Сон за камперите: Приколка наменета за електрични возила (ВИДЕО) - Канал 5

Сон за камперите: Приколка наменета за електрични возила (ВИДЕО)

Со овој производ електричните возила можат да влезат во сегментот на кампери.

Сон за камперите: Приколка наменета за електрични возила (ВИДЕО)

Досегот е една од најчесто споменуваните недостатоци на електричните автомобили, особено кога станува збор за возење под значително оптоварување, без разлика дали зборуваме за брзина или за товарот што треба да се превезе. Кога станува збор за второто, проблемот е решен.

Така барем мислат двајцата ветерани на Тесла, Бен Паркер и Тоби Краус. Тие го претставуваат својот прв производ – Lightship L1. Станува збор за приколка со електрична помош за која тврдат дека не влијае на досегот на електричното возило што ја влече. За почеток, L1 има до три пати подобра аеродинамика од класичната приколка за кампери.

Сепак, она што го прави различен е батеријата со капацитет од дури 80 kWh, што буквално го удвојува капацитетот на складираната енергија на електричното возило. Преведено, тоа значи дека возило со автономија од 450 km ќе го одржува истиот опсег благодарение на втората батерија во караванот.

Во исто време, камперот буквално има свој погон, така што заштедува гориво дури и ако го влече возило напојувано од мотор со внатрешно согорување. Соларни панели со вкупна моќност од 3 kW се исто така удобен додаток, што значи дека се обезбедува бесплатна енергија за целото семејство на одмор.

Lightship L1 не е мала приколка. Долг е 8,2 метри, широк 2,5 метри и висок до 3 метри кога ќе се расклопи. Доволрн е за шест лица, а опремата вклучува надворешна и внатрешна кујна, бања и надворешен туш. Сите уреди се напојуваат со електрична енергија.

И сега лошата вест. Прво, тука е вкупната тежина на приколката од дури 3,5 тони. Уште полоша вест е цената за која споменатото дуо вели дека е околу 125.000 долари. Списокот на нарачки е отворен со депозит од 500 американски долари, а првите испораки се очекуваат на почетокот на 2024 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер