Софија Вергара: Големите гради ми ги отворија сите врати - Канал 5

Софија Вергара: Големите гради ми ги отворија сите врати

Една од најубавите жени на светот во последните неколку децении, „жешката“ Софија Вергара на јавноста и каже дека нејзиното убаво тело и облини биле клучни во градењето на кариерата во шоу бизнисот. 

Софија Вергара:  Големите гради ми ги отворија сите врати

Големите гради и тело ми отворија врати, изјавила Софија Вергараза странските медиуми. Таа се присети на времето кога почна да работи како модел и целата заслуга за нејзината светска слава ја припишува на нејзиниот добар изглед.

-Тоа беше мојот пасош за светот кога имав 20 години и почнав да се занимавам со манекенство и како модел, но денес имам 51 година и сè уште сум тука - рекла Вергара.

Актерката објаснува и како ризикувала во кариерата, што и ја зацврстило кариерата и дека не се потпирала само на добриот изглед.

- Има поубави и помлади жени, кои имаат поголеми гради и подобро тело од мене, но јас сум сепак тука затоа што покажав дека можам - рече таа и додаде дека ако луѓето ги гледаат само нејзините гради, а не нејзиниот талент, тогаш тоа е нивен проблем – изјавила актерката која ужива статус на секс симбол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Денес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“.

Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација.

Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Утре сончево со мала до умерена облачност

Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.

Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер