Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
Шоу бизСофија Вергара ја збуни јавноста – Дали вака изгледа во шестата деценија?Во црвено бикини го прослави 54-тиот роденден.Софија Вергара го прослави својот 54-ти роденден во Италија и преку фотографиите од патувањето уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните жени во Холивуд. Актерката своите роденденски моменти ги сподели на Инстаграм, каде посебно воодушевување предизвика кадарот каде таа позира на јахта во црвено бикини, со препознатлив пејзаж од италијанскиот брег. Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, позира во едноставен црвен костим за капење што ја истакнува нејзината витка фигура. Бев впечатливи модни додатоци, Софија уште еднаш докажа дека за добар летен кадар е потребно многу малку. Роденденската фотографија предизвика лавина реакции View this post on Instagram A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) Долгата костенлива коса ѝ паѓа преку рамената, додека шминката е прилагодена на нејзиниот препознатлив гламурозен изглед. Усните ги нагласила со неутрален кармин, а целото издание го надополнила со дискретно синџирче, бразлетна и часовник. Фотографијата за брзо време предизвика над стотина илјади реакции, а коментарите од обожавателите кои не го криеја своето воодушевување само се нижеа. Многумина ѝ порачаа дека изгледа многу помладо, а комплиментите на сметка на нејзината фигура, енергија и самодоверба пристигнуваа од различни делови на светот. Софија покрај својата објава им се заблагодари на сите кои ѝ го честитаа роденденот, духовито осврнувајќи се на големиот број торти што ги добила за време на прославата. Толку сум среќна за љубовта што ми ја дадовте вчера. Тоа беше најдобриот ден во мојот живот и ѝ благодарам на Италија за сите 300 торти! 54 е добар број! – напишала таа. Цветен фустан и патики за прошетка низ Капри За време на роденденското патување, Софија Вергара прошета и низ улиците на Капри. За оваа прилика таа избрала цветен фустан со средна должина кој ја следи линијата на телото и ги нагласува нејзините облини по кои со години е препознатлива. Наместо сандали со висока потпетица, како што најчесто носи на јавни настани, актерката избрала бели патики. Неочекуваниот спој на романтичниот фустан и спортските обувки се покажа како модерен и практичен избор за прошетка по камените италијански улици. Актерката како вистински турист застана и на сладолед. Токму тој опуштен кадар ја покажува другата страна од нејзиниот одмор – без црвениот тепих, комплицираните креации и строго смислените пози. Прослава со семејството, пријателите и многуте торти Роденденската прослава се одржа на луксузна јахта на италијанскиот брег со нејзините пријатели и семејството. Меѓу гостите беше и нејзиниот син Маноло Гонзалес Вергара, а на снимките што ги сподели има музика, танцување, прскалки и голем број торти, вклучувајќи ја и онаа со нејзиниот лик. За вечерната прослава, славната актерка избрала припиен црвен фустан без прерамки, останувајќи доследна на бојата што ги обележа нејзините роденденски фотографии. Со песна, смеа, дување свеќи, Софија уживаше во вниманието од најблиските. Бројни честитки ѝ упатија и пријателите и колегите, но и милион обожаватели кои со години ја следат нејзината работа. Наместо годините да ги доживува како ограничување, Софија Вергара 54-тиот роденден го обележа токму онака како што се очекува од неа – со гламур, добра забава и самодоверба што ниеден фустан не може да ја замени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24