Софија Вергара позира во мини фустан и ја покажа лузната од операцијата на коленото (ФОТО) - Канал 5

Софија Вергара позира во мини фустан и ја покажа лузната од операцијата на коленото (ФОТО)

Софија Вергара на Инстаграм објави фотографија од снимањето во Мадрид.

Софија Вергара позира во мини фустан и ја покажа лузната од операцијата на коленото (ФОТО)

52-годишната актерка позира во бел фустан со шлиц. Таа седи на стол и ја подигна ногата и покажа лузна на ногата што беше резултат на неодамнешна операција. Јаху пишува дека Вергара пред пет месеци имала операција на коленото и се уште се опоравува.

Актерката не им открила на обожавателите зошто била оперирана. Рекла само дека за неа се грижи нејзиното момче, ортопедскиот хирург Џастин Салиман. „Ако некогаш имате голема операција на коленото, погрижете се да имате секси лекар кој ќе спие со вас таа вечер“, рече таа тогаш.

Потсетуваме, гласините за нивната врска започнаа откако беа снимени на средба во Беверли Хилс, Калифорнија на крајот на октомври минатата година. После тоа, папараците ги снимија уште неколку пати.

На почетокот на годината медиумите објавија дека романсата на Софија и Џастин не траела. Извор близок до актерката тогаш изјавил дека таа не е подготвена за сериозна врска.

„Сè уште постои таа искра помеѓу Џастин и Софија, но Софија повеќе ужива да биде соло, не сака да се смири со никого, дури и ако ја имаат оваа неверојатна хемија“, вели изворот. Но, се чини дека нивната врска опстанала.

Врската со хирургот ја започнала по разводот со Џо Манганиело.

Џастин претходно беше во брак со актерката Бри Тарнер, позната по улогите во Грим и Грдата вистина. Тие поминаа десет години заедно и се разведоа во 2018. Имаат две деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците запреа танкер во Оманскиот залив по предупредување од Британците

Британската агенција за поморска трговија (UKMTO) издаде безбедносно предупредување по инцидентот што се случи вчера во Оманскиот Залив. 

Американците запреа танкер во Оманскиот залив по предупредување од Британците

Предупредувањето е издадено врз основа на дојава дека танкер и воени сили биле вклучени во инцидентот. Речиси истовремено, Асошиејтед Прес објави дека Американската централна команда (CENTCOM) го онеспособила моторниот танкер „Лавин“, кој наводно се обидел да ја пробие американската поморска блокада на Иран.

Засега нема официјална потврда

Досега не е официјално потврдено дали предупредувањето на британската агенција и американската воена операција се однесуваат на истиот настан. Американската централна команда сè уште не дала официјална изјава за целиот случај, а причините зошто не го сториле тоа се непознати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американска ѕвезда е уапсена- возел пијан

Поранешниот квотербек во НФЛ, Тони Ромо, се најде во центарот на скандал откако беше уапсен во Милвоки под сомнение за возење под дејство на алкохол. 

Американска ѕвезда е уапсена- возел пијан

Според американските медиуми, поранешниот ас не го положил стандардниот полициски тест за трезвеност, поради што веднаш бил приведен.

Полицискиот тест вклучува проверка на движењата на очите, одење по права линија со вртење и одржување рамнотежа на една нога. Не беше објавено во кој дел од тестот Ромо не успеал, ниту дали бил подложен на алкотест или го одбил.

По апсењето, Ромо беше пуштен да се брани од слобода, но ќе мора да се појави на суд во септември. Во државата Висконсин, возењето под дејство на алкохол се казнува со парични казни, одземање на возачка дозвола, а во сериозни или повторени случаи, затворска казна.

Ромо ја помина целата своја НФЛ кариера во Далас Каубојс, каде што сè уште го држи рекордот на франшизата за бројот на фрлени додавања за тачдаун. Тој беше избран за Про Боул четири пати, а по завршувањето на неговата играчка кариера, изгради успешна кариера како телевизиски аналитичар на CBS.

Американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес досега одби да коментира за инцидентот во кој е вклучен нивниот познат експерт-консултант.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Њујорк Тајмс: Тајните служби го предупредиле Трамп, среде патување го смени претседателскиот авион

На почетокот на јуни, поради иранската закана, американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш го смени авионот што го користеше за да го напушти самитот на НАТО во Анкара.

Њујорк Тајмс: Тајните служби го предупредиле Трамп, среде патување го смени претседателскиот авион

На почетокот на јуни, поради иранската закана, американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш го смени авионот што го користеше за да го напушти самитот на НАТО во Анкара, летајќи во постар „Ер Форс Уан“ наместо оној што му го даде Катар, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Американските медиуми, врз основа на тврдењата на анонимни извори, пишуваат дека заканата се појавила додека Трамп учествувал на состанок на НАТО. Тој претходно пристигнал во турската престолнина со нов „Боинг 747-8“, подарок од Катар, без напредните одбранбени капацитети на стариот „Ер Форс Уан“.

Замена на авионот и објаснување

По предупредување од тајните служби, Трамп го смени авионот, тврдејќи дека промената е направена за да им се даде можност на американските војници во Велика Британија да го видат новиот авион, пишува „Тајмс“. Трамп ја напушти Турција со стар авион, а потоа во Обединетото Кралство се качи на новиот претседателски авион, кој го користеше за да го продолжи летот до Вашингтон.

Истрага за протекување информации

„Њујорк тајмс“ претходно овој месец објави дека властите имаат сомнежи за безбедносните капацитети на авионот што му бил подарен на републиканецот од земја од Блискиот Исток. Властите одговорија на тие написи со истрага за протекувањето на информации, барајќи сведочење од неколку новинари пред порота, како и предавајќи список на повици до нив и нивните семејства.

Трамп минатиот викенд призна дека на новиот авион му недостасуваат некои карактеристики што ги имаат старите претседателски модели на Боинг, одговарајќи на новинар кој го забележа недостатокот на противракетна одбрана. Тој рече дека катарскиот авион наскоро ќе биде „целосно опремен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер