ФудбалСолскер наследник на Мурињо на клупата на Манчестер ЈунајтедЛегендарниот норвешки фудбалер Оле Гунар Солскер се враќа на „Олд Трафорд“ и стана вршител на должноста менаџер на Манчестер Јунајтед.Оваа вест е откриена на бизарен начин. Јунајтед вчера поради лошите резултати во Премиер лигата му врачи отказ на менаџерот Жозе Мурињо. Потоа започнаа шпекулациите за името на новиот предводник на црвените од Манчестер. Во кулоарите се споменуваше и името на поранешиот член на Јунајтед Солскер. Официјална потврда за ова немаше се до моментот кога на официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед не се појави информацијата: „Солскер стана нашиот „преоден“ менаџер, 20 години откако го постигна тој гол“. Оваа објава брзо беше избришана. Неколку часа подоцна сепак еден од најголемите европски клубови го објави името на својот нов менаџер. Тој е миленик на навивачите на Манчестер Јунајтед и остана запаметен по победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година во Барселона, која црвените ѓаволи го победија Баерн Минхен со 2-1, токму за овој гол станувало збор во избришаниот пост. Солскер во последните секунди од финалето го постигна победничкиот гол . Инаку, легендарниот Норвежанец 11 сезони мина на во тимот од Олд Трафорд и за тоа време постигна 126 голови на 366 натпревари. We can confirm that Ole Gunnar Solskjaer has been appointed as caretaker manager until the end of the 2018/19 season. He will be joined by Mike Phelan as first-team coach, together with Michael Carrick and Kieran McKenna. #MUFC — Manchester United (@ManUtd) December 19, 2018 Солскер ќе биде заменета на Мурињо на клупата на Јунајтед, според ББЦ негов прв помошник ќе му биде Мајк Фелан. Солскер сезонава беше предводник на тимот на Молде. Наводите дека Солскер седнува на жешката клупа на Јунајтед ги потврди и премиерката на Норвешка Ерна Солдберг која на социјалните мрежи му честитала на легендарниот фудбалер. „Голем ден за норвешкиот фудбал. Среќно во водењето на „Црвените ѓаволи“ , напишала премиерката Солдберг , но потоа и таа го избришала твитот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter