Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаСообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловозиИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ВИАДУКТ Трејд Гостивар известува дека на ден 24.09.2025 год. започнa со градежни активности – санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2, обиколница Скопје на км 21+840,00 до км 21+987,00, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во времетраење од 4 (четири) месеци. На експресниот пат А2, Крива Паланка - Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација - семафори. Од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар - Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона. Од 12.09.2025 (петок) се започнучува со градежната активноста - санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти - Мелнички Мост, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај - времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар - Стража во временски период од 6 (шест) месеци. Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Од ден 26.05.2025 започнaa со градежни активности - санација на мост на река Драгор на ул. „Довеџик” општина Битола, со што има затворање на сообраќајот кај мостот на ул. „Довеџик“ при што сообраќајот се пренасочува по времен премин - девијација. Патниот правец Р2337 Кичево – крак со с. Цер од ден 12.05.2025 е целосно затворен за сообраќај од 10.00ч. – 16.00ч. поради изведување на градежни работи на пат – (асфалтирање). На ден 13.05.2025 започнa со градежни активности - санација на мост на река Вардар на државен пат А2, делница Гостивар-Стража, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај. Од 24.04.2025 г. има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување. Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е пренасочен во левата тунелска цевка. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година (Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 03.04.2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница. На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот. „Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На 08.10.2024 година поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп - Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од една година. СТРАБАГ АГ Подружница СТРАБАГ Скопје известува за времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско - клучка Дреново. Сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација. Од 09.07.2024 г., на десна коловозна лента на автопат Скопје - Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај, при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување. Жикол Дооел Струмица известува дека поради вршење на градежни активности на објект: Реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост - влез во Богданци, сметано од 24.06.2024 година ќе биде поставен времен режим на сообраќај. Времена измена на режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности. Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп - Битола", и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата. На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај. Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница. Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи. Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните. Oд 24.11.2023 година, режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце “поточно кл. Куманово-кл. Кр. Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување е затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На 07.11.2023 г извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово - рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово - Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец - Катланово ќе биде затворена за сообраќај. Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка „Стенковец“) Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин "Блаце" од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна соорбаќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата. БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец "Државен пат А3, делница: Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид" ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот "Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид". Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024. Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час. Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023,на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Почнувајќи од 06.03.2023 г., на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување. Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско. На патниот правец Градско - Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење. На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЛукровски во Oхрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на свеченоста за доделување на наградите во рамки на Националниот форум за младинска работа, која се одржа денеска во просториите на Младинскиот центар во Охрид.По покана на организаторите, Лукровски ја подигна наградата „Младински пријателски град“, со која се препознава заложбата на Општина Карпош за унапредување на младинските политики, создавање подобри услови за младите и нивно активно вклучување во процесите на локално одлучување. Воедно, градоначалникот учествуваше и на панел-дискусијата на тема „Од закон до локална реалност – Институционална и финансиска поддршка за младинските центри и младинската работа“, на која се отворија прашања поврзани со предизвиците и можностите за спроведување на законските обврски во областа на младинската работа. Во рамки на дискусијата, Лукровски ги презентираше искуствата на Општина Карпош во поддршката на младите, посочувајќи ја важноста од обезбедување достапни простори, квалитетни младински програми, развој на капацитетите на младинските работници, како и активно учество на младите во креирањето на локалните политики. Посебен акцент беше ставен и на потребата од посистемска институционална и финансиска поддршка за младинските центри, со континуирано финансирање и долгорочни програми, наместо исклучиво проектен пристап. Инаку, Националниот форум за младинска работа кој се одржа во Охрид кон крајот на ноември минатата година, претставуваше значаен чекор кон воспоставување заедничка визија за организиран и системски развој на младинската работа во државата. Тогаш, на форумот беше постигнат консензус меѓу претставниците на локалните самоуправи, младинските центри, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Како резултат на заедничките заложби, едногласно беше усвоена Декларацијата за развој и унапредување на младинската работа, која претставува патоказ за идните законски измени и стандардизација во оваа област. Документот ги повикува општините да преземат конкретни чекори за воспоставување и поддршка на младински центри, јакнење на капацитетите на младинските работници и службениците за млади, како и зајакнување на партнерството со младите. Учеството на Општина Карпош на овој настан и добивањето на признанието „Младински пријателски град“ претставуваат поттик за продолжување на активностите насочени кон создавање локална средина во која младите ќе имаат поголеми можности за личен и професионален развој, активно учество и реално влијание врз одлуките што ги засегаат. Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини. Општина КарпошТагови: Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоДелегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоПо повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот. Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата. Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма. Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter