КултураСолистички концерт на португалскиот пијанист Васко Дантес на „Охридско лето"Музичката програма на фестивалот „Охридско лето" за вечер нуди солистички концерт на португалскиот пијанист Васко Дантес.Васко Дантас е роден во Порто во 1992 година и студиите со највисоки оценки ги завршува на Кралскиот колеџ за музика во Лондон каде студира пијано со Дмитри Алексееев и Нил Имелман и диригирање со Петер Tарк и Наталиjа Луис Баса. Постдипломските студии ги завршува на Универзитетот во Мунстер, Германија, во класата на Хериберт Кох каде запишува и докторски студии. Добитник е на повеќе од 50 награди и признанија од натпревари и фондации низ светот – во Рим, Малта, Мароко, Германија, Португалија…Во 2019 дебитира во Карнеги хол во Њујорк, а во годините пред тоа настапува како солист со Кремлинскиот камерен оркестар во големата сала на конзерваториумот „Чајковски" во Москва, во Ахен со Младинскиот симфониски оркестар на Германија, во Азија настапува со Симфонискиот оркестар на Хонг Конг и др. Бројните настапи го носат на следните концертни сцени во: Австрија, Белгија, Бразил, Кина, Хрватска, Франција, Германија, Италија, Косово, Малта, Мароко, Португалија, Русија, Србија, Сингапур, Шведска, Тајланд, Велика Британија и САД. Во областа на педагогијата, Васко Дантас има магистрирано на универзитетот Авеиро, и носител е на диплома „Уметност на педагогијата" од Лондонскиот колеџ за музика. Има ограничен број приватни ученици и одржува мајсторски курсеви на бројни фестивали. Васко Дантас е уметнички директор на Фестивалот за камерна музика во Алгарве во јужна Португалија. Неговите снимени материјали се објавени на неколку носачи на звук „Променада" (2015), „Златниот Лист" (2016), „Фреитас Бранко" (2020) и „Поетски сцени" (2020). За концертот на Дантес е резервирана сцената во катедралната црква „Света Софија". Почетокот на концертот е од 21 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
МакедонијаДраматичен пожар во ЗелениковоДраматична ноќ во Зелениково, голем пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното место. За среќа со брза интервенција на жителите, доброволните и професионалните пожарникари, како и на Општина Зелениково, огнот бил запрен пред да ги зафати домовите. -Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, околу 2 часот по полноќ добил телефонски повик од видно вознемирена жителка која побарала помош бидејќи пожарот се приближувал кон нејзината куќа. Според Ангелов, веднаш бил известен дежурниот пожарникар во Скопје, од каде му било потврдено дека за пожарот веќе знаат и дека противпожарно возило од станицата во Драчево било упатено кон Зелениково. Ангелов во тој момент се враќал од Македонски Брод, каде биле направени подготовките за денешната интервенција на пожарот што гори на висок и тешко пристапен карпест терен. По повикот, тој се упатил кон Зелениково и околу половина час подоцна пристигнал на критичната локација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиАмериканска пливачка собори два светски рекорда во ист денАмериканската пливачка Кејт Даглас собори два светски рекорда во ист ден на Првенството во пливање „Пан Пацифик“ во Ирвин, Калифорнија.Во финалето на трката на 50 метри слободен стил, Даглас дополнително го подобри рекордот што го постави само неколку часа претходно во квалификациите. Во финалето, Даглас ја заврши трката за 23,19 секунди, надминувајќи го сопствениот резултат од 23,49 секунди од утринските квалификации за дури 30 стотинки. Со тоа, таа повторно го презеде светскиот рекорд во оваа дисциплина од својата сонародничка Гречен Волш. Волш претходниот светски рекорд од 23,55 секунди го постави на 28 јуни на митингот „Сет Коли Трофи“ во Рим, но Даглас двапати го собори светскиот рекорд во текот на истиот ден. Американката претходно учествуваше во соборувањето на светскиот рекорд во штафетата 4x100 метри мешано на првата вечер од натпреварувањето, заедно со Гречен Волш, Ван Матијас и Вил Модглин. Даглас е освојувач на пет олимписки медали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.Две постари жени загинаа, а две бебиња се повредени во поплави и одрони предизвикани од обилни врнежи во рурална област во северозападна Шпанија. Локалните власти ја потврдија информацијата. Поради најавените невремиња и обилни врнежи, во недела е на сила жолто предупредување за временските услови во седум региони, пренесува Ројтерс. Службите за итни интервенции во автономната заедница Кастиља и Леон соопштија дека загинатите жени имале приближно 60 и 80 години. Несреќата се случила доцна во саботата вечерта во селото Манзанедо де Валдуеза, недалеку од Понтеведра. Надлежните исто така објавија дека две доенчиња се здобиле со нагмечувања и им била укажана лекарска помош. ⚠️⛈️ Al menos dos muertos, varios heridos y desaparecidos por una riada en Manzanedo de Valdueza, Comarca del #ElBierzo ( #León), debido a las fuertes #tormentas. #FMA @eldiarioes pic.twitter.com/HVUdkSNlwo — InfoMeteoTuit (@InfoMeteoTuit) August 15, 2026 Шпанската агенција за цивилна заштита издаде предупредувања за невреме и обилни врнежи од дожд за недела, кои опфаќаат седум региони во централните и северните делови на земјата. Овие поплави доаѓаат по повеќенеделен период на рекордно високи температури, за време на кој земјата беше погодена и од серија големи шумски пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook