Солза Грчева и Љупчо Ристовски во „Само вистина“

Почитувани сограѓани, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Солза Грчева и Љупчо Ристовски.

Радев и Мицотакис контра Мицкоски, но има ли дома политичка волја за промена на преговарачката рамка?

Екстремната десница на голема врата во ЕУ, како новите движења низ Европа ќе се одразат на македонските интеграции? Која пат да го фатиме ако не европскиот?

Дали пописот во Албанија ја отсликува реалната бројка Македонци, имаме ли механизам за заштита на малцинствата или се откажавме од сите нив?

Врие во СДСМ и по изборот на новиот претседател на партијата, ќе биде ли Филипче лидерот што ќе го обедини членството?

Вечерва во Само Вистина Елизабета Галевска со Солза Грчева и Љупчо Ристовски, веднаш по вестите.

Јане Мицевски и Малиша Станковиќ се нови пратеници

Јане Мицевски и Малиша Станковиќ се нови пратеници на местото на Синиша Стојаноски и Бобан Николовски

Државната изборна комисија ја одржа 109–тата седница на која Комисијата го разгледа Известувањето доставено од Претседателот на Собранието на Република Македонија со кое информира дека Собранието на седницата одржана денеска констатира дека на избраните пратеници Синиша Стојаноски и Бобан Николовски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ им престанува мандатот на пратеници согласно чл. 152 од Изборниот закон.

Синиша Стојаноски е назначен за нов директор на ГОБ „8-ми Септември“, а Бобан Николовски за директор на Царинската управа.

На местото на Стојаноски и Николовски во Собранието ќе бидат Јане Мицевски и Малиша Станковиќ.

-На седницата, Комисијата информираше дека согласно чл. 153 ст.2 од Изборниот закон, ДИК со допис ги извести наредните кандидати од листите за кандидати за пратеници во Собранието на РМ за ИЕ 1 и ИЕ 2 од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО - ДПМНЕ, Јане Мицевски и Малиша Станковиќ кои стануваат нови пратеници во Собранието на РСМ. Согласно ова, ДИК издаде уверенија за избрани пратеници во Собранието на Република Македонија, соопштија на денешната седница членовите на ДИК.

Мицкоски не се откажува од реформите во правосудството

Мицкоски не се откажува од реформите во правосудството, Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со владата.

„Делиме исти цели за колку што е можно побрзо да ја донесеме земјата во ЕУ“ - вака евроамбасадорот Дејвид Гир ја коментира изјавата на премиерот Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи на државата со нивните пораки дека распуштањето на Советот на јавните обвинители и Судскиот совет би значело мешање во независноста на судството. Гир изрази надеж за продолжување на дијалогот со новата Влада, а на иста позиција е и германската амбасадорка Петра Дрекслер

„ Премиерот покрена важни прашања во однос на потребата за реформа на владеењето на правото. Ова е од суштинско значење за европскиот пат на земјата, и ние ќе продолжиме да се ангажираме со премиерот и со Владата за да ги разгледаме најдобрите начини за да се оди напред, и со останатите делови од системот, “-Дејвид Гир .

Ќе го продолжиме дијалогот со новата Влада и верувам дека тоа ќе се вреднува од двете страни. Имаме размена на прашања во областа на владеењето на правото, што е дел од процесот за пристапување во ЕУ, Кластерот Темели е многу важен и се надеваме дека ќе го продолжиме дијалогот со Владата,- Петра Дрекслер.

Мицкоски и денеска рече дека е отворен за сугестии и предлози и од амбасдорите и од екпсертите и од засгенатите страни, но порача дека од реформите нема да се откажат со оглед на ниската доверба во правосудните органи.

-Нормално е дека кога некој сака да направи реформа веднаш од другата страна имаат одбрамбен механизам не не ние сме против, зошто реформата предвидуваше да нема повеќе удобни фотељи сега нормално е дека ќе се преговаратаков вид експерти јас би се засрамил јас да имам 2 посто добверба ќе си заминам,- Христијан Мицкоски – Претседател на Владата.

Дека се потребни суштински реформи на двата совети смета и претседателката Гордана Сиљановска Давкова... таа во синоќешното Само интервју кажа дека не очекува независно судство со ваков Судски совет и Совет на јавни обвинители и додава дека тие две тела во моментов како да не постојат..

-Како очекувате независно судство со ваков Судски совет и Совет на јавни обвинители. Јас не очекувам, бидејќи тој што е чувар, треба да биде најдобриот. Таму се потребни сериозни промени. Тие две тела се во моментов како да не постојат, можеме ние да ги менуваме со двајца нови и така, натаму, меѓутоа се потребни сериозни законски измени. Има веќе предлог закон, затоа е потребна дебата, да видиме што ќеправиме. – изјави претседателката Силјановска.

Според изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, бовата власт предвидува сегашните совети целосно да се распуштат, а во иднина челнвоите да се избираат единствено од судската и обвинтелката фела. Надзорната улога врз телата пка, би ја имала посебна собраниска комисија..

Орбан: Унгарија ќе биде единствената земја која одржува врски и со Москва и со Киев

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на средбата со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Унгарија ќе биде единствената земја во Европска Унија која одржува врски и дијалог и со Русија и со Украина.

- Се намалува бројот на земји кои можат да разговараат со двете страни во судирот во Украина. Унгарија најверојатно набрзо ќе стане единствена која разговара и со Русија и со Украина, посочи Орбан.

Тој му се заблагодари на Путин за средбата „под такви предизвикувачки услови“, алудирајќи на конфликт во Украина.

- Би сакал да ја искористам оваа можност да разговарам за голем број предизвикувачки прашања и да се запознам со вашиот став за проблемите важни за Европа, истакна Орбан.

На почетокот од средбата, Путин истакна дека очекува Орбан да зборува за Украина како претседавач со ЕУ. /МИА

притисни ентер