Сон: Возбуден сум за новиот предизвик во МЛС - Канал 5

Сон: Возбуден сум за новиот предизвик во МЛС

 Корејскиот фудбалер Сон Хеунг-мин го коментираше неговиот трансфер во Лос Анџелес.

Сон: Возбуден сум за новиот предизвик во МЛС

-Неверојатно сум горд што се приклучувам на Лос Анџелес, клуб со големи амбиции во еден од најзначајните спортски градови во светот. Лос Анџелес има богата историја, а јас сум тука да помогнам да се напише следното поглавје.

Возбуден сум за новиот предизвик во МЛС. Дојдов во Лос Анџелес за да освојувам трофеи и да дадам сè што имам на овој клуб, овој град и неговите навивачи. Едвај чекам да почнам, изјави Сон за клупскиот сајт на американскиот тим.

Триесет и тригодишниот Кореец потпиша договор со американскиот клуб до 31 декември 2027 година. Тој во Лос Анџелес дојде од англискиот премиерлигаш Тотенхем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио

Владината делегација ја продолжува посетата во Њујорк, каде во фокусот се политичкиот дијалог со американската администрација но и европската перспектива на земјава.

 Мицкоски во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио. Според него, директната комуникација на високо политичко ниво е потврда за важноста на стратегиското партнерство меѓу Скопје и Вашингтон и можност за дополнително продлабочување на билатералните односи.

„Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.“- - Христијан Мицкоски.

Околу 130 шефови на држави и влади неделава се во Њујорк на Генералното собрание на ОН, каде главни теми ќе бидат војните во Украина и на Блискиот Исток, глобалната безбедност, климатските предизвици и регулирањето на вештачката интелигенција а генералната дебата главниот дел со обраќања на светските лидери е од 22 до 28 септември.

Првиот човек на ООН, Антонио Гутереш, пред почетокот на генералната дебата повика на разум и на посветеност кон мирот во светот.

-Оваа недела, лидери од целиот свет, ќе се соберат во оваа иста соба, собата на Генералното Собрание на ООН. Мојата порака до нив е јасна: Дојдете за мирот, за достоинството за правдата и за хуманоста. Единствено со меѓународна соработка може да изградиме подобар свет. И никогаш не треба да се предадеме во борбата за тоа. изјави – Генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Мицкоски во четврток треба да се обрати пред светските лидери од говорницата на ОН, со што ќе биде заокружен политичкиот дел од посетата на САД.

Инаку вечерва по македонско време, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, ЌЕ се одржИ состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“. Домаќин е шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани, а покрај претставниците на шесте земји од Западен Балкан учествуваат и земјите членки на групата, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. Главна тема е забрзувањето на европската интеграција на регионот.

Во меѓувреме, Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски се сретнаа и со македонската заедница во Њу Џерси. Македонската делегација од САД најави продлабочување на стратешкото партнерство со Вашингтон, инвестиции во антимон, дата-центри и енергетика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето на 13 полициски службеници почна од почеток, поради смена на Судечкиот совет

Полициски службеници биле присутни во дискотеката Пулс во Кочани во која имало и малолетници и пред да избувне кобниот пожар, потврдија денеска тројцата сведоци на обвинителството.

Судењето на 13 полициски службеници почна од почеток, поради смена на Судечкиот совет

Полициски службеници биле присутни во дискотеката Пулс во Кочани во која имало и малолетници и пред да избувне кобниот пожар, потврдија денеска тројцата сведоци на обвинителството на судското рочиште против 13-трe полицајци осомничени дека навреме не ја прекинале забавата, иако наводно знаеле дека во објектот има малолетници и пиротехнички средства. Според сведокот Николче Ефремов, кој кобната вечер бил во диското, полициските службеници воопшто не им помагале на повредените по избувнувањето на пожарот.

-Сите испаничија, се туркаа еден врз друг. Секој со секого се влечеше, не можевме да излеземе надвор. Ми падна ѕид на главата. Еден другар лежеше затрупан со луѓе и едвај дишеше. Имаше полицаец таму, го прашав дали може да ми помогне? Ми кажа тоа не е негова работа,- - сведок Николче Ефремов.

И другите две сведочења одеа во насока дека очевидците забележале присутни полициски службеници уште пред пожарот, но и во време кога на сцена била активирана пиротехниката.

За родителите, ваквите сведочења се доказ дека полицајците не постапувале и не ги извршиле своите службени обврски.

– Слушаме исказ кој не смее да помине незабележано – сведокот недвосмислено посочи дека полициски службеник во моментите кога луѓе се бореле за живот одбил да помогне при внесување на повредено лице во автомобил за да биде однесено во болница. Ако ова е потврдено преку доказна постапка, тогаш станува збор за постапување кое мора сериозно да се разгледа. Во тие моменти МВР немало време за изговори и префрлување одговорност. изјави Александар Наунов, родител на жртва во пожарот .

Од другата страна, за дел од одбраната, обвинителството прави манипулација преку испитувањето на сведоците, бидејќи, предмет на товар на докажување велат не е дали полицајците им помагале на присутните по пожарот или не.

-Обвинението е конфузно – од една страна обвинителството во воведните зборови укажува дека не им се става на товар тоа дали полицајците помагале или не, потоа упорно се поставуваат прашања и се наведува сведокот да каже дека полицијата била тотално незаинтересирана и не помагала за чисто да се создаде една слика дека обвинетите што денеска се товарат се виновни за нивните постапки, а се уште не разбравме за кои псотапки ги товарат,- изјави Александар Петровски, адвокат на обвинетата Благица Митева.

На почетокот од денешното рочиште пак поради болест на еден од поротниците дојде до промена на судечкиот совет, по што судењето започна од почеток, а сите 13 обвинети полицајци одново се изјаснија за невини. Според обвинението, тие се товарат дека не ја прекинале забавата, ниту спречиле користење пиротехника.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“

Македонецот Кристијан Бајовски официјално стана Гинисов рекордер, откако „Guinness World Records“ го потврди неговиот резултат од 1.257 склекови направени за еден час со дополнителна тежина.

Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“

Пет месеци напорни тренинзи, огромна физичка и психичка издржливост и силна верба во целта – сето тоа го однесе Македонецот Кристијан Бајовски до Гинисов рекорд.

Со 1.257 склекови за еден час со дополнителна тежина, Бајовски го надмина дотогашниот рекорд и официјално се запиша во „Guinness World Records“. За Канал 5 открива што му било најтешко на патот до рекордот, колку морал да жртвува и што му давало сила да не се откаже.

Рекордот Бајовски го постави на 28 јуни 2026 година во Скопје, изведувајќи ги склековите со градите до под и со ранец тежок околу девет килограми. На официјалната страница на „Guinness World Records“ сега е наведено дека Кристијан го надминал претходниот рекорд од 1.208 склекови. Официјалната потврда, која ја објави и самиот Бајовски, го содржи неговото име, постигнатиот резултат и местото на поставување на рекордот.

За Канал 5, Кристијан потврди дека е горд на себе, а подготовките неопходни за ваков подвиг опфаќале многу повеќе од само физичка подготовка.

Тврди дека се молел на Бога додека тренирал, а исто така бил свесен и за тоа колку морал да жртвува за да ја оствари својата цел.

„Се подготвував цели 5 месеци и во тој период го дадов мојот максимум. Скромно би кажал: не можеше повеќе. Имаше многу напорни тренинзи и моменти кога беше навистина тешко и психички и физички, но цврсто верував дека не сум сам во ова.Верував дека Бог е со мене и дека ми дава сила да издржам до самиот крај.„

„Овој рекорд не можам да го опишам со зборови. Не е само бројката. Тука се сите жртви, сите тренинзи, сите моменти на сомнеж и секој ден кога продолжив иако беше тешко.И денес сум неизмерно горд на себе, и не можам да го опишам ова со зборови.“

Кристијан на крајот имаше порака за сите оние кои тренираат и сакаат нешто повеќе, нешто што го надминува самиот тренинг: „Трудете се максимално и не се откажувајте, без разлика што ќе ви застане на патот. Ако навистина го сакате тоа за кое се борите, продолжете.“

„Верувам дека Бог понекогаш нè тестира за да види колку навистина ја сакаме нашата цел.А кога ќе издржиме до крај, доаѓа и наградата. Бог не заборава никого. Порано или подоцна, ќе дојде денот кога ќе сфатите дека секоја жртва вредела. Благодарен сум за целиот пат. Благодарен сум за оваа можност. И пред сè, благодарен сум на Бог.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер