Соња Тарчуловска застана на нозе – се движи со ортопедско помагало

Фолк пејачката Соња Тарчуловска по речиси два месеци од повредата вчера за прв пат излегла од својот дом. На роденденот на нејзиниот сопруг заедно со семејството ја посетиле црквата Света Богородица во центарот на Скопје.

Соња, која падна од терасата на вториот кат во нивниот дом, сега се движи со помош на ортопедско помагало, но во изјава за дел од медиумите, таа вели дека наскоро очекува целосно да закрепне и дека ќе нема никакви последици.

Вчера во домот на семејството Тарчуловски имало и роденденска забава. Јохан го прославувал својот 39 – ти роденден. На Фејсбук тој објави и фотографија под која напишал коментар дека добрата здравствена состојба на Соња е најголем подарок за него.

Соња Тарчуловска на 21 септември падна од тераса додека ги симнувала украсите по венчавката во црква. Итно беше пренесена во болница и оперирана. Познатата фолкерка се здоби со тешки повреди на ‘рбетот и на карлицата.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во продолжение најавениот профил на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова.

Зошто функционерите на власта во кампањата не користат северна, прашува Силјановска. Повеке детали од Андријана Лазова.

Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса утре на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Штип одбележува 42 години од смртта на Ацо Шопов

Во Штип денеска се одбележаа 42 години од смртта на македонскиот поет и револуционер, Ацо Шопов. 

Делегации на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борци на Македонија(СБМ), на Општина Штип, државни институции и политички партии положија цвеќе пред бистата на Ацо Шопов.

Петар Мицевски претседател на ОО на СБМ-Штип истакна дека Шопов е карактеристичен по тоа што бил изразит лиричар кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната, интимната лирика во современата македонска книжевност.

-Aцо Шопов учестувал во ослободувањето на младинската организација, држи разни предавања по градовите и селата, учествува во уредувањето на повеќе списанија, напердната литература: „Нов ден“, „Иднина“, „Современост“, „Хоризнот.“ Бил претседател на Друштвото на писателите во Македонија од неговото основање во 1947 година, рече Мицевски.

Карактеристично за него е дека и покрај тоа што бил врвен поет, академик, Шопов остава голем печат на современата македонска поезија.

-Ацо Шопов е учесник во НОБ од 1941 до 1945 година, и се наредува до врвот на борците кои ја водеа четири годишната, кои издвојуваа победа над фашизмот и создадоа држава Република Македонија, рече Мицевски.

притисни ентер