КултураСоло рецитал на виолинистот Бојан ИлкоскиВо камерната сала на Македонската филхармонија утревечер соло рецитал ќе одржи виолинистот Бојан Илкоски. На програмата ќе бидат изведени капитални дела од опусот за соло виолина, дела од Ј.С. Бах, Н. Паганини и Е.Изаи.Илкоски годинава одржа уште два рецитала. Во мај се претстави пред велешката публика во театар „Џинот” заедно со пијанистот Дино Имери, а солистички концерт имаше и во Скопје во рамките на фестивалот „Златна лира 2017“. Своето музичко образование Илкоски го започнува на 7-годишна возраст во ДМБУЦ-Илија Николовски-Луј Скопје, каде ги завршува нижото и средното музичко образование. Првите контакти со виолината ги остварува на својата седум-годишна возраст со проф.Румен Димитриев, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Олег Кондратенко. Од неодамна Илкоски е редовен член на симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија како и член на оркестарот за филмска музика на FAME`S. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноВо куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)Перуанските царински службеници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери.Перуанските цариници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери, соопшти Перуанската Национална служба за шумарство и див свет (Serfor). Вредноста на запленетата пратка се проценува на околу 100.000 долари, а животните, според властите, биле наменети за нелегална продажба во Кина, пренесува AFP. Во два куфери, кои требало да бидат сместени во товарниот простор на авионот, пронајдени се 386 тарантули од различни видови, 166 стоногалки, 112 скорпии и седум гуштери, како и шест мртви мравки. Според соопштението на Serfor, некои од пронајдените видови претходно биле непознати за науката. Животните биле сместени во херметички затворени кеси, кои потоа биле сместени во пластични кутии и завиткани во влажни хартиени крпи за да го преживеат долгото патување од Лима до Кина. Кора Суарез, претставничка на агенцијата, изјави дека ова ново откритие е резултат на заедничка работа на надлежните агенции и претставува удар врз мрежите вклучени во нелегалната трговија со диви животни. Таа предупреди на растечката нелегална побарувачка за безрбетници, кои се продаваат како домашни миленици во европските и азиските земји. Двајца кинески државјани се во притвор од перуанската полиција, а против нив се води кривична постапка пред обвинителството специјализирано за еколошки злосторства. На почетокот на ноември, перуанските власти запреа и двајца германски државјани и еден Полјак на истиот аеродром кои се обидоа да ја напуштат земјата со повеќе од 10.000 тарантули скриени во нивниот багаж.Тагови: тарантули цариници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБројот на починати од ебола во Конго надмина 6.000- најголема епидемија во историјата на земјатаЕпидемијата на ебола во ДР Конго одзеде повеќе од 6.000 животи, покажуваат најновите владини бројки, додека смртоносната болест продолжува да расте и покрај напорите за ограничување на нејзиното ширење, објави денеска Ројтерс.17-тата епидемија на ебола во ДР Конго, најлошата во историјата на земјата, беше прогласена на 15 мај и е предизвикана од сојот на ебола Бунгибугјо, за кој не постои одобрена вакцина или третман. Податоците објавени од конгоанската влада во саботата покажаа дека бројот на смртни случаи од болеста се искачил на 6.025, а потврдените случаи достигнаа 12.254 во осум провинции. Тековната епидемија во Конго беше надмината само од епидемијата на ебола во Западна Африка од 2014-2016 година, која инфицираше повеќе од 28.600 луѓе и уби повеќе од 11.000 низ Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Официјалните бројки покажуваат дека еболата сега се шири и убива двојно побрзо. Здравствените експерти ги наведуваат хроничниот недостаток на средства, недовербата во здравствените институции и растечката несигурност како главни пречки за ограничување на епидемијата.Тагови: ебола Конго Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМлада Русинка е пронајдена мртва во хотел на Тајланд- Индиец е осомничен за убиството (ФОТО)Телото на 27-годишна руска државјанка е пронајдено во хотелска соба во тајландското одморалиште Патаја. Полицијата се посомневала во индиски државјанин за нејзината смрт, кој, според медиумските извештаи, бил нејзин партнер, пишува руски Комерсант. Мажот што бил во собата со неа отишол кај персоналот на хотелот и пријавил дека жената починала. Полициската станица во покраината Чонбури добила пријава за случајот околу 11:30 часот по локално време во петокот. Според досегашните информации, на инцидентот му претходела расправија што избувнала околу 4 часот наутро. Неколку часа подоцна, самиот осомничен ги известил персоналот на хотелот за смртта на Русинката. Знаци на борба во собата Истражителите од Тајланд потврдија дека пронашле знаци на борба во собата. Според медиумските извештаи, покрај телото се пронајдени скршено огледало и парчиња стакло, а во собата се видливи и траги од крв. Kommersant reports that a 27-year-old Russian woman has been found dead in a hotel room in Pattaya, Thailand, following an altercation with her 41-year-old Indian boyfriend. The woman, identified as Renata Siraeva from Yoshkar-Ola, was a professional cosplayer who frequently travelled to Thailand, according to SHOT. The room reportedly contained a broken mirror and traces of blood, while her boyfriend admitted to police that they had fought and that he had struck her in the face. He claims he subsequently went to sleep and discovered her body the following morning. SHOT reports that investigators are also considering suicide after finding nearly empty medication packets in the room, but the exact cause of death remains undetermined, with forensic examinations continuing. — Brian McDonald (@BrianMcDonaldIE) November 28, 2026 Истрагата е во тек Точната причина за смртта сè уште не е утврдена и телото е пренесено на обдукција. Судските експерти работат на случајот. Осомничениот наводно изјавил дека за време на расправијата се случила физичка пресметка.Тагови: Русинка Тајланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook