Сончево и потопло со мала до умерена облачност и умерен ветер - Канал 5

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и умерен ветер

- Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и умерен ветер

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во понеделник ќе преовладува стабилно време. Од вторник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на грмежи.

До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов за пожарот кај „Јасен“: Сите три ‘Ер трактори’ се вклучени во гаснењето

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информира дека сите три авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата дејствуваат врз пожарот кој од страната на Македонски Брод навлегува кон ловиштето „Јасен“.. 

Ангелов за пожарот кај „Јасен“: Сите три ‘Ер трактори’ се вклучени во гаснењето

Ангелов посочи дека воздушната поддршка им помага на екипите на ловиштето „Јасен“ кои се обидуваат да го запрат огнот..

Тој информираше дека попладнево избиле дури 20 нови жаришта, а најкомплесен е пожарот кај Рамно, на Скопска Црна Гора, како и оној на границата меѓу општините Струга и Дебар, во атарот на селото Селце..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најскапата населба на светот е на брегот на Медитеранот: Квадрат чини 138.000 евра

Квадратен метар од неверојатни 138.000 долари, станови вредни 550 милиони долари и живот без данок на брегот на Медитеранот - добредојдовте во Маретера, новоизградена населба во Монако .

Најскапата населба на светот е на брегот на Медитеранот: Квадрат чини 138.000 евра

Квадратен метар од неверојатни 138.000 долари, станови вредни 550 милиони долари и живот без данок на брегот на Медитеранот - добредојдовте во Маретера, новоизградена населба во Монако која официјално ја понесе титулата најскапа во светот, оставајќи ги зад себе дури и најлуксузните населби во Дубаи.

На шест хектари земјиште „грабнато“ од морето во Кнежевството Монако, никна комплекс кој е дом на милијардери, возачи на Формула 1 и светската елита. Меѓу најимпресивните згради е 17-катната кула „Ле Ренцо“, дизајнирана од познатиот италијански архитект и добитник на Прицкеровата награда Ренцо Пијано. Нејзината структура, како што пишува Форбс, наликува на брод што излегува од бродоградилиште.

Сите станбени згради, вкупно 130 станови и вили, беа распродадени пред проектот официјално да биде завршен на крајот на 2024 година. Изградбата траеше 11 години и чинеше околу 2,3 милијарди долари.

Поскапо од најлуксузните вили во Дубаи

Маретера е дизајнирана од самиот почеток како ултра-ексклузивна населба. Проектот е тесно поврзан со принцот Алберт II и локалниот милијардер Патрис Пастор, кој е и најголемиот инвеститор.

Селекцијата на купувачи беше строго селективна: потенцијалните сопственици поминаа низ лични интервјуа и одобрување од самиот Пастор и извршниот директор Гај Томас Леви-Сиан, додека на посредниците воопшто не им беше дозволен пристап. Денес, кратко по завршувањето на работите, некои од становите веќе се препродаваат - по драстично повисоки цени.

Иако точните податоци за препродажбата остануваат тајна, локалните агенти за недвижности известуваат за понуди од околу 138.850 долари по квадратен метар, што е за 33 проценти повеќе од цената што ја платиле првите купувачи.

Изнајмувањето е посебна приказна - месечната кирија за некои имоти надминува 130.000 долари. Стан од 525 квадратни метри во кулата Ле Ренцо се нуди за 73 милиони долари (околу 139.000 долари по квадратен метар), што е двојно поскапо од најскапите локации во Дубаи.

Вили со кино сали, сауни и цени до 350 милиони

Цените на вилите во овој комплекс одат уште подалеку. Една од нив, со шест спални соби, сала за дегустација на вино, внатрешни и надворешни базени, спа центар, сауна, сала за масажа и приватно кино, се проценува на 41,7 милиони долари.

Сепак, агентите истакнуваат дека најскапите вили во Маретера надминуваат 200 милиони евра, додека вредноста на седум куќи изградени директно на брегот - единствените такви приватни згради во Монако - се проценува помеѓу 290 и 350 милиони долари.

Рекордни половина милијарда долари за еден стан

Маретера веќе го сруши официјалниот светски рекорд за најскап дом некогаш продаден. Украинскиот милијардер Ринат Ахметов купи стан со 21 соба, распореден на пет ката на врвот од кулата Ле Ренцо. Според податоците објавени од Блумберг, трансакцијата изнесувала неверојатни 550 милиони долари. Со ова е соборен претходниот рекорд поставен во Хонг Конг во 2017 година, кој изнесувал 319 милиони долари.

Монако моментално е дом на најмалку 29 милијардери, со вкупно богатство проценето на околу 167 милијарди долари. Со население од 38.857 жители, ова значи дека има по еден милијардер на секои 1.340 жители, што е највисока концентрација на најбогати луѓе по глава на жител на планетата.

Меѓу познатите жители на Маретера се британскиот хемиски магнат Џејмс Ратклиф, возачите на Формула 1 Макс Верстапен и Шарл Леклер, а списокот на богати луѓе кои се преселуваат во Монако продолжува незапирливо да расте

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Набавени се 3.300 нови контејнери за почисто и поуредно Скопје

Потпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери, со што започнува една од најголемите набавки од ваков тип во изминатите години, насочена кон унапредување на системот за собирање и управување со отпад во Скопје.

Набавени се 3.300 нови контејнери за почисто и поуредно Скопје

Набавката има за цел да придонесе кон почисти населби, намалување на отпадот околу контејнерите, поефикасно и навремено празнење, како и подобрување на условите за работа на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

За споредба, во изминатите 12 години биле набавени околу 1.300 контејнери, бројка која не ги задоволува потребите на главниот град. Недостатокот на соодветна опрема резултираше со преполни и оштетени контејнери, наталожен отпад околу нив и нарушување на комуналната слика во повеќе населби.

Со актуелната набавка, значително се зголемува бројот на расположливи контејнери и се создаваат услови за поефикасно функционирање на системот за собирање отпад.

Особено значајно е што новите контејнери се набавуваат по цена од 9.600 денари по парче, додека претходно набавуваните контејнери биле по цена од над 18.000 денари по парче.

Ова претставува значително поекономично искористување на средствата, особено имајќи ги предвид глобалните ценовни движења и зголемените трошоци за набавка на материјали и опрема.

Набавката на 3.300 нови контејнери е дел од пошироките активности за модернизација и подобрување на работата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, по набавката и на нови возила за претпријатието.

Чекор по чекор се создава пофункционален и поефикасен систем за управување со отпадот, со цел Скопје да биде почист, поуреден и достоинствен град за сите граѓани.

Фокусот останува на решавање на наталожените проблеми, подобрување на комуналните услуги и одговорно управување со средствата на граѓаните, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер