3Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државатаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничнитe премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока. РАБОТИ НА ПАТ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКарим Бензема се сели во Бундеслигата? Според германски извори, некогашниот капитен на Реал Мадрид, Французинот Карим Бензема би можел да ја продолжи кариерата во Бундеслигата, поточно во Баер Леверкузен.Еден од најскапо платените светски фудбалери, Карим Бензема моментално е без клуб, а според германскиот „Билд“, францускиот напаѓач би можел да ја продолжи кариерата во Бајер Леверкузен. Наводно, Бензема веќе разговарал со поранешниот соиграч Лукас Васкез, како и со Муса Дијаби, со кого играше во Ал Итихад, за да се распраша за состојбата во клубот. Дополнително внимание привлече и фактот што Бензема неодамна почна да го следи Бајер на Инстаграм. Сепак, кога „Билд“ стапи во контакт со спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфес, доби прилично воздржан одговор, па засега нема потврда дека искусниот Французин навистина ќе го носи дресот на германскиот клуб.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСирија гори: Масовни протести (ВИДЕО)Наглиот пораст на цените на горивото за време на викендот предизвика протести низ цела Сирија – тоа се најголемите демонстрации во земјата по соборувањето на Башар ал-Асад пред речиси две години.Демонстрантите палеа гуми и блокираа главни патишта – вклучително и автопатот што го поврзува главниот град Дамаск со индустрискиот центар Алепо – откако сириската влада во саботата ја зголеми цената на дизелот за 40 отсто. Новата цена изнесува 175 сириски фунти за литар, што е еквивалентно на 1,32 американски долари за литар. Зголемувањето на цените дополнително го отежна товарот за Сиријците, кои со години се соочуваат со економска криза. Програмата на Обединетите нации за развој проценува дека 90 отсто од Сиријците живеат под прагот на сиромаштија, во споредба со околу една третина од населението пред почетокот на сириската граѓанска војна во 2011 година. 🚨 SYRIA ERUPTS IN RIOTS, PROTESTING FUEL PRICE HIKES Protests are spreading across Aleppo, Raqqa, Deir ez-Zor, Hasakah and Idlib after Syria sharply raised fuel prices—diesel by about 40%. Demonstrators burned tires and blocked roads as anger grew over soaring transport and… pic.twitter.com/RDoAVFIknW — Mossad Commentary (@MOSSADil) September 13, 2026 Како дел од најголемото во низата поскапувања воведени од почетокот на војната, владата исто така ги зголеми цените на гасот за домаќинствата и индустријата за 9 отсто, на бензинот со 95 октани за 28 отсто и на бензинот со 90 октани за 26 отсто. Демонстрантите исто така блокираа конвои со цистерни за нафта кои се упатуваа кон рафинериите во централна Сирија, при што некои од нив бараа смена на министрите за енергетика и економија, како и на шефот на Сириската нафтена компанија. Портпаролот на Министерството за енергетика, Абдулхамид Салат, во неделата изјави дека зголемувањето на цените е привремена мерка наметната од повисоките глобални трошоци за набавка и големата зависност на Сирија од увоз, додавајќи дека цените може да се зголемат или намалат во зависност од променливите околности. Сирија во голема мера се потпира на руска нафта, увезувајќи околу 60.000 барели дневно оваа година, иако Дамаск му соопшти на Вашингтон дека е подготвен значително да го намали тој увоз. 🇸🇾 “LISTEN, BASHIR — WE WON’T GO BACK TO THE DONKEYS!” Protesters in Idlib city are now directing their anger at Syrian Energy Minister Mohammed al-Bashir as demonstrations over soaring fuel prices continue to spread. Crowds can be heard chanting: “The people want the minister… pic.twitter.com/6zyUl2jFaI — DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) September 13, 2026 Тоа снабдување е под зголемен притисок поради украинските напади врз руските рафинерии, кои го намалија производството и ја поттикнаа Москва да го ограничи извозот на бензин и дизел. Цените ги одразуваат не само трошоците за сурова нафта, туку и недостигот на рафинирани производи и повисоките трошоци за преработка, транспорт и снабдување, рече Салат во изјавата. SYRIAN PROTESTS HAVE TURNED DEADLY In Eastern Syria, Jolani's gangs are opening fire on demonstrators, and the people are responding with stones against the elements of the criminal regime. - Protests continue on the second day of the fuel price hike crisis in Syria The… pic.twitter.com/zKMInxI46S — Tomthunkit™ (@TomthunkitsMind) September 15, 2026 Недостигот дополнително се влоши поради тримесечното затворање на рафинеријата Банијас – најголемата во Сирија – заради нејзиниот прв сеопфатен ремонт. По најновото поскапување, цената на бензинот со 95 октани е зголемена за околу 86 отсто од февруари, додека цената на дизелот е повеќе од двојно зголемена. Референтната цена на суровата нафта од типот „Брент“ порасна за приближно 44 отсто, зголемувајќи се од 72,48 на 104,61 долар за барел. Извор: Б92Тагови: протести Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ЗабаваЏастин и Хејли Бибер играјќи билијард ја прославија годишнината од бракот-Џастин и Хејли Бибер никогаш не биле повљубени.Светскиот џет сет пар Џастин и Хејли Бибер ја прославија својата осма годишнина од бракот. Музичарот сподели фотографии од опуштена дружба со билијард и емотивна порака до својата сопруга. Џастин и Хејли Бибер ја прославија својата осма годишнина од брак, а музичарот сподели неколку фотографии на кои парот ужива во заедничкото време – играјќи билијард и натпреварувајќи се пријателски. Џастин на Инстаграм објави фотографии на кои тој и Хејли уживаат во опуштената атмосфера на еден бар, наизменично играјќи билијард. Покрај фотографиите, тој напиша: „Од осум години до бесконечност ❤️ НОВИ ПОГЛАВЈА ♾️ Те сакам, љубов моја. Среќна годишнина“. На една од фотографиите, Џастин го мести стапот и се подготвува за потег, додека Хејли стои до него со својот стап. На други фотографии, парот се смее и ужива во заедничкото време. Хејли се пошегува и на сметка на своите вештини во билијардот. „Осум години како сум ужасна во билијард“, напиша таа во коментарот, придружен со емотикони. Осум години од венчавката во Њујорк Годишнината доаѓа осум години откако Џастин и Хејли стапија во брак во септември 2018 година во Њујорк.Тагови: Џастин Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter