Софија потврди дека Техеран преку дипломатска нота предупредил да не се дозволи користење на бугарските аеродроми за напади врз Иран - Канал 5

Софија потврди дека Техеран преку дипломатска нота предупредил да не се дозволи користење на бугарските аеродроми за напади врз Иран

Иран минатиот месец испратил дипломатска нота до Бугарија.

Софија потврди дека Техеран преку дипломатска нота предупредил да не се дозволи користење на бугарските аеродроми за напади врз Иран

Бугарското Министерство за надворешни работи потврди дека Иран минатиот месец испратил дипломатска нота до Бугарија, како членка на НАТО, со предупредување да не им дозволува на САД користење на своите аеродроми за авиони кои учествуваат во воените операции против иранската територија.

Информацијата стана јавна откако пратеникот Станислав Балабанов објави нота датирана од 18 март, во која иранската влада протестира поради присуството на американски авиони-цистерни на софискиот аеродром „Васил Левски“. Во документот Иран нагласува дека „го задржува правото да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на својот суверенитет, безбедност и национални интереси во согласност со меѓународното право“.

Според иранското соопштение, и покрај тврдењата на Софија дека се работи за воени вежби, 12-те американски авиони се користат за поддршка и дополнување гориво на бомбардерите во „заедничката американско-ционистичка агресија врз Иран“.

Заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија Марин Рајков ја потврди автентичноста на нотата, но истакна дека нема причина за загриженост или паника во јавноста. Тој подвлече дека Бугарија одржува нормални дипломатски односи со Техеран и дека земјата не е вклучена во војната.

- Ниту еден борбен авион не ја користи Бугарија за учество во воени операции, ниту пак се врши полнење гориво за мисии поврзани со судирите. Авионите присутни на аеродромот ’Васил Левски‘ се дел од планирани активности за распоредување и обука на НАТО, а самата Алијанса не е ангажирана во воени дејствија - изјави Рајков, додавајќи дека бугарскиот Парламент нема донесено никаква одлука за учество во овој конфликт.

Ова предупредување доаѓа во време на сериозен дипломатски пресврт во Европа. Додека војната во Иран влегува во вториот месец, клучните европски држави почнаа отворено да ја блокираат воената логистика на Вашингтон. Шпанија го затвори својот воздушен простор за американските авиони вклучени во операциите, Италија забрани слетување на стратешки бомбардери, додека Франција одби прелет на авиони со воена опрема за Израел. Истовремено, Полска го одби барањето на САД за испраќање на системите „Патриот“ на Блискиот Исток.

Ваквите потези на европските сојузници, кои се повикуваат на меѓународното право и страв од поширока дестабилизација, укажуваат на длабок раскол меѓу Вашингтон и дел од Европа во однос на агресивната реторика и воените цели на администрацијата на Доналд Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрото ќе биде студено, во текот на денот сончево со умерена облачност

Утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.

Утрото ќе биде студено, во текот на денот сончево со умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

За време на викендот времето ќе биде сончево. Од понеделник ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 3. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 3 октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 3. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Вашите емоции ќе испливаат на површина. Некои ќе се затекнат како излегуваат или ќе бидат поврзани со млади личности.

Кариера

Посебните задачи ќе ги решавате со својата креативност и уметнички талент . Ќе успеете во тоа.

Здравје

Уживајте во спортот или во уметноста.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете задоволни со своите лични односи. Ќе се потрудите својата среќа да ја споделите со широк круг на луѓе.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе внесете од својот шарм , а љубезниот пристап ќе ви отвори бројни врати.

Здравје

Денеска знаете што сакате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Колку и да се трудите за да го подобрите својот личен живот , денеска работите поврзани со него ќе ви излегуваат од контрола.

Кариера

Ќе покажете дека вашиот однос со надредените доста хаотичен. Како тука да се знае кој тука пие , а кој плаќа.

Здравје

Ќе водите војна со апетитот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Кај вас денеска ќе се јави потреба за слобода , па оние мкои се во врска ќе сакаат малку да бидат сами или пак ќе одат во големо друштво.

Кариера

Ќе бидете многуз адоволни од изврпшените анализи или со резултатите од претходниот период. На тоа се надоврзуваат нови идеи.

Здравје

Помогнете му на член од семејството.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе сфаттите дека минувате низ еден доста фрустрирачки ден кога станува збор за љубовта. Едноставно издржете.

Кариера

Вашата потреба за да ги наметнете своите идеи ќе биде силна , но реалната состојба ќе биде таква што никој нема да ве сфати сериозно.

Здравје

Трпение, спасение.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Повеќето од вас ќе бидат расположени за раскажување бајки , ддодека реалната ситуација ќе биде поинаква. Не правете драма ако некој ве спушти на земја.

Кариера

Мали приходи ќе доцнат , а вие поради тоа ќе се чувствувате помалку сигурни. Сепак , контактите и натаму ви се добри.

Здравје

Не истражувајте премногу.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе бидете упорни во изразувањето на своите идеали. Некои би можеле да претерат со тоа. Одрекнете се од совршенството.

Кариера

На службено патување или на поголем состанок би можело да дојде до непрофесионално однесување .

Здравје

Прво смислете што ќе кажете , па потоа зборувајте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко дека нешто може да ја помати вашата среќа. Дури и малите семејни недоразбирања ќе ги решите со леснотија.

Кариера

Ќе најдете оригинален начин за да победите во малите битки .Вашата стратегија е за секоја пофалба.

Здравје

Не се напрегајте толку многу .

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Без оглед што не го наоѓате она задоволство во љубовта какво што очекувате , ќе успеете се за да свртите во насока на добра забава.

Кариера

Во соработката со другите ќе покажете како може да се работи поинаку , понеобично и пооригинално.

Здравје

Може да ве прогласат за генијалец на денот.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Повторно малку ќе загубите компас , а другата страна ќе се прашува што вие всушност сакате. Дефинирајте го својот став.

Кариера

Своите шефови денеска би можеле пријатно да ги изненадите со еден свој необичен финансиски предлог.

Здравје

Слушајте го својот внатрешен глас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Многумина денеск ќе бидат маѓепсани , вљубени и она што не е типично за нив , ќе ја заборават реалноста. Но , ќе им биде убаво.

Кариера

Веројатно ќе ги анализирате резултатите од една работа и ќе заклучите дека тие би можеле да бидат подобри. Сепак , генерално , работите подобро.

Здравје

Немојте да бидете практични.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во сегашните одлични лични односи денеска ќе внесете малку фантазија и така дополнително ќе ги подобрите. Некои ќе бидат навистина оригинални.

Кариера

Работата ќе ја одработувате со уживање и леснотија , а покрај сето тоа би можеле да предложите и некои сосема нови методи во работата.

Здравје

Силни сте и здрави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари.

„Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм.

Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез.

Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка

Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“.

„Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера.

„Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер