Сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 37 степени.

И во текот на наредните денови ќе се задржи многу топло време со дневна температура која на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од утре во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во четврток и сабота.

Три лица со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун

Информацијата ја потврдија и од Кризниот штаб при Министерството за здравство.

Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос.

Според Јанакос, солунската болница располага со Одделение за изгореници со четири кревети, денеска биле испразнети три и очекуваат повредените да бидат пренесени во Солун и хоспитализирани во Папаниколау.

Информацијата ја потврдија и од Кризниот штаб при Министерството за здравство.

- Во тек се припремите. Иницијално тројца за Грција. Во тек е останатото организирање и тријажирање, велат од Кризниот штаб.

Претходно, министерот за здравство Арбен Таравари од Клиничката болница во Штип најави дека дваесетина најтешко повредени, ќе се лекуваат во странство.

Потресни сведоштва на семејствата на загинатите и повредените лица

Неколку миниту пред големата трагедија, ништо не навестуваше што ќе се случи следно.

Од видеата споделени на социјалните мрежи, се забележува како оганот вивнува на десниот агол на таванот на објектот, над бината, кратко по пуштањето на прскалките и брзо се проширува. Го забележува и пеачот и на публиката и им вели да излезат надвор.

Овде започнуваат да се слушаат и паничните виконици од публиката, но и безуспешните обиди за гаснење на веќе проширениот пожар...

- Планиравме да поминеме убава вечер, ама испадна скроз различно од тоа што требаше да биде.

Се се случило за само 2 минути раскажува млада студентка по медицина која била присутна во дискотеката.Вели немавме доволно време да сфатиме што се случува, Кога дојдовме при себе раскажува, се случи стампедо не гледавме каде газиме, гледавме само да се спасиме..

Иако брзата помош пристигнала брзо, настраданите ги надбројуваа дежурните екипи раскажува младата девојка. Вели оние успеале да се спасат, ги извлекувале настраданите од местото и пробувале да ги реанимираат оние на кои им била потребна помош.

Речиси целиот град беше во дискотеката за концртот вели младата студентка. Многу нејзини пријатели и познаници се повредени, а има и онакви кои се уште не можат да ги пронајдат.

Токму оваа дискотека, меѓу младите од Кочани, но и локалните градови важела за една од најпознатите дискотеки за вечерни излегувања и забава.

О. Гази Баба: Семејствата на поврдените можат да се сместат во „Партенија Зографски“

Семејствата на поврдените можат да се сместат во „Партенија Зографски“ и „Томе Стефановски Сениќ“.

Скопје се мобилизира по страшната трагедија која се случи рано утринава во Кочани, кога во дискотека животот го загубија најмалку 59 лица.

Граѓаните се солидаризираат со катастрофата, а на социјалните мрежи се појавија повеќе објави во кои семејства, но и објекти кои имаат сместувачки капацитети, нудат сместување за најблиските на настраданите кои се згрижени во болниците.

Градоначалникот на О. Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека студентскиот дом Томе Стефановски Сениќ и интернатот Партенија Зографски се на располагање за помош.

Од интернатот додадоа дека сите вработени се мобилизирани и ќе одговорат на најдобар можен начин на семејствата.

Психолошка помош понудија и од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Оттаму ифнормираа дека отвориле шест дополнителни телефони за психолошка прва помош за децата и нивните семејства.

притисни ентер