Сојузот на средношколци и во понеделник нема да се вклучи на настава

Бараат поддршка од пратениците.

Очекуваме и бараме поддршка од сите пратеници и сите политички партии за нашите барања во врска со државната матура, затоа што овие барања не смеат да бидат политизирани, изјави денеска претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи по состанокот што Сојузот го одржа со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што информира Ходаи, Генералното собрание на Сојузот на средношколци на денешниот состанок што ќе се одржи попладнево ќе одлучи дали ќе бојкотираат или протестираат во текот на наредните денови. Сепак, како што додаде, во понеделник нема да се вклучат во наставата.

-Тоа што го знам е во понеделник е сигурно дека нема пак да се вклучиме во настава затоа што матурантите низ целата држава се фрустрирани и ние не можеме да носиме одлуки против нивниот интерес, додаде Ходаи.

На средбата со групата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, се дискутирало за барањето на Сојузот за државната матура, поточно за намалување на бројот на предметите од четири до два.

Ходаи потсети дека во четврток доставиле писмо за поддршка до сите пратеници во Собранието и како што рече, и наредниве денови ќе бараат поддршка за нивните барања да бидат дискутирани во јавна дебата во Собранието.

-Ние денеска како Сојуз на средношколци сме многу отворени за сите да ги дискутираме нашите барања со сите пратеници на сите политички партии затоа што сметаме дека овие барања не треба да бидат политизирани. Ова е нешто што го сака мнозинството на матуранти кои се во нашата држава, додаде претседателот на Сојузот.

Прашан дали до сега добиле одредени притисоци од директорите или наставниците, Ходаи рече дека нема многу информации околу притисоци од другите страни или градови. Сепак појасни дека доколку има одредени „скриншоти", аргументи или факти дека има притисоци, истите веднаш ќе бидат објавени.

-Јавноста треба да знае дека никој нема право да ги врши притисоци или закани до матурантите, рече Ходаи.

Игор Здравковски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска по средбата со Сојузот на средношколци изјави дека го примиле барањето од Сојузот, и оти како ВМРО-ДПМНЕ и како дел од Комисијата за образование и наука и спорт која што е матично тело во ова Собрание одговориле на ова барање, и сметаат дека апсолутно имаат право да си ги бараат средношколските права.

–Како ВМРО ДПМНЕ сметаме дека апсолутно имаат право да си ги бараат своите средношколски права поради сите овие околности коишто се настанати од ковид пандемијата. Со ова не се прекршува ниту Уставот, ниту законите и затоа имаат асполутна поддршка. Ќе пробаме да ги искористиме сите алатки кои ни стојат на располагање за да ги актуелизираме ова прашање, додаде Здравковски.

Прашан дали како пратеничка група ќе иницираат законски измени во Собранието, Здравковски одговори оти разговараат, ги разгледуваат сите опции, имаат јавна расправа и постои опција да се стави ова како предлог закон на Комисијата за образование, наука и спорт.

-Имаме исто така опција да предложиме на седница да одиме директно на пленарна седница со ваква точка. Сакаме да добиеме широка поддршка дури и од овие кои што се претставници на Комисијата нод мнозинството за заеднички да донесеме што е можно побрзо решение, затоа што има и некои рокови што се проблематични што понатаму доколку се одложи целиот овој процес, би претставувало проблем за средношколците, посочи Здравковски. /МИА

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ,за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Носителката на листа од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани. 

Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.

Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово - Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.

Олимпискиот оган го започна патувањето од Грција кон Франција за ЛОИ „Париз 2024“

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“.

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“, а на 8 мај се очекува да пристигне во Марсеј, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимпискиот оган за првпат ќе биде пренесен по морски пат, а според најавите, „Белем“ ќе го придржуваат 1.000 бродови.

Вчера, на церемонија на античкиот стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, онаму каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, олимпискиот оган им беше официјално и свечено предаден на организаторите на Летните олимписки игри „Париз 2024“.

Спасовски: 27 ми април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори

Никогаш не смееме да заборавиме и да дозволиме да се повтори 27 ми април, најцрниот ден, најцрниот датум во историјата на македонската демократија.

Сликите и снимките од крвавите настани, за кои на овој начин денеска пред македонското собрание потсетуваме, нека останат паметник за тоа какви последици има од десничарскиот режим на ДПМНЕ.

Насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок.

А насилници никако не се уставобранители како што Мицкоски и Силјановска ги нарекуваат.

Најавите за нивно помилување се скандалозни и недозволиви и покажува дека ништо не е променето во ДПМНЕ.

Почитувани,

27 ми април е тежок, крвав потсетник колку лесно опасна власт може да ја втурне земјата во провалија.

Не смееме да заборавиме и не смееме да се откажеме од борбата за слобода, демократија, правда и правичност.

СДСМ не се откажа на 27 април, нема да се откаже ниту на 8 мај.

Глас на 8 ми мај за СДСМ и коалицијата е глас за слободна, демократска и европска држава.

Изјава за медиуми, Оливер Спасовски носител на ИЕ2

СДСМ

притисни ентер