Солунска болница-Одделот за изгореници: Тројцата пациенти се во критична, но стабилна состојба - Канал 5

Солунска болница-Одделот за изгореници: Тројцата пациенти се во критична, но стабилна состојба

Двете девојки и момчето на возраст од 19, 25 и 26 години, кои од неделата се хоспитализирани во болницата Папаниколау во Солун се во критична состојба и сè уште не може да се каже дека се вон животна опасност.

Солунска болница-Одделот за изгореници: Тројцата пациенти се во критична, но стабилна состојба

Двете девојки и момчето на возраст од 19, 25 и 26 години, кои од неделата се хоспитализирани во болницата Папаниколау во Солун се во критична состојба и сè уште не може да се каже дека се вон животна опасност, според директорката на Одделот за изгореници на солунската болница Софија Пападопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

По посетата на министрите Муцунски и Таравари на болницата, доктор Пападопулу во изјави за грчките медиуми објасни дека тројцата пациенти имаат од 15 до 25 отсто изгореници на телото за што двајца од пациентите денеска по втор пат ќе бидат оперирани, а во следните денови и третото поведено лице, но истакна дека она што е посериозно е тоа што вдишале чад.

- Тројцата се во критична состојба. Не можеме да кажеме дека ја имаат избегнато опасноста, бидејќи иако имаат изгореници, главно на лицето и рацете, исто така вдишале и чад, очигледно долго време останале во просторот каде што се случи несреќата, па имаат изгореници при вдишување, односно оштетување на белите дробови и дишните патишта, што е она што го можеби ќе ја отежне состојбата и текот на нивното здравје, што најверојатно ќе биде долгорочно. Правиме сè што можеме, имаме капацитети, ја имаме поддршката од целиот персонал во болницата да можеме да го направиме најдоброто за овие млади пациенти, објасни директорката на Одделот за изгореници.

Тројцата пациенти се наоѓаат на интензивна нега, приклучени на апарати.

Во Солун беа пренесени уште двајца повредени, хоспитализирани во Воената болница 424, додека пак од синоќа во Атина се лекуваат уште три лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најексклузивно повлекување во историјата- се повлекуваат автомобили што чинат 3 милиони евра

Автомобил од три милиони евра би требало да биде прилично блиску до совршенство, но Koenigsegg CC850 има проблем што сериозно би можел да им го расипе денот на сопствениците. 

Најексклузивно повлекување во историјата- се повлекуваат автомобили што чинат 3 милиони евра

Шведскиот производител на хиперавтомобили започна со повлекување на сите седум единици испорачани во Соединетите Држави откако откри дефект што би можел да предизвика автомобилот неочекувано да се врати назад.

Сè започна на 12 октомври, кога сопственикот излезе од автомобилот додека моторот сè уште работеше, а менувачот беше во рикверц. Потоа CC850 почна сам да се движи, што го натера Koenigsegg да започне внатрешна истрага.

Инженерите утврдија дека електричната рачна сопирачка не функционира правилно кога моторот сè уште работи, а менувачот е во рикверц. Во таква ситуација, сопирачката останува активна само додека возачот го држи притиснато соодветниот прекинувач. Штом го отпушти, автомобилот може да тргне освен ако не е поинаку обезбедено.

Според документите од американската NHTSA, повлекувањето опфаќа седум модели на CC850 произведени помеѓу септември 2025 и август 2026 година. За среќа на нивните сопственици, поправката нема да бара замена на скапи механички компоненти.

Проблемот ќе биде решен со бесплатна надградба на софтверот, која ќе може да се инсталира од далечина, преку интернет. Алтернативно, сопствениците можат да контактираат овластен сервисен центар.

CC850 е еден од најнеобичните хиперавтомобили денес. Неговиот деветстепен менувач Lightspeed овозможува возење со класична педала на куплунгот и рачка на менувачот, но и целосно автоматско менување на брзините.

Иронично, автомобил кој комбинира толку сложена технологија, врвни перформанси и цена од околу 3,1 милиони евра мора да се сервисира за нешто што на крајот ќе се реши со едноставно ажурирање на софтверот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Метео аларм во Италија- затворени се училиштата во повеќе градови

Училиштата се затворени во неколку градови во јужна Италија, додека Пуља и Базиликата денес се под портокалова тревога поради лоши временски услови. 

Метео аларм во Италија- затворени се училиштата во повеќе градови

Во Барлета, патиштата и подвозниците што би можеле да бидат поплавени ќе бидат следени и, во случај на опасност, ќе бидат затворени за возила и пешаци, објави Тг24.

Одделот за цивилна заштита издаде ново предупредување за тешки временски услови во консултација со погодените региони, кои се одговорни за активирање на системот за цивилна заштита на нивните територии, објавува ADN Kronos.

Жолтиот метеоаларм е на сила во Калабрија, Кампанија, Молизе, Абруцо и Сицилија.

Поради очекуваните обилни врнежи од дожд, некои општини во Пуља воведоа ограничувања. Училиштата се затворени, меѓу другото, во Сан Северо, во покраината Фоџа, како и во Лече и Бриндизи.

Општината Лече нареди затворање на општинските гробишта, општинската вила и парковите за време на тревогата. Некои пазари се исто така суспендирани.

На жителите им беше советувано да „ограничат непотребни патувања, да избегнуваат паркови и области со дрвја, да избегнуваат поплавени подземни премини и да бидат исклучително внимателни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дип Парпл со важна порака од Иан Гилан, откако итно е однесен во болница

„Дип парпл“ објавија важна порака од пејачот Иан Гилан по неговата хоспитализација.

Дип Парпл со важна порака од Иан Гилан, откако итно е однесен во болница

Ја објавуваме целосно.

„Важна порака од Иан Гилан

Драги пријатели,

Ви благодарам за сите ваши желби за добро здравје и поддршка во последните неколку дена, тоа ми значеше сè.

Имав медицински проблем додека бев во Лајпциг, кој бараше итен болнички третман.

Се надевав дека мојот лекар ќе ми даде дозвола да продолжам со турнејата, но ова ќе значеше многу сериозни ризици за мене.

Како резултат на тоа, и по совет на мојот медицински тим и менаџмент, донесовме одлука да го одложиме остатокот од европската/британската турнеја до понатамошно известување.

Многу ми е жал за евентуалните непријатности што ова може да ги предизвика, но тоа е во најдобар интерес на сите.

Ви благодарам за разбирањето.

Со почит,

IG“, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер