Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини - Канал 5

Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ-Извештајот на Вајц: Реформи нема, а јазикот, културата и идентитетот не смеат да бидат доведувани во прашање

Извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, јасно покажува дека нема напредок во клучните реформи - владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата.

СДСМ-Извештајот на Вајц: Реформи нема, а јазикот, културата и идентитетот не смеат да бидат доведувани во прашање

Ова е уште една потврда на она што СДСМ го зборува месеци наназад.

Наместо реформи, владата на Мицкоски продолжува со политичка контрола врз институциите, јавно мешање во работата на обвинителството и создавање на атмосфера на страв и притисок.

Извештајот исто така јасно порачува дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет не смеат да бидат доведувани во прашање во процесот на европска интеграција.

Дополнително, извештајот нагласува дека билатералните прашања треба да се решаваат преку добрососедски односи и отворен дијалог, а не преку провокации и националистичка реторика која ги влошува односите со соседите.

Ова е директен одговор на сите обиди преку етнонационалистичка реторика и лажни дилеми да се блокира европскиот пат на Македонија.

Владата на Мицкоски и понатаму се обидува да ја претстави уставната измена како „уцена“ и закана по идентитетот, иако токму тоа е основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ и нема никаква закана за македонскиот идентитет.

Наместо да работи на исполнување на европските стандарди, таа продолжува со изолација и пропаганда.

СДСМ уште одамна порачува: доста е со изговорите.

Без уставни измени и без вистински реформи во правосудството, нема напредок кон Европа.

Граѓаните не заслужуваат лаги и манипулации - заслужуваат јасен пат кон подобра иднина.

Реформи сега. Европа сега.

Скопје, 05.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Тиват: Имав средба со Мерц исклучително сум задоволен, процесот на проширување е жив

Премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“во Тиват имал средба со германскиот канцелар Мерц. 

Мицкоски во Тиват: Имав средба со Мерц исклучително сум задоволен, процесот на проширување е жив

-Имав средба со германскиот канцелар Мерц, исклучително сум задоволен, процесот на проширување е жив, истакна премиерот Мицкоски кој воедно посочи дека синоќа по пристигнувањето во Тиват на вечерата разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Главна тема на Самитот и на разговорите меѓу лидерите е нон пејперот што вчера го објавија Германија и Франција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англиски репрезенативец желба на Манчестер Сити

Елиот Андерсон е цел на Сити, но клубот од Манчестер ќе мора  добро да го „отвори кесето“ за да дојде до неговиот потпис.

Англиски репрезенативец желба на Манчестер Сити

Добро познат факт е дека англискиот репрезентативец Елиот Андерсон е прв избор на Енцо Мареска за позицијата централен играч за врска во редовите на Манчестер Сити, но „граѓаните“ ќе мора да дадат се од себе за да го омекнат срцето на Нотингем Форест.

Како што објавува „Атлетик“, клубот на Андерсон ја одбил првата понуда на вицешампионот на Англија, со цел да стигне до рекордна сума за домашен играч.

Рекордот го држи фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс, кој се пресели на „Емирати“ од градскиот ривал Вест Хем за 105 милиони фунти.

Се чини дека Андерсон созреал за такво нешто, бидејќи во претходните две сезони откако дојде од Њукасл на „Сити Граунд“ стана еден од најдобрите играчи во Премиер лигата на својата позиција. И покрај значително послабата втора сезона во Форест отколку што беше во неговото деби, пазарната вредност на Андерсон не се намали.

Покрај тоа, според податоците од „Трансфермаркет“, на почетокот на овој месец таа достигна највисоки 75 милиони евра, што е за 15 повеќе од 60-те милиони колку што вредеше на крајот на минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер