Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година, потсетуваат од АМСМ.

ДИК на 99,57 %: „Гол“ на ЗНАМ во судиското продолжение, ЗНАМ има 6 а ВМРО-ДПМНЕ-58 места

На цела пребројана „двојка“ ( 100 % ), екипата на Макисм Димитриевски доби уште еден пратеник ( вкупно 2ца ) а ВМРО-ДПМНЕ изгуби еден со што конечниот распоред во новиот Парламент изгледа вака:

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

притисни ентер