Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево - Канал 5

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

Како што информираат Автомотосојузот на Македонија и ЈП „Македонијапат“, снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Крушево.

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.

Сите други патни правци во државата се проодни. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На возачите им се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на работната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со Филип Ивановиќ, заменик-претседател на Владата на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи.

Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, продлабочување на добрососедските односи и можностите за интензивирање на соработката во областите од заемен интерес.

Посебен акцент беше ставен на европската интеграција на земјите, регионалната соработка и значењето на заедничката посветеност на европската перспектива на регионот.

Беше заклучено дека на регионот му се потребни партнерства, регионална повраност и економска соработка. Македонија е подготвена да биде активен партнер во создавањето таков регион, истакна на средбата вицепремиерот Николоски.

Соговорниците ја потврдија важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација, како основа за зајакнување на партнерството меѓу двете земји како и унапредување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежа

Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“.

Јанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежа

Ј.П. Комуналец Кавадарци во соработка со Општина Кавадарци, започна со реализација на проект за откривање дефекти и истекувања во водоводната мрежа, со примена на современа технологија за поефикасно управување со водните ресурси.

Во рамки на овие активности, директорот на ЈП Комуналец потпиша Меморандум за соработка со компанијата Ecotip, со цел примена на современи технолошки решенија за откривање дефекти и намалување на загубите на вода во водоводната мрежа. Проектот предвидува поставување на 20 акустични сензори на карактеристични локации во градската водоводна мрежа. Преку 24-часовни мерења и обработка на податоците со специјализиран софтвер, ќе се овозможи попрецизно лоцирање на потенцијалните истекувања и дефекти.

Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“, а во наредниот период ќе продолжат и на улиците „Илинденска“, „Тиквешко востание“ и на други локации.

Со примената на оваа технологија ќе се овозможи откривање дефекти што тешко се забележуваат со вообичаените методи, без непотребно оштетување на постојната инфраструктура. Очекуваните придобивки се намалување на загубите на вода, побрзо санирање на дефектите и поефикасно одржување на водоводната мрежа.

Преку соработката со Општина Кавадарци и компанијата „Ецотип“, ЈП „Комуналец“ продолжува со воведување современи решенија за унапредување на комуналните услуги и поодговорно управување со водните ресурси, во интерес на сите граѓани, објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР Охрид

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид.

Од понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР Охрид

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер