Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис не го издржа притисокот на јавноста

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис не го издржа притисокот на јавноста. Бев изваден од контекст, објасни попладнево тој на вонредната прес конференција, откако вчера изјави дека Грција треба да размисли за промена на аеродромот Македонија во Солун.

- Не предложив, не предлагам и нема да предложам промена на името, едноставно ја изразив мојата загриженост. Она што го кажав и не го одрекувам е дека на ова прашање имаме загубено, 130-150 земји, колку и да се, ја имаат признато земјата под името Македонија, изјави попладнево Јанис Бутарис, градоначалник на Солун.

Контроверзната изјава Бутарис ја даде на вчерашниот градски совет во Солун, а ја потврди и утринава во гостувањето на телевизија Скај, каде отиде и чекор понатаму и предложи солунскиот аеродром да се преименува во Никос Галис, најдобриот грчки кошаркар на сите времиња. Прашан како може два пати во еден ден да биде погрешно разбран, сега вели дека бил поспан кога му се јавиле од телевизијата.

-За Никос Галис, што беше споменато, ме праша една госпоѓа од Скај, не и го помнам името, кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис, објасни Бутарис

Од грчката влада не ја коментираа изјавата на Бутарис, но затоа побрзаа да ја зацементираат позицијата на Ципрас, уште пред да почне денешната рунда преговори во Виена. Топката е на теренот на нашите соседи, кои треба и во пракса да покажат дека ја промениле реторика, изјави портпаролот Ѕанакопулос во изјава за грчко радио Алфа.

-Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова, сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение, рече Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на грчката влада за радиото Алфа 989

Истиот став вчера го повтори и Ципрас пред членовите на владеачката Сириза, во чие обраќање не го спомена прашањето за идентитетот.


Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

Раст на берзите во САД по изјавата на Фед за зачувување на каматните стапки

Американските берзански индекси покажаа уверен раст на почетокот на тргувањето денеска откако Федералните резерви (американската Централна банка) ги зачува досегашните каматни стапки и притоа ја намали загриженоста од нивно покачување.

Инвеститорите очекуваат уште податоци од извештаите на крупните компании денеска и од официјалната статистика за невработеноста утре. Во меѓувреме пораснаа и фјучерсите.

- Инфлацијата сè уште е многу висока. Не можеме да гарантираме прогрес во нејзино снижување, а понатамошните перспективи се неодредени, изјави претседателот на Фед Џером Пауел.

И покрај неодреденоста во тековната економска ситуација истакна дека е малку веројатно покачувањето на каматите.

Следен извештај на регулаторите што го очекуваат инвеститорите е клучната статистика на трудот во САД што ќе биде објавена утре, а која може да даде појасна претстава за состојбата со пазарот на трудот и понатамошната траекторија на каматните стапки.

Фјучерсите на Dow до 15 часот централноевропско време пораснаа за 0,53 отсто, на S&P на 0,72 отсто, на Nasdaq 100 дојдоа до 0,9 отсто. /МИА

притисни ентер