЗШВ: Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци

За Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство претставува приоритет редовното сервисирање на субвенции кон земјоделците.

МЗШВ: Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци

Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 лица.

Денеска се реализираше исплатата на подмерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир и се корисници од подмерка 1.4 од Програмата за 2024 година, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.

Разликата е воочлива, грижата кон земјоделците ја докажуваме со работа.

притисни ентер