Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ТехнологијаСоларен саем за обновливи извори на енергија од 15 до 17 септември во Скопје Во организација на Македонската соларна асоцијација од 15 до 17 септември во Скопје Сити Мол ќе се одржи Соларен Саем, на кој ќе учествуваат повеќе од дваесетина компании. Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најновите технологии од соларниот сектор на 24 локации на приземјето на трговскиот центар. Како што најавуваат организаторите, на настанот ќе бидат присутни производители и трговци на соларна опрема како: фотоволтаични колектори, термални колектори, акумулаторски батерии, топлински пумпи, фото/термални колектори, громобранска заштита, системи за греење/ладење/вентилација, бакарен фитинг за термални системи, инвертори, соларни сушари, воздушни колектори, електрични велосипеди и електрични полначи, конструкции за монтажа на соларни колектори и соларни бојлери. Посетителите ќе можат да учествуваат и на дискусии за користење на обновливи извори енергија за домаќинства и да слушнат препораки од граѓанските организации кои работат во овие сектори. При разгледувањето на соларната опрема граѓаните ќе можат да остварат непосредни средби и со претставници од банкарскиот сектор и со донатори и ќе добијат корисни препораки за различни опции за финансирање при избор на опрема. За најчестите прашања од граѓаните, кои пристигнуваат на адреса на асоцијацијата како: „Која е правната регулатива, кога се инсталира фотонапонски систем?“; „Кои се чекорите за одржување на системот за негово одржување?“; „Каде може да пронајдеме субвенции?“... Солар Македонија подготви одговори во „Климатско нетурален прирачник“, кој, посетителите ќе можат да го погледнат на саемот преку скенирање на QR код. Целта на саемот е да се намали влијанието на климатските промени преку примена на обновливи извори енергија. -Ова би се постигнало преку сеопфатна едукација на населението. Зајакнувањето на капацитетите е можно со зголемување на јавната свест за инвестиција во сертифицирана опрема според европска регулатива. Многу често зборуваме за енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, но ретко се прашуваме, кои сертификати и услови се неопходни при избор на најадекватниот систем. На овој саем граѓаните ќе можат да се едуцираат и информираат каква опрема се нуди кај нас, каде има субвенции, поволни кредитни линии за енергетска ефикасност и на лице место да погледнат во каква опрема би можеле да инвестираат, велат професор Илија Насов и машинскиот инженер Стефан Трајков од асоцијацијата Солар Македонија. Раководителот на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени Жарко Конески вели дека целта е да ја подигнеме свеста за моќта која ја имаат граѓаните како потрошувачи за да влијаат на подобрување и заштита на животната средина, штедење на струја и наедно пари. - Само така ќе се намалат последиците од климатските промени. На настанот ќе бидат присутни и граѓански организации кои работат во секторите животна средина, енергија и клима, па присутните ќе можат да се информираат повеќе и за нивните активности и кампањи, истакнува Конески. Македонската Соларна Асоцијација, „Солар Македонија“ е здружение со над 70 членки и претставува стручно, научно, образовно и невладино здружение, чија мисија е зајакнување на соработката помеѓу македонските компании во секторот за сончева енергија (производители, изведувачи, увозници, трговци), како и поврзување на експерти и научници oд сите научни гранки за промоција и поголема искористеност на обновливите извори на енергија. Здружението работи на повеќе нивоа во синџирот на добавување - од производство до сервис и одржување на сончевите енергетски системи, како и на промоција на сончевата енергија како одржливо решение за енергетските потреби. Дополнително е верифициран тренинг центар, кој издава валидни лиценци за монтажери признаени од Министерство за Образование и Центарот за образование на возрасни. Саемот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест” и во соработка со „Македонското здружение на млади правници“ и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP). Целиот проект финансиски е поддржан од Владата на Кралството Шведска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
СветИзраел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија. Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица. Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол. Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.Тагови: Западниот Брег Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноСлон збесна среде поворка: Го отфрли светиот престол од 650 килограми, луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)Слон кој носел свет златен ритуален престол од 650 килограми (1.300 фунти) беснеел за време на фестивал во Индија, соборувајќи автомобил и оштетувајќи ги блиските згради.Вознемирувачките снимки покажуваат како луѓето бегаат додека властите се обидуваат да го контролираат животното, кое на крајот го фрла својот скапоцен товар од грбот. Избран од илјадници животни Снимката покажува како луѓето бегаат додека властите се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола. Азискиот слон потоа соборил пиедестал украсен со злато и скапоцени камења, на кој се наоѓала статуа на божицата Чамундешвари, објавува Телеграф. Слон по име Соманана, чија сурла била украсена со црвени и златни шари, бил избран од илјадници животни да ја предводи главната поворка за време на десетдневниот свет фестивал. Слонот заспан со седативи Церемонијата се одржала на улиците на југозападната држава Карнатака. Службениците изјавија дека подоцна бил седатив и се опоравува во блискиот храм. Dasara procession turns to tragedy in Shivamogga. The elephant carrying the Ambari runs amok across the streets damaging buildings and vehicles before coming to a halt as the 650 kilo silver ambari it was carrying falls down. https://t.co/zQlPX4HuOg — Deepak Bopanna (@dpkBopanna) October 21, 2026 Министерот за шуми, екологија и животна средина на Карнатака, Рамалинга Реди, изјави дека слоновите што ќе учествуваат на церемонијата во иднина ќе мора да поминат најмалку 20 дена обука.Тагови: слон престол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСтејт департмент: САД и Данска потпишаа меморандум за поморска соработкаДанските инвестиции во американските бродоградилишта и побрзата обука на работниците се дел од договорот за поморска соработка меѓу САД и Данска. Меморандумот за разбирање го потпишаа американскиот заменик-државен секретар за економски прашања, Јакоб Хелберг, и данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, соопшти Стејт департментот. Се очекува соработката да им помогне на САД да ги обноват своите поморски капацитети, да обучат квалификувани работници и да ги зајакнат синџирите на снабдување. Исто така, планира да користи напредни технологии за побрзо и поевтино градење и поправка на бродови, се вели во соопштението. Стејт департментот очекува партнерството да создаде нови, добро платени работни места во американските заедници и да ја зајакне американската поморска индустриска база. Стејт департментот на САД и данското Министерство за надворешни работи ќе го водат спроведувањето на меморандумот. Документот е првиот чекор кон пошироко поморско партнерство меѓу САД и Данска, се вели во соопштението. Тагови: Данска САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook