СОНК бара второто полугодие да почне онлајн, се прошируваат болничките капацитети за КОВИД

 Сметаме дека одреден временски период од пример две недели наставата да биде онлајн, па да се согледаат состојбите од ширење на вирусот и доколку е во надолна линија, да се направи проценка и да се види дали постојат услови за физичко присуств

Владата завчера по препорака на Комисијата за заразни болести одлучи наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари, но Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) вчера побараа преиспитување на оваа одлука. Во исто време, се прошируваат и реорганизираат болничките капацитети во државава за третман на пациентите хоспитализирани поради КОВИД-19 и се поголемиот број заразени со вирусот изминатите денови. Во земјава вчера беа активни 16.442 случаи на коронавирус.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков во изјава за МИА вчера истакна дека во период кога во земјава расте процентот на новозаболени од КОВИД-19, доколку наставата почне со физичко присуство, постои реална можност вирусот многу побрзо да се шири. Тој предлага наставата да почне онлајн, а потоа да се согледа ситуацијата и доколку епидемиолошката состојба оди во надолна линија, тогаш да се направи проценка дали постојат услови за физичко присуство на наставата.

– Бараме преиспотување на одлуката од причина што сметаме дека процентот на новозаболени секојдневно е во нагорна линија и доколку учениците одат со физичко присуство постои реална можност училиштата да се претворат во кластери и вирусот побрзо да се шири. Од таа причина сметаме дека одреден временски период од пример две недели наставата да биде онлајн, па да се согледаат состојбите од ширење на вирусот и доколку е во надолна линија, да се направи проценка и да се види дали постојат услови за физичко присуство, вели Неделков.

Од вчера е ставен во функција Ковид–центарот на Клиниката за кожни болести и примени се првите пациенти со компликации од КОВИД-19. Во текот на денешниот ден ќе биде отворен и ковид-центарот на Клиниката за неврологија, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Во врска со бројот на хоспитализирани од Министерството посочија дека согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид – центрите, вкупно се хоспитализирани 579 лица. Од нив 177 лица се хоспитализирани во Скопје (на Инфективната клиника – 79, во ГОБ 8 Септември – 67, на Институтот за ТБЦ – 31), а 402 лица во останатите градови.

Во изминатото деноноќие беа регистрирани 1.861 случаj на КОВИД-19 од направени 5.446 тестирања. Регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција. Вчера беа пријавени и нови 27 починати поради компликации од вирусот, како и 7.273 оздравени пациенти. Најголем број на активни случаи се во Скопје 8507, по што следи Битола со 1224, Куманово – 680, Кавадарци – 671, Прилеп – 538, Тетово – 476, Охрид – 370… Најмалку активни случаи, 11, има во Дојран.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 263.206, бројот на оздравени пациенти е 238.452, на починати 8.312.

Земјите од Европа и светот пријавуваат рекордни бројки на новозаразени со КОВИД-19. Во Германија вчера за првпат е надмината бројката од 200.000 новозаразени со коронавирус, што е нов рекорд кога се во прашање новите случаи за едно деноноќие во таа земја. Германскиот Институт за заразни болести „Роберт Кох" соопшти за 203.136 позитивни тестови во последните 24 часа, што е за 69.600 случаи повеќе отколку истиот ден пред една недела. Седумдневната инциденца на 100.000 луѓе се искачи на 1.017 од 941 претходниот ден, додека 188 лица починаа. Со тоа, бројот на починати се зголеми на 117.314 од почетокот на пандемијата.

Германските пратеници дебатираа дали да се воведат задолжителни вакцини против Ковид-19, додека демонстранти се собраа пред зградата на Парламентот. Околу 75 отсто од германското население примило најмалку една доза од вакцината, што е помалку отколку во другите западноевропски земји како Франција, Италија или Шпанија, каде што еквивалентни бројки се 80 отсто, 83 и 86 проценти.

Иако варијантата омикрон се шири многу брзо, Агенцијата за јавно здравје на Европската Унија вчера соопшти дека засилувачката доза на вакцините против Ковид-19 може да ги намали идните хоспитализации во Европа за најмалку половина милион.

– Сегашната примена на бустер дози постигната до почетокот на јануари може да го намали болничкиот прием на пациенти инфицирани со омикрон од 500.000 до 800.000 во Европа, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Податоците опфаќаат 27 земји членки на ЕУ и Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Во моментов, 70 отсто од популацијата на ЕУ е целосно вакцинирана, а половина од нив примиле дополнителна доза.

– Проширувањето на засилувачката програма на сите претходно вакцинирани лица може да го намали приемот в болница за дополнителни 300.000 до 500.000 луѓе, наведува ЕЦДЦ.

Сергеј Трифуновиќ се огласи прв пат по апсењето: Сега сум сосема друга личност

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ за првпат проговори откако на 18 април околу 20 часот беше уапсен на Вождовац во Белград.

Тој бил ослободен на 20 април, по сослушувањето во Вишото јавно обвинителство во Белград, кога му беше укинат притворот, објави Телеграф.

- Дури денес ми го вратија телефонот. Беше на вештачење кај надлежните, за да ги разоткрие другите членови на мојот нарко картел - почна Сергеј.

- Имам 6.000 пропуштени повици и пораки и би сакал да им се заблагодарам на сите за грижата и поддршката, поединечно тоа би траело со денови. Важно е да знаете дека правда постои во Србија и дека властите си ја вршат својата работа. И сега сум сосема друга личност. Преедуциран. Подобар. Спортист. Сите на избори - порача Трифуновиќ.

Сергеј, да потсетиме, бил приведен поради неколку грама недозволена дрога, што ја имал со себе при претрес.

Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати и пензии, кон „Едно општество за сите“

„Ова зад мене е Спомен-костурницата, симбол на прогресивното и мултикултурно Куманово, темелот на АСНОМ-ска Македонија.“

„Градот кој во 2015 година го потресе трагедија која беше одраз на еден режим кој сакаше да ја скрши Македонија. Сеќавањата сè уште остро нè потсетуваат и опоменуваат на тие мрачни времиња кога ВМРО-ДПМНЕ ја држеше заробена државата во мрак исполнет со стравови“, вели во видео обраќање од Куманово, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој нагласува дека СДСМ седум години градеше општество на соживот, меѓусебно разбирање и почитување на различностите, притоа предупредувајќи дека „наследниците на режимот бараат повторно да се издигнат од пепелта, нивната шовинистичка политика повторно надвиснува над Македонија“.

Битиќи предупредува дека со ВМРО-ДПМНЕ и неговиот национализам постои опасност државата да се врати во периодот кога имаше поделби на етничка и религиозна основа.

„Со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот национализам може само да се вратиме во времето кога вештачки се обидуваа да креираат поделби и раздори на етничка и религиозна основа. На овие парламентарни избори, секој глас за нив, е глас за времињата налик на тие од 11 години режим. Но наспроти нив, стоиме ние, СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, со кои, патриотски, а не националистички, ќе одиме кон повисоки плати, повисоки пензии и пред сè, кон Едно општество за сите“, вели Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Дијана Тоска од Европскиот фронт: Мораториум на новите градби во Чаир

Јас сум Дијана Тоска, магистер по меѓународни односи, директорка на Театарот за деца и младинци, поранешна учителка на нашите деца и жител на Чаир.

Денеска се кандидирам за пратеник и ја барам вашата поддршка.

На Чаир му треба промена и ова ќе го донесеме заедно.

Ја злоупотребија нашата поддршка и доверба во Чаир, многу ја злоупотребија и го доведоа во непогодна состојба за живеење, без тротоари, без паркинзи, без патишта, без нови паркови, без игралишта, без водовод и канализација, без никаква капитална инвестиција, но само со узурпација на јавни површини, згради во паркови, непотизам, корупција и злоупотреба.

Денеска ви се обраќам како кандидат за пратеник за сериозно прашање кое не засега сите нас.

Масовните градби без дозвола и без план во парковите во нашата општина, во

нашиот Чаир, не гушат.

Секоја населба на Чаир е преполна, граѓаните немаат место за паркирање, луѓето немаат каде да да се движат.

Над 30 висококатници во Чаир се изградени надвор од законот и немаат ниту имотен лист, ниту градежна дозвола.

Челниците на Чаир во овие 20 години ја злоупотребија нашата доверба, ги измамија граѓаните и инвеститорите, но и нивните соседи за лична корист.

Граѓаните, измамени од општина Чаир, со последните пари купиле станови кои немаат имотни листови и дозволи, а инвеститорите своите пари ги вложиле во објекти кои го немаат регулирано имотно-правното прашање.

Ниту граѓаните што купија станови, ниту инвеститорите што ги изградија, не се виновни,виновни се челниците на општина Чаир што ја злоупотребија нашата

доверба за лична корист и за уништувањето на нашиот Чаир.

Затоа, ние како Европски фронт и пратениците во идното Собрание, од причина што граѓаните и инвеститорите не се виновни за овој урбанистички хаос во Чаир, вчера предложивме закон за легализирање на објекти изградени без дозвола за да се спасат граѓаните и инвеститорите, а ќе бараме правна одговорност за оние кои ја дозволија ваквата состојба, челниците на општина Чаир, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер