3СДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласови
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловозиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни.На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. -Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци, наведува претрпијатието.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПоднесено обвинение, на листата на осомничени и Доналд ТрампПоранешниот директор на Централната разузнавачка агенција(ЦИА) на САД, Џон Бренан, ја тужи администрацијата на претседателот Доналд Трамп.Поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција(ЦИА) на САД, Џон Бренан, ја тужи администрацијата на претседателот Доналд Трамп, барајќи судска наредба со која ќе се бара од службените лица да ги зачуваат евиденциите од истрагите против него. Во тужбата, Бренан навел дека тие документи ќе му бидат неопходни за да изгради одбрана против одмаздољубив кривичен прогон во случај на идни обвиненија од страна на администрацијата на Трамп, објави „Ен-Би-Си Њуз“. Според неговите адвокати, таквата одбрана би била поткрепена со повеќе од 100 усмени или писмени изјави во кои претседателот Доналд Трамп го критикувал Бренан од 2017 година наваму, како и со претседателските налози до Министерството за правда за поведување постапки без оглед на фактичкото или правното оправдување. Во тужбата како обвинети се именуваат Трамп и други високи службеници за спроведување на законот од неговата администрација, вклучувајќи го вршителот на должноста државен обвинител Тод Бланш, директорот на ФБИ, Кеш Пател, и обвинителите во Флорида кои ги надгледуваа истрагите против Бренан и други наводни поранешни противници на Трамп. Во тужбата се вели дека Бренан се соочува со посебни истраги во Флорида, вклучително и една што испитува дали дал лажна изјава пред Конгресот во врска со проценката на разузнавачката агенција што го документира мешањето на Русија во претседателските избори во 2016 година, кога Трамп ја победи демократката Хилари Клинтон.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран се подготвува за погребот на Врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи,ќе трае шест денаИран се подготвува за погребот на Врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој загина во американско-израелски напад на 28 февруари – настан што ќе претставува најголем државен погреб во историјата на земјата.Погребните свечености ќе траат шест дена во пет града, вклучително и во соседен Ирак, соопштија официјални лица. Погребните активности ќе започнат во сабота, кога телото на Хамнеи ќе биде изложено во молитвениот комплекс на Големата џамија во Техеран, а церемониите ќе продолжат до понеделник со погребна поворка низ улиците на иранскиот главен град, пренесува Ал Џезира. На 7 јули, погребната поворка ќе се пресели во светиот град Ком, а потоа во градовите Наџаф и Кербала во Ирак. Телото на Хамнеи ќе биде вратено во Иран за погреб во неговиот роден град Машхад на 9 јули, а се очекува ожалостени од целата земја и од странство да присуствуваат на церемонијата. Иранските власти изјавија дека очекуваат од 15 до 20 милиони ожалостени да присуствуваат на државниот погреб, а полицијата прогласи состојба на висока тревога за да го обезбеди настанот. Како што е најавено, на погребот ќе присуствуваат високи функционери и претставници од повеќе од 30 земји, вклучувајќи ги Русија, Кина, Пакистан, Индија, Грузија и Куба, додека ќе учествуваат и верски лидери од 90 земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласовиПо насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови.Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред гласање – дури и отпечаток од прст, проверка на документи, потпис во избирачки список, Мицкоски сака да има апсолутна можност за кражба преку гласање на далечина. Зборуваме за ВМРО, партијата која знаеме како ги местеше изборите во времето на Груевски. Сега неговиот најдобар ученик сака да го унапреди системот на својот ментор. Граѓаните се сеќаваат дека во декември беше покрената истрага во Америка поради кражба на гласови. Истрагата покажа дека серверите кои учествувале во кражбата биле во сопственост на српска фирма и бизнисмени блиски до Вучиќ и СНС. Сите знаеме за односите меѓу Вучиќ и Мицкоски, за нивната „братска“ врска и сестринските партии. Знаеме за користење на истата бот-платформа и фарми на тролови за влијание на социјалните мрежи. Знаеме и за 40 отсто од медиумите во Македонија кои се во сопственост на нивниот „голем брат“ Орбан, а во служба на ВМРО и Мицкоски. Знаеме и за Латас, кој е главниот човек за медиуми и уредувачка политика во име на Мицкоски. Знаеме и за најновите желби и упорност на Мицкоски да ги протурка дата- центрите во Македонија, иако се на штета на екологијата и со ненормална потрошувачка на струја која може да доведе до проблеми со снабдувањето на домаќинствата. Знаеме и кој се занимава со увоз на струја со својот бизнис партнер од Србија, почесниот конзул. Сега сè е познато. И прашањето е јасно: Дали овие се доволни причини СДСМ да не дозволи ваквиот закон да помине? Мицкоски може да најавува повлекување, но на сите им е јасно дека човекот нема таква идеја. Како што ги укина потпретседателите во ВМРО, така управува и во Владата. Целосен авторитаризам, на кој му е потребно и гласање на копче. За неговиот лагоден живот и луксуз му е неопходна власта. Само додека е на власт може да оди и на море, без да го болат колената. Скопје, 02.07.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter