СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
1СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
КошаркаСоколи продолжува во победнички ритамТрета победа во исто толку одиграни натпревари за екипата на Соколи сезонава во Првата македонска кошаркарска лига, откако вечерва беше совладано Куманово со резултат 69:61 (13:11, 19:14, 15:21 и 22:15).Претходно се одиграа уште два натпревари од оваа рунда: Работнички – Гоце Делчев 87:65 и Кожув – Фени Индустри 80:70. Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Водњански Лисици ќе се игра на 29 октомври. Слободна во ова коло беше екипата на Струмица. Табела: Соколи 3-0 (победи-порази), Работнички 2-0, Фени Индустри 2-1, Куманово 2-1, Кожув 1-2, Гоце Делчев 1-2, МЗТ Скопје Аеродром 0-1, Водњански Лисици 0-2, Струмица 0-2.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на ГостиварВладата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено. Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше. А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава. Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија. Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие. За ова мораат кривично да одговараат: • Христијан Мицкоски • министерот Клековски • и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар. Ова сѐ уште трае. Одговорноста не може и не смее да се избегне. Го повикуваме Савевски барем еднаш да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните. Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан во Гостивар, откако полициските службеници од ОВР Гостивар, веднаш по објавеното видео на социјалните мрежи, презедоа низа мерки и активности за целосно расчистување на случајот.На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои при нападот употребиле тврди и дрвени предмети. За настанот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки и во координација со надлежен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар по преземени мерки и активности ги идентификуваа тројцата учесници во насилниот настан. Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д.(20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување. По целосно документирање на случајот, во текот на денешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка. Тагови: мвр насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter