3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЗдравјеСојузот на здружение на дијабетичари бара регистар и национален план за справување со дијабетесДа се објави регистарот со дијабетес, односно да се формира и да се објави затоа што ние немаме официјална бројка колку лица со дијабетес има, имаме само претпоставки, разни информации од разни места. Итно донесување на национален план за справување со дијабетес, објавување на регистар на дијабетес за да се има официјална бројка на заболени во државата, но и поголема едукација за превенција од оваа болест побараа денеска на прес-конференција од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија. Според претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Диме Велев, главното барање, поаѓајќи од фактот дека голем од заболени лица со коронавирусот се со дијабетес, е итно да се донесе национален план за справување со дијабетес односно превенција. Како што додаде, планот е готов но треба да се усвои и да се модифицира со пандемијата од Ковид-19. -Да се објави регистарот со дијабетес, односно да се формира и да се објави затоа што ние немаме официјална бројка колку лица со дијабетес има, имаме само претпоставки, разни информации од разни места. Согласно ситуацијата најсериозната потреба за едукација особено за семејствата со децата до 18 години, бараме под итно да ни се вратат камповите за едукација од превенција од дијабетес и справување со Ковид 19. Велев побара и сите иновативни терапии во следниот тендер кои се регистрирани во државата да имаат можност да бидат набавени во рамките на тоа што е предвидено, да постои можност и најновите инсулини и најновите таблети да бидат достапни до лицата со дијабетес со тоа што, како што рече, ќе има можност секој дијабеталог во државата да го препишува редовно. Во делот на менаџирањето на дијабетот, Велев потенцира дека во следниот период потребно е сите деца и адолесценти до 18 години да добијат бесплатно, односно на државна сметка да им се доделат сензори во текот на целото време за да се намали боцкањето и стресовите и да можат нормално да почнат да живеат тие деца. -Исто така, да се вратат сите прегледи итно не само на шест месеци со тоа што сега бараме Министерството за здравство, Комисиите, Националната комисија за дијабетес и Комисијата за заразни болести да ги врати протоколите комплетно особено на неврологија и на офтомотологија бидејќи тука имаме пораст на лица кои имаат потреби за апликација на терапија за спас на вид, а државната офтоматологија не ги аплицира. Ние бараме тоа веднаш да се регулира, да се вратат барем тие прегледи односно тие апликации. Ние иако имаме редовна соработка со Министерството за здравство, со клиниките сметам дека овие барања се реални и дека е потребно да се разговара со надлежните, со фондот за здраввто национална комисија за дијабетес и кониките, додаде Велев. Сојузот на здружение на дијабетичари апелира Министерството за образование и Министерство за здравство да објават посебен протокол за престој, третман и едукација на децата со хронични заболувања, затоа што според Сојузот, не секое училиште и не секој наставник е подготвен да има работа со дете со хронично заболување. -Во текот на јули бевме во посета на многу градови со сите здруженија, сите родители се исплашени, во паника со многу прашалници, на сите ние е здравјето пред се, затоа очекуваме посебен протокол затоа што не секое училиште, не секој наставник е подготвен да има работа со дете со хронично заболување, рече тој. Според Велев, потребно е да се овозможи колку што може онлајн настава, но и да има физичко присуство за она што не може да се совлада онлајн, односно со дополнителни часови. Постои и идеја тие деца да одат како група, односно да бидат третирани посебно, бидејќи како што рече, тие не се многу деца, околу 500 во целата држава. -Не само за дијабетес, има и други хронични болни деца на кои исто им треба посебен третман. Не мислам на тоа да ги довојуваме, не зборувам за дискриминација. И тие деца треба да бидат интегрирани, но за оние кои се посебно од помала возраст, мора да се внимава, рече Велев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28