Сончево време со мала до умерена облачност - Канал 5

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. 

Сончево време со мала до умерена облачност

Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Наредните денови под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ламборџини подготви специјална серија само за во Јапонија (ФОТО)

Lamborghini слави 25 години присуство на јапонскиот пазар со презентација на специјален модел Revuelto Impavido. 

Ламборџини подготви специјална серија само за во Јапонија (ФОТО)

Дизајнот на автомобилот е инспириран од јапонскиот кодекс на честа познат како Bushido, а за годишнината ќе бидат произведени само 25 примероци.

Инспирација од самурајскиот кодекс

Името на специјалното издание, Impavido, на италијански значи „бестрашен“. Инспирацијата е Bushido, што се преведува како „патот на воинот“ и ја претставува животната филозофија на јапонскиот самурај. Така, Revuelto Impavido симболично станува воин на патиштата во Јапонија. Ламборџини појаснува дека референцата не се однесува на германскиот рапер со исто име, туку исклучиво на историскиот кодекс на честа.

Ексклузивни визуелни детали

Серијата е ограничена на 25 автомобили, секој со златна самурајска круна на предната страна. Купувачите можат да изберат од четири бои на каросеријата: светло зелена металик „Verde Campus“, светло сребрено-сива „Grigio Artis Lucido“, мат темно сива „Grigio Crater Matt“ или мат црвена „Rosso Pyra“. Дизајнот е комплетиран со мат златни детали на вратите, предниот дел и покривот.

Златните елементи продолжуваат и во внатрешноста на возилото. Црните спортски седишта имаат мат златни детали, дополнително нагласувајќи го визуелниот идентитет на Impavido.

Непроменета механика

Lamborghini не ги промени техничките спецификации на својот најмоќен модел. Revuelto Impavido го задржува погонскиот склоп кој развива вкупно 1015 коњски сили. Се состои од 6,5-литарски V12 мотор и три електрични мотори. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 2,5 секунди, а максималната брзина надминува 350 км/ч.

Сепак, сопствениците во Јапонија нема да можат да го искористат целиот потенцијал на автомобилот на јавните патишта. На автопатите во таа земја постои општо ограничување на брзината од 120 км/ч.

Цената останува непозната

Производителот сè уште не ја објавил цената за овој јубилејен модел. За споредба, почетната цена на стандардниот Revuelt во Германија е 502.180 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Прилеп: Времето на изговори заврши, Македонија мора да се гради со работа, ред и одговорност

„Европска Македонија не се гради со празни ветувања, туку со дела што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, од Прилеп.

Димитриевски од Прилеп: Времето на изговори заврши, Македонија мора да се гради со работа, ред и одговорност

„Европска Македонија не се гради со празни ветувања, туку со дела што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, од Прилеп, каде продолжи караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.

Пред прилепчани, Димитриевски испрати јасна порака дека политиката мора да се врати на страната на граѓаните и дека довербата се гради само со одговорност и резултати.

„Граѓаните премногу долго слушаа ветувања, а премалку гледаа промени. Денес Македонија има потреба од политика која не бара изговори, туку презема одговорност и решава проблеми. Тоа е политиката на ЗНАМ, работа, ред и резултати“ истакна Димитриевски.

Тој посочи дека влегувањето на ЗНАМ во институциите не било само политичка одлука, туку преземање обврска пред граѓаните да се менуваат работите кои со години стоеле нерешени.

„Нашата цел не е да бидеме дел од системот заради функција. Нашата цел е системот да го направиме подобар за секој човек. Држава има смисла само ако граѓанинот ја чувствува, преку подобри услуги, правда, економски можности и сигурна иднина“ порача лидерот на ЗНАМ.

Во рамки на панел-дискусијата беа отворени теми од клучно значење за развојот на државата, реформите во правосудството, јакнењето на институциите, економскиот напредок и поддршката за земјоделците.

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска, зборуваше за значењето на владеењето на правото, демократските институции и современото законодавство како основа на европската иднина на Македонија.

Таа оцени дека блокирањето на новиот Изборен законик претставува обид да се спречат реформите и имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, нагласувајќи дека Македонија не смее да биде заложник на теснопартиски интереси кога станува збор за европските стандарди и фер изборниот процес.

Потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, ги претстави политиките за унапредување на земјоделството, подобрување на условите за производителите и развој на руралните средини.

Патот кон европска Македонија се гради со доверба, работа и заедничка визија. Караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува низ градовите, со една јасна порака, Македонија има иднина кога политиката е во служба на граѓаните,с е наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Македонија доживеа поразителен дебакл од 0:5 против Молдавија и Романија во соработката со Индија

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја објави официјалната секторска споредба од ефектите од регионалната турнеја на индиската претседателка. 

ЛДП: Македонија доживеа поразителен дебакл од 0:5 против Молдавија и Романија во соработката со Индија

Бројките се сурови и црно на бело ја покажуваат катастрофалната разлика меѓу дипломатија што носи пари за домашниот бизнис и дипломатијата заснована за сликање на социјалните мрежи.

Билансот за Македонија е поразителен: 0 потпишани договори, 0 правни олеснувања и 0 нови пазари!

Додека Молдавија и Романија остварија максимален резултат од 5 од 5 конкретни договори во сите клучни сектори, македонската делегација забележа чиста нула и нула акциски план.

Споредбениот биланс по сектори го открива целиот аматеризам на македонските функционери:

Правни договори: Молдавија и Романија потпишаа конкретни меморандуми за соработка. Македонија не потпиша ништо, а единствениот физички чин беше откривање на донирана биста!

Фармација и здравство: Кишињев и Букурешт договорија олеснети процедури за увоз на лекови и заеднички истражувачки проекти. Македонија остана на флоскулата „општа желба за инвестирање“.

Земјоделие и трговија: Молдавија договори конкретен извоз на вино и агро-технологија, а Романија го позиционираше пристаништето Констанца како главна порта за индиските стоки. Македонија најавува бајки за 400 милиони долари трговска размена – без ниту еден карго-лет, без транспортни рути и без идеја како да го оствари тоа!

ИТ сектор: Молдавија ја интегрираше Индија во нивните технолошки паркови, а Романија договори сајбер-безбедност. Македонија си игра со зборови за вештачка интелигенција без никаква агенда.

Визи и инфраструктура: Молдавија веднаш формираше работни групи за олеснување на визите за деловни луѓе. Македонија си остана на истиот застарен и строг визен режим без какви било иницијативи за промена.

Овој споредбен фијаско-пораз покажува дека македонските институции или не знаат, или не сакаат да работат во интерес на домашната економија.

Жално е што неспособноста наместо да се надомести со соработка и поддршка од дома за совет или идеја, се манифестира со порази за Македонија и за стандардот на македонските граѓани. Барем може да се отиде да се научи нешто во Кишинев или во Букурешт како се води економска дипломатија и да се дојде назад дома со направен реален акциски план за Македонија. На македонскиот бизнис му требаат резултати и пари, а не трошоци за службени ручеци, вечери и пропуштени шанси.

Секретаријат за меѓународна соработка на ЛДП

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер