Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци
1Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци
3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
МакедонијаСообраќајот се одвива непречено, на ГП Богодорица се чека околу 40 минути од македонска странаИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица, информираа од АМСМ, задржувањето од македонска страна е околу 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Тагови: ГП Богородица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во КавадарциМајка од Кавадарци пријавила во полиција дека две малолетнички ја нападнале нејзината малолетна ќерка на улицата „Сремски фронт“. Според пријавата, едната ја држела, а другата ја горела со цигара, соопшти СВР Велес. Според полицијата, нападот бил пријавен на 18 ноември во 22:30 часот во одделението за внатрешни работи во кавадарци, а се случил два дена претходно, на 16 ноември. За случајот се известени јавен обвинител и центарот за социјални работи во Кавадарци. полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПутин пред медиумите за средбата со Трамп и СиПретседателот на Русија, Владимир Путин им се обрати на медиумите по трилатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.Рускиот лидер истакна дека би сакал трилатералните средби со лидерите на Кина и на Соединетите Држави да продолжат, оценувајќи ја денешната средба како нова страница во историјата. Тој исто така рече дека трилатералната средба, одржана во Шенжен на маргините на самитот на АПЕК, била многу корисна, а дискусијата – слободна и искрена. По протоколарниот дел од трилатералната средба започна слободна размена на мислења, изјави Путин, додавајќи дека со лидерите на САД и на Кина, Трамп и Си, разговарал и за можната реформа на Обединетите нации. Путин се осврна и на внатрешнополитичката ситуација во Соединетите Држави, наведувајќи дека таа е сложена, со многубројни противтежи и механизми за одржување на рамнотежата на политичката моќ. На средбата, исто така, се разговараше за прашања поврзани со обезбедувањето слободна пловидба, рече Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ФудбалКомпани се враќа на клупата на Баерн: Се чувствувам доброБелгискиот тренер Винсент Компани се враќа на клупата на европскиот фудбалски гигант Баерн Минхен по едномесечно отсуство поради здравствени проблеми. Белгиецот изјави дека се чувствува добро. „Беше многу интензивно. Во тој момент, тоа беше ново искуство. Кога ќе погледнам наназад, сè помина совршено. Добив поддршка и од клубот и од лекарите. Многу сум благодарен. Се обидувате брзо да пронајдете внатрешен мир и да ги чекате резултатите. Тоа беше позитивен процес; сите тестови покажаа добри резултати. Морам да кажам дека сум во многу добра здравствена состојба – направивме многу прегледи и сè беше во ред. Сега повторно се чувствувам одлично и пресреќен сум што сум повторно со тимот“, изјави Компани за веб-страницата на клубот. Во петок, Компани ќе го предводи Баерн на натпреварот од 10. коло во Бундеслигата против Келн. Минатиот месец, за време на еден тренинг, Компани имаше здравствен проблем поради кој пет дена помина во болница. Тој се лекуваше од иритација на мозочните обвивки – воспаление на ткивото што ги опкружува мозокот и 'рбетниот мозок.Тагови: Баерн М. Компани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter