3ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата
Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
1Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
МетеоСончево, претпладне со магла во одделни котлиниВремето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.Тагови: временска прогноза температура Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ЖивотМалата пацифичка држава Науру го промени своето имеОстровската држава Науру во Пацификот официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на своето традиционално име Островската држава Науру во Пацификот официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на своето традиционално име – потег за кој властите велат дека има за цел да го зајакне националниот идентитет и да го зачува културното наследство. Во мај, парламентот на Науру усвои уставен амандман за промена на името на земјата и првично планираше да спроведе национален референдум. Сепак, претседателот Дејвид Адеанг вчера на социјалните мрежи објави дека се одустало од референдумот. „Одлуката да не се одржи референдум беше донесена по внимателно разгледување на фактот дека Наоеро не е ново име што допрва треба да биде прифатено од граѓаните. Тоа веќе претставува идентитет на нашиот народ, стои на националниот грб, се користи во секојдневниот говор на заедницата и, што е најважно, е дозволено со Уставот“, напиша Адеанг. Скратеното име на земјата ќе биде Наоеро, додека нејзините граѓани ќе бидат нарекувани *dei-Naoero*. На европските колонизатори им било тешко да го изговорат оригиналното име. Европските колонизатори ја преименувале земјата во Науру затоа што им било тешко да го изговорат нејзиното оригинално име, Наоеро. Оваа островска нација, со население од околу 12.000 жители, е третата најмала земја во светот, по Ватикан и Монако. Адеанг нагласи дека одлуката не е политичка по природа, туку е прашање на идентитет, наследство и „зачувување на наследството на нашите предци и зајакнување на иднината на нашите деца“. Владата официјално ги извести меѓународните организации и другите нации за промената на името, а процесот на транзиција е веќе во тек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаО. Карпош: Девет невладини организации станаа дел од „Ресурсен центар Карпош“Во просториите на Општина Карпош денеска се одржа првиот координативен состанок на „Ресурсен Центар Карпош“, на кој учествуваа претставници на девет невладини организации избрани преку јавен повик објавен од Општина Карпош. Средбата се одржа во отворена и интерактивна атмосфера, со цел меѓусебно запознавање на учесниците, презентација на нивните активности и мисии, како и запознавање со визијата и целите на новоформираниот ресурсен центар. Во рамки на состанокот беа идентификувани потребите и очекувањата на организациите за претстојниот период, а беа дефинирани и конкретни следни чекори за воспоставување и унапредување на понатамошната соработка и меѓусебното вмрежување. Особена вредност на „Ресурсен Центар Карпош“ претставува разновидноста на организациите кои се дел од него, со активности во различни области од јавен интерес – од спорт, млади и поддршка на лица со попреченост, до заштита на животната средина, енергетска ефикасност, развој на бизнис-секторот и унапредување на јавните вештини. Преку поврзување на организации со различни искуства, знаења и области на делување, „Ресурсен Центар Карпош“ има за цел да создаде простор за размена на идеи, развој на заеднички иницијативи и реализација на проекти од интерес за локалната заедница. Општина Карпош останува посветена на поддршката на граѓанскиот сектор и на создавањето услови за негово активно учество во процесите од значење за локалната заедница. Ваквите иницијативи придонесуваат кон посилно граѓанско учество, подобро вмрежување и создавање нови можности за унапредување на секојдневниот живот и квалитетот на живот на жителите на Општина Карпош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиГолемо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во ИталијаМакедонскиот мотоциклист Петар Мијалков настапи на патеката каде се возат најзначајните светски трки. Тој беше дел од ексклузивниот настан на култната „Misano World Circuit Marco Simoncelli“ во Италија, по добиената официјална покана од главните италијански увозници на брендот Michelin, со цел тестирање на нивните најнови тркачки пневматици. Ваквиот повик во светот на мотоспортот претставува сериозно признание и ретка можност. За домашната спортска јавност, ова е доказ дека со континуирана напорна работа, врвна посветеност и конкретни резултати, границите можат да се поместат и да се стигне до највисокото европско ниво. Препознавањето на квалитетот на Мијалков надвор од границите на Македонија уште еднаш покажа дека домашниот мотоциклизам има потенцијал за големи дострели. Познавачите на овој екстремен спорт знаат дека зад секој настап на ваква грандиозна патека стојат безброј часови тренинзи, ригорозни подготовки и огромни финансиски вложувања. И покрај сите инфраструктурни и финансиски предизвици со кои се соочуваат македонските возачи, Мијалков покажа како достоинствено се претставува државата и докажа дека нашите натпреварувачи имаат капацитет за најсилните меѓународни настани. Тестирањето во Мисано за македонскиот возач значеше извонредна шанса за работа со врвни професионалци, техничко усовршување и акумулирање на непроценливо искуство кое ќе биде од клучно значење за неговите следни натпреварувачки предизвици. Воедно, неговиот успешен пробив на меѓународната сцена повторно ја отвора важната тема за бизнис секторот во државата – потсетувањето дека вложувањето во спортот носи реална и долгорочна вредност. Успесите на индивидуалците како Мијалков на европските патеки се најдобриот амбасадорски промотор на земјата, а компаниите кои стратешки застануваат зад ваквите спортски приказни, стануваат директен дел од меѓународниот успех на Македонија.Тагови: Мото ГП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook