МакедонијаСообраќајката во која загина Фросина сторена со умислаСообраќајката во која загина Фросина сторена со умисла, в петок јавна расправа за законски измени за зголемена безбедност во сообраќајот. За најтешко кривично дело во областа на безбедноста на сообраќајот и тоа со умисла ќе одговара 20-годишниот возач, кој минатата недела на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, ја прегази 22 годишната студентка од Неготино, Фросина Кулакова, која веднаш им подлегна на повредите. За истрагата за делото, за кое се сомничи Васил Јованов, кој во моментов отслужува 30-дневен притвор во КПУ Затвор „Скопје“, вчера на прес-конференција информираше државниот јавниот обвинител Љупчо Коцевски. -Се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој кривично правен настан. Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Токму затоа, Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. Истрагата е поведена за кривично дело од областа на сообраќајот, меѓутоа сторено со умисла, рече Коцевски. Согласно оваа кфалификација на делото сторителот според Кривичниот законик може да добие затворска казна од четири до 20 години. Коцевски вчера изрази уверување до јавноста и до семејството дека постапката ќе биде ефикасна и Обвинителството ќе инсистира на најстрога казна. Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло. Настанот предизвика револт во јавноста, особено по сознанијата дека сторителот и претходно бил во судир со законот. Во петокот Кривичен му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на осомничениот, заради, како што наведе, постоење на основите од чл. 165. Ст.1. т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото. Кривичен се огласи и во однос на претходните судски постапки кои биле водени против осомничениот, при што напомена дека Јованов на 31.07.2024 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска и тоа за две кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“ од чл. 215 ст.1 и чл. 215 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а согласно одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка. - Станува збор за Заводска мерка – Упатување во воспитно поправен дом, каде согласно чл. 48 ст.3 и ст.4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се засметува и времето поминато во притвор, по истиот предмет од 02.04.2024 година до 12.08.2027 година. Согласно Законските одредби од ЗКП по досудена Заводска мерка, мерката притвор не може да опстојува, заради што Јавниот обвинител вложил жалба само во однос само на кривичната санкција. Предметот на 07.11.2024 година е доставен на надлежно постапување на Апелацискиот суд Скопје, од каде се уште не е вратен на евентуално извршување, појаснија од Кривичен. Согласно евиденцијата на Судот, Јованов не бил осудуван за друго кривично дело и не се водела друга постапка за други кривични дела. Од Кривичен минатата недела напоменаа дека до овој момент до судот не е процесуирана друга кривична пријава, ниту пак прекршочна пријава од областа на сообраќајот, а лицето е евидентирано, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена заради нарушување јавен ред и мир. Коцевски, пак вчера на прес-конференцијата во врска со тоа зошто била запрена кривичната постапката за Васил Јованов, тој одговори дека постои законска одредба во Законот за кривична постапка за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање. -Сакам јавноста да биде правилно информирана. Значи, не е запрена кривичната постапка, не е отфрлена кривичната пријава. Има законска одредба во Законот за кривична постапка, за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде што е запретена казна од една година затвор или парична казна, во согласност со оштетениот, јавниот обвинител го повикува оштетениот, и доколку оштетениот не бара штета, тогаш јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање, со тоа што му дава решение на сторителот во одреден рок да плати одредена парична сума, која ќе ја определи јавниот обвинител согласно неговите можности. Доколку во тој рок се плати износот што е определен со решението, тогаш против тој сторител не се презема кривично гонење. Вака ги решаваме 90 отсто од случаите, рече Коцевски. Сепак немањето брза реакција од страна на надлежните за претходниот судир со законот, а потоа и сообраќајката, која доведе до губење на животот на Фросина прездивика револт во јавноста, што доведе до спорење на одлуката, која ја донела судијката, а револтот беше изразен и со протести кои се одржаа во Скопје, но и во родниот град на Фросина Кулакова, Неготино, како и во Кавадарци. Илјадници граѓани во неделата во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви од сообраќајни незгоди. Извикувајќи во еден глас граѓаните, меѓу другото, побараа „правда за Фросина“, „правда за жртвите“, „оставка“ и „затвор за Васил“. Низ толпата можеа да се забележат најразлични транспаренти како „Безбедноста е право, не привилегија“, „Нема веќе неказнивост“, „Прошка нема, правда мора да има, доста е“,„Не умираме од несреќа, умираме од корупција“, и „Нема правда, нема мир“, преку кои граѓаните изразија, револт и надеж за промени. Слични пораки имаше и во Неготино и Кавадарци. Министерот за правда ја разреши судијката Алексовска Стојановска од работната група за измени на КЗ Министерот за правда Игор Филков, вчера информира дека донел одлука да ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судијката која му судела на возачот што ја прегази Кулакова, со цел како што рече, да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството, со кои нема да се дозволи неказнивост и недопирливост. Со разрешувањето на судијката тој истакна дека не лоцира одговорност кај неа за пресудите што ги донела, туку во прашање е оптимизација на работните групи за што поскоро да се излезе со предлог закон. Останува на ставот дека нема да се меша во работата на Судскиот совет и затоа, вели, апелира до нив да си ја вршат својата работа. -Денес се обраќам не како министер за правда туку како граѓанин и родител. Ги повикувам судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кој ќе се преиспита целиот случај со прерарно загината Фросина. Истовремено денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда судијата чие име ја бранува јавноста. Судијата беше дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измени на Кривичниот Законик и беше дел од оптимизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик со кој очекуваме да се отстранат штетните последици предизвикани со измените во 2023 година. Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството. Загриженоста ја упатувам затоа што сметам дека крајно време е надлежните институциите да покажат дека се подготвени да преземат мерки со цел лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност. Одговорност мора да се утврди и тука нема компромис. Граѓаните очекуваат правда, а институциите се должни да испорачаат брзо правично и транспарентно, рече Филков на денешната прес-конференција. Коцевски вчера на прес-конференцијата прашан за тоа дали Обвинителство ќе оформи предмет за судијката Даниела Алексовска Стојановска одговори дека во моментов нема сознанија дека е отворен предмет, затоа што нема индиции за сторено кривично дело. -Во моментот немам сознанија дека е отворен предмет против судијката, затоа што во овој момент немаме никакви евентуални докази за некакви индиции, односно сомнение во однос на оваа судијка. Нема елементи и индиции за сторено кривично дело. Доколку има, Јавното обвинителство стои на располагање, рече Коценвски. За случајот со Фросина, кој ја прели чашата на незадоволство од правосудниот систем и спората правда, вчера се осврнаа и претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, како и директорката на Академија за судии и обвинители Ирина Трајковска Стрезоски. Камбовски изјави дека Судскиот совет ќе ги разгледува сите случаи каде има сомневања за пропусти од страна на судии за изречени пресуди, а казнената политика на судовите треба да биде предмет на сеопфатна анализа. - Се работи за случај кој што ја потресе целата држава, сите сочуство изразуваме до семејството. Не би сакал сега во вакви моменти на чувства што ги има кај сите граѓани да се носат некои избрзани одлуки или заклучоци. Не се добри да се прават такви некои брзи промени во законот, рече Коцевски прашан за револтот кај јавноста во врска со случајот со Фросина Кулакова, која беше жртва на сообраќајна незгода и за тоа дали ќе се воспостави ред во судството, поради изрекување на казни за сторителите коишто често одат под определениот минимум. Прашан конкретно за судијката Алексоска Стојановска дека дала преблага казна во претходен случај за сторителот на ова дело и дали ќе се истражува нешто околу таа цела ситуација, тој истакна дека не е запознаен со случајот, кои биле доказите, каков бил настанот и не би се осудил да коментира во врска со одлуката се додека не го види целиот предмет, но рече дека ќе се разгледува секој случај каде има пропусти. - Сигурно дека ќе се разгледува, секаде каде што има пропуст ќе се санкционира. Сите се залагаме за владеење на правото. Не познавам никој што се согласува со вакви состојби да ни се случуваат, вели Камбовски. Прашан дали Судски совет ќе ја повика на разговор конкретната судијка тој не сакаше да прејудиуцира за постапките на Судскиот совет за предметот. Трајковска Стрезоски, пак на прашање дали е можно да се бара одговорност кај судијката како што бараат граѓаните во однос на првиот случај со младиот возач, таа кажа дека за одговорност на судијата сега не би требало да станува збор, затоа што како што вели, судијката ја познава лично, професионално работи, ја смета за една од подобрите судии, но сепак, вели, тоа е одлука на Судскиот совет. Во врска со тоа дали смета дека со заострени казни во законот ќе се подобрат состојбите и дали на тој начин ќе се избегне самоволието на судиите, оцени дека пожелни би биле построги казни за сторителите и оти е подготвен нов кривичен законик. -Не станува збор за самоволие на судии, сите судии се професионалци кои работат согласно законот. Сметам дека би биле пожелни построги казни. Изготвен е веќе кривичниот законин, даден е на превод и треба до крајот на годината да биде доставен до Венецијанската комисија, а потоа да почне постапка за негово донесување. Тоа е одлука на Парламентот, вели Трајковска Стрезоски. Во Собранието јавна расправа за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот Во меѓувреме членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со 11 гласа „за“ вчера изгласаа одлука в петок во Собранието да се одржи јавна расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“. За оваа одлука поддршка искажаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, ЗНАМ, Левица и „Европскиот фронт“. На седницата на Комисијата не присуствуваа пратеници од СДСМ. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески истакна дека безбедноста на граѓаните мора на сите да им биде приоритет, а тоа, како што рече, значи промени во законите кои ќе обезбедат заштита, превенција и и ефикасни институционални реакции. - Врз основа на членовите 128 и 129 од Деловникот на Собранието бараме да се организира јавна расправа, имено јас заедно со колешката Мерита Колчи Коџаџику од ВЛЕН и Бобан Карапејовски од ЗНАМ поднесовме известување за потреба од одржување на јавна расправа заради анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот. Владејачкото мнозинство во насока на подобрување на законската регулатива ќе побара доуредување и допрецизирање на истата. Време е за сериозни чекори и системски решенија. Безбедноста на граѓаните мора да ни биде приоритет на сите, а тоа значи промени во законите кои ќе обезбедат заштита, превенција и и ефикасни институционални реакции. Порачуваме и повикуваме до сите дека намерата за стручна и експертска дебата е приоритет и како владејачко мнозинство нема да дозволиме политизација на оваа тема. Нас ни требаат издржајни решенија, а не политичка некрофилија и злоупотребување на моментот. Ги повикувам сите пратеници без разлика дали се од власт или опозиција, да ја поддржаат оваа иницијатива и да застанеме зад неа еднаш сите заедно за изнаоѓање на системски решенија и решавање на проблемите со кои се соочуваме, рече Мицески. Пратеникот на Левица Амар Мециновиќ рече дека нивната пратеничка група ќе ја поддржи иницијативата за јавна расправа. Смета дека е потребна. И пратеникот на „Европскиот фронт“, Елми Азири ја искажа поддршката на својата пратеничка група за оваа иницијатива од власта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter