Серија инциденти на Мис Универзум: Мисица е отруена, друга паднала по скали, Бугарката имала тешка сообраќајка
2Серија инциденти на Мис Универзум: Мисица е отруена, друга паднала по скали, Бугарката имала тешка сообраќајка
3Огромен објект се гради на 1,5 километри под земјата- би можел да ја смени судбината на човештвото (ВИДЕО)
МакедонијаСообраќајот се одвива непречено, по суви коловозиИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Од 24.04.2025 г. има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување. Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е пренасочен во левата тунелска цевка. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 03.04.2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница. На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот. “Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На 08.10.2024 година поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп - Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од една година. СТРАБАГ АГ Подружница СТРАБАГ Скопје известува за времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско - клучка Дреново. Сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација. Од 09.07.2024 г., на десна коловозна лента на автопат Скопје - Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај, при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување. Жикол Дооел Струмица известува дека поради вршење на градежни активности на објект: Реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост - влез во Богданци, сметано од 24.06.2024 година ќе биде поставен времен режим на сообраќај. Времена измена на режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности. Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп - Битола", и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата. На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај. Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница. Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи. Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните. Oд 24.11.2023 година, режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце “поточно кл. Куманово-кл. Кр. Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување е затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На 07.11.2023 г извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово - рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово - Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец - Катланово ќе биде затворена за сообраќај. Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин "Блаце" од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна соорбаќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата. БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец "Државен пат А3, делница: Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид" ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот "Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид". Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024. Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час. Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Почнувајќи од 06.03.2023 г., на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување. Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско. На патниот правец Градско - Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење. На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПејач со запален факел падна од бината, публиката вреска- веднаш е однесен во болница (ВИДЕО)На големиот концерт на Ашер и Крис Браун во Њу Орлеанс во сабота, 21 ноември, се случи непријатен инцидент кога изведувач кој настапуваше со огнени факели падна од сцената.Драматичниот момент во „Сизарс Супердоум“ беше снимен од посетителите, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи. Падна по скалите, а потоа продолжи да настапува На снимката што кружи на социјалните мрежи, пејачот се гледа како врти два запалени факели на работ на сцената, а потоа ја губи рамнотежата и паѓа по скалите. Неколку моменти исчезна во чад и пламен, публиката врескаше, но набрзо стана, се врати на сцената и продолжи да настапува како ништо да не се случило. Fire performer falls off stage at Chris Brown and Usher concert. #ChrisBrown #Usher #rnb #hiphop https://t.co/hKsbXnNx14 — Smitty Vision (@geturmoneyup) November 23, 2026 Според достапните снимки, се чини дека не претрпел сериозни повреди, иако во моментов нема официјални информации за неговата здравствена состојба, пишува „Пипл“. Сè уште не е познато дали несреќата се случила за време на настапот на Ашер или на Крис Браун, со оглед на тоа што двајцата користат пиротехнички ефекти на своите концерти. Едно од видеата покажува и медицински персонал како носи лице на носилка, но инцидентот не изгледа дека е поврзан со падот на уметникот. Проблеми еден ден претходно Претставниците на Ашер, Крис Браун и организаторот на турнејата Live Nation не одговорија на прашањата на новинарите за инцидентот во недела, 22 ноември. Проблеми имаше и еден ден претходно, за време на првиот од двата концерти во Њу Орлеанс. Како што објави локалната телевизиска станица WGNO, поради проблеми со системот Ticketmaster, многу посетители не можеа да влезат во салата Caesars Superdome во петок, 20 ноември. Турнејата беше обележана со неколку необични моменти Заедничката турнеја на Ашер и Крис Браун, наречена „R&B турнеја“, веќе неколку пати привлече внимание од јавноста за настани што не беа поврзани со нивните музички настапи. На пример, претходно на социјалните мрежи кружеше видео во кое Ашер поканува обожавател на сцената, но се чинеше дека таа се чувствува непријатно од неговиот пристап.Тагови: пејач публиката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПолитичар од Њујорк бил прогласен за „рептил“- им одговори на шегите (ВИДЕО)Видео од прес-конференција во Градското собрание на Њујорк предизвика низа коментари на социјалните мрежи, а некои велат дека покажува нешто „необично“.Во центарот на бизарната теорија на заговор е Џордан Рајт, 32-годишен демократски конгресмен кој го претставува 70-от округ, кој вклучува дел од Харлем. Лавина од онлајн коментари Видеото е снимено во петок за време на прес-конференција на која градоначалникот Зохран Мамдани им се обрати на новинарите за планот за затворање на градскиот затвор на островот Рајкерс. Во еден момент, Џордан Рајт може да се види како трепка и ги превртува очите нагоре во позадина. Тој момент предизвика лавина од онлајн коментари, објавува Њујорк пост. Некои корисници кои го споделија видеото понудија бизарно објаснување дека демократскиот политичар е всушност „рептил преправен како човек“. Еден од нив напиша дека тоа е „начинот на кој гуштерите трепкаат“, додека други отидоа чекор понатаму, сугерирајќи дека „вонземјани како оние во филмот „Луѓе во црно“ живеат меѓу луѓето“. Снимката ја објави и теоретичарот на заговор Алекс Џонс, кој го стори тоа на социјалната мрежа X. Тој имаше свој став: „За прв пат во историјата, демони како ја преминуваат астралната рамнина и влегуваат во нашата димензија се снимени на камера во Њујорк“, напиша тој. SHOCK VIDEO: for the first time ever demons, crossing the astral plane into our dimension, has been caught on film in New York City. The creatures were caught on film during a televised meeting of the communist party.. https://t.co/b1GpXbUafL — Alex Jones (@RealAlexJones) November 22, 2026 „Немам поим што се случило“ Откако чудните тврдења се проширија на интернет, Рајт реши да проговори. Тој истакна дека самиот не може да објасни што точно се случило во моментот кога е снимен на камера. „Немам поим што се случило на таа снимка. Навистина не сум сигурен“, рече тој. Политичарот ги отфрли инсинуациите дека „не е човек“, посочувајќи ја својата работа во федералното собрание како доказ за неговата човечност, објави Unilad. „Очигледно е дека сум човечко суштество, а мојата човечност може да се види во законите што ги предлагам и поддржувам, како што се четирите милиони долари доделени на центарот за еколошка правда WE ACT во Харлем“, рече тој. Теоријата на заговор дека „некои политичари се кријат зад човечки изглед, додека всушност тие се влекачи“ стана популарна во текот на 20 век. Според неговите поддржувачи, влекачките суштества наводно „живеат меѓу луѓето и влијаат врз општеството и политичките настани од сенка“.Тагови: Њујорк рептил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаКинезите направиле чешел што би можел да го запре опаѓањето на косата- тестовите ветуваат Ако имате опаѓање на косата, можеби нема да посегнувате по чешел толку често како порано. Но, тоа наскоро би можело да се промени.Студијата на научници во Кина откри ветувачки нов начин за борба против опаѓањето на косата, а чешелот игра клучна улога во тоа. Создава пулсирачки електрични полиња Сепак, ова не е обичен чешел. Системот, наречен „Детangle“, опишан во списанието Nature Communications, е специјализиран биоелектронски уред. „Системот има електронски заби со електроди поставени на различни висини, како и интегрирани модули за воведување лекови. Тие создаваат подобрено електрично поле кое продира во областа на фоликулите на косата до околу девет пати подлабоко отколку со конвенционалната надворешна апликација“, објаснуваат неговите креатори, предводени од истражувачи од Универзитетот во Пекинг. Иако Детangle е тестиран само на глувци, резултатите сугерираат дека потенцијално би можел да биде моќен третман за андрогена алопеција, позната и како наследно опаѓање на косата, за која се проценува дека влијае на повеќе од милијарда луѓе ширум светот. Уредот генерира пулсирачки електрични полиња користејќи наизменични заби со различни должини. Истражувачите велат дека разликата во нивните должини овозможува создавање на електрично поле кое е 2,63 пати посилно отколку ако сите заби се наредени во ист ред. Кога станува збор за враќање на растот на косата, Detangle работи на два различни начина. Електричните импулси генерирани од забите го поттикнуваат растот на косата со стимулирање на фоликулите. Во исто време, наизменично пократките заби се опремени со систем за испорака на лекови што им овозможува на терапевтските молекули да навлезат длабоко во кожата. Серија експерименти врз глувци Ова се постигнува преку процес познат како електропорација, кој привремено ја зголемува пропустливоста на клеточните мембрани, објавува Science Alert. Во експериментите се користеле и две различни генски терапии, кои ја надополнувале електричната стимулација. Првата била VEGFA плазмид, кој го поттикнува формирањето на крвни садови околу фоликулите на косата, додека втората била SRD5A2 siRNA, која го потиснува дејството на хормонот одговорен за намалување на фоликулите. Во серија експерименти врз глувци, се тврди дека комбинираниот ефект на целиот систем дал импресивни резултати. Кај машките глувци со губење на косата предизвикано од тестостерон, животните кои не примиле никаков третман повторно пораснале само околу еден процент од косата на избричениот грб во текот на 28-дневниот експеримент. Кај глувците кои биле подложени само на електрична стимулација со помош на уредот Detangle, растот на косата се зголемил за околу 40 проценти, што бил значително подобар резултат, велат истражувачите. Сепак, само електричната стимулација дала послаби резултати од оние забележани кај глувците кои ги примиле лековите за раст на косата финастерид и миноксидил. Животните кои ги примиле овие лекови доживеале закрепнување од приближно 50 и 70 проценти, соодветно. Çin’deki Beihang Üniversitesi ekibi “Detangle” adlı biyoelektronik tarak geliştirmiş ve çalışma Nature Communications’ta (3 Kasım 2026) yayımlanmış. Peki bilimsel alt yapısı nedir? Tarak, darbeli elektrik alanı üretiyor ve aynı anda iki deneysel molekülü (VEGFA plazmidi + SRD5A2 siRNA) saç köklerine elektroporasyonla daha derin ulaştırıyor. Elektrik alanı, klasik yöntemlere göre yaklaşık 9 kat daha derine nüfuz ediyor. Sonuçlar (farelerde): Testosteronla saç dökülmesi oluşturulan erkek farelerde 28 günde: Tedavisiz: ~%1 Sadece elektrik: ~%40 Minoksidil: ~%70 Finasterid: ~%50 Tam sistem (elektrik + iki molekül): %97,85 Ama unutmamalıyız! Sadece farelerde denendi, insan deneyi yok. Dökülme laboratuvarda yapay oluşturuldu. Kullanılan moleküller henüz deneysel gen tedavisi niteliğinde. Fare derisi insan kafa derisinden ince; insanlarda aynı etkiyi verip vermeyeceği bilinmiyor. Not: Tıbbi öneri veya tavsiye değildir. Bilimsel paylaşımdır. Durumunuz için hekiminize danışın. Kaynak: Liu et al., Nature Communications, 2026. DOI: 10.1038/s41467-026-79122-3 — Prof. Dr. Kaan Yılancıoğlu (@drkaanyl) November 18, 2026 Ветувачки концепт Најдобрите резултати биле постигнати кога електричната стимулација со уредот Detangle била комбинирана со терапевтски молекули. Кога индивидуалните третмани биле применети со електрична стимулација, SRD5A2 siRNA довела до околу 85 проценти повторно растење на косата, додека плазмидот VEGFA овозможил закрепнување од приближно 90 проценти. Сепак, најизразениот ефект беше забележан кај животни кои го примиле комплетниот третман со уредот Detangle - електрична стимулација комбинирана со двата експериментални третмани, плазмидот VEGFA и SRD5A2 siRNA. Во овој случај, растот на косата беше речиси максимален, а истражувачите пријавија закрепнување од околу 97,85 проценти. „Овој пристап овозможува растот на косата кај глувчешки модел на андрогена алопеција да се забрза до речиси 100 проценти за околу еден месец, надминувајќи ги резултатите што можат да се постигнат со конвенционални орални или локални лекови“, рекоа тие. Тоа е ветувачки концепт, но останува да се види дали понатамошните истражувања ќе покажат дека процедурите што се применуваат со системот Detangle се безбедни и ефикасни кај луѓето. Доколку идните студии ги потврдат овие резултати, обичниот чешел повторно би можел да стане неопходен дел од секојдневната нега на косата, а ќелавоста би можела да се соочи со сериозен предизвик.Тагови: косата чешел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook