Паника на концерт на познат рапер: 12.000 луѓе бегаат од арената во Манчестер, над 50 побарале лекарска помош (ВИДЕО)
2Паника на концерт на познат рапер: 12.000 луѓе бегаат од арената во Манчестер, над 50 побарале лекарска помош (ВИДЕО)
МакедонијаСообраќајот без застои, по влажни коловози,се чистат одрони на патот Делчево - М.Каменица Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Екипи на „Македонија пат“ утрово работат на расчистување на одрон на магистралниот пат А3, на делницата Делчево – Македонска Каменица, кај селото Очипала, каде одронет материјал се има спуштено на дел од коловозот. Сообраќајот не е во прекин, а возилата се пропуштаат по кратко задржување додека трае расчистувањето. Според информации од надлежните служби, одрони има и на други места долж магистралата, поради што препораката е возачите да се движат со посебно внимание и прилагодена брзина. Работите на терен се во тек. Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНеверојатна победа на шпанските фудбалери- на Мундијалот за млади постигнаа резултат од 15:0 Многумина можеби очекуваа шпанската репрезентација до 17 години да доминира над Фиџи во второто коло од Групата Х на Светското првенство до 17 години на ФИФА.Многумина можеби очекуваа шпанската репрезентација до 17 години да доминира над Фиџи во второто коло од Групата Х на Светското првенство до 17 години на ФИФА, но никој не очекуваше „Црвената фурија“ да слави со неверојатни 15:0! Шпанците, кои имаа гол-разлика од 20:0 по две кола, веќе водеа со 6:0 до полувремето. И не е ни чудо кога во својот состав имаат седум играчи од младинските категории на Барселона, по три од Атлетико и Реал Мадрид, но и од Селта, Жирона, Атлетик Билбао... Апсолутно доминантен играч на овој натпревар беше Рафаел Круз од Лас Палмас, кој постигна шест гола, додека Роберто Томас и Гилермо Трухиљо го проверија противничкиот голман по три пати. Интересно е што ова не е апсолутен рекорд и најубедлива победа на Мундијалот до 17 години, бидејќи Мароко успеа да ја победи Нова Каледонија со 16:0 минатиот ноември. Шпанската репрезентација е еден од главните фаворити за победа на ова натпреварување, па ќе видиме во остатокот од натпреварувањето дали ќе ја одржат оваа монструозна форма.Тагови: Мундијалот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПо девет години егзил, екс каталонскиот претседател Пуџдемон може да се врати во Шпанија Кривичниот совет на шпанскиот Врховен суд во понеделник одлучи да ја прекине постапката за наводното кривично дело проневера против поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон.Истата мерка важи и за поранешните министри за здравство и култура, Тони Комино и Луис Пуџ, според пресудата што ја виде RTVE. Судската постапка против Пуџдемон и двајцата поранешни министри е прекината девет години по нивното бегство во Белгија и претставува последен чекор што им овозможува да се вратат во Шпанија кога сакаат и да се кандидираат на избори. Судот ја прогласи постапката за завршена две години откако стапи во сила законот за амнестија. Врховниот суд во пресудата го потврдува крајот на истрагата што веќе ја издаде истражниот судија Пабло Љарена на 3 ноември. Љарена веќе ги укина налозите за апсење што беа во сила во октомври.Тагови: Карлес Пуџдемон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
АвтомобилизамЗапре производството во Мерцедес поради штрајк- работниците бараат повисоки платиРаботниците од германската метална и електроиндустрија денеска излегоа на еднодневен штрајк во 19 компании на северот на земјата, кој ќе трае 24 часа. Организаторот на протестот, синдикатот ИГ Метал, бара зголемување на платите за пет проценти и дополнителни гаранции за вработените. Производството е целосно суспендирано и во фабриката на Мерцедес во Хамбург, каде производните линии беа прекинати вчера во 22 часот, пишува Тагешау. Претставникот на синдикатот изјави дека никој не дошол да работи во фабриката, а во фабриката имало само обезбедување. Бран прекини на работа се шири низ Германија Денешните акции се дел од поширокиот бран протести што ја тресе германската економија: Масовни протести во петокот: Според синдикатот ИГ Метал, повеќе од 150.000 вработени во околу 100 компании ширум Германија ја прекинале работата во петокот, вклучително и околу 70.000 работници во Баварија. Нови штрајкови денеска: Освен на северот на земјата, за денеска се најавени нови прекини на работа и во Берлин и Бранденбург Клучен сектор на економијата: Металната и електричната индустрија во Германија вработува околу 3,7 милиони луѓе и вклучува стратешки гранки како што се автомобилската индустрија, машинското инженерство, електроиндустријата и производството на метали. Што бара синдикатот, а што нудат работодавците? Како што пренесува „Виршафтсвохе“, „ИГ Метал“ бара зголемување на платите за пет проценти од ноември, како и гаранции за зачувување на работните места, како и посебни мерки за вработените со најниски примања. Работодавците, од друга страна, нудат многу поскромна понуда: Еднократна исплата во јули 2027 година, без обврзувачки карактер. Трајно зголемување на платите за 1,3 отсто, но само од летото 2028 година. „Синдикатот ја поттикнува деиндустријализацијата“ Претставниците на работодавачите силно ја критикуваа одлуката за штрајк, предупредувајќи дека дополнителните трошоци и прекините во производството може да го забрзаат кратењето на работните места во индустријата која веќе се соочува со сериозни проблеми. Претседателот на здружението на металната и електроиндустријата на Северна Рајна Вестфалија, Арнт Кирхоф оцени дека ескалацијата на протестот е прекумерна и непропорционална, додека неговиот колега од Баварија Бертрам Бросарт предупреди дека синдикатот ја поттикнува деиндустријализацијата со вакви потези наместо со закрепнување на домашното производство. Тагови: мерцедес штрајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter