Софија Лорен: Невозможно е да се љуби два пати во животот! - Канал 5

Софија Лорен: Невозможно е да се љуби два пати во животот!

Софија Лорен ги објави мемоарите во кои зборува за љубовта кон единствениот маж што го сакала во животот - Карло Понти!

Софија Лорен: Невозможно е да се љуби два пати во животот!
Мемоарите, животната исповед на Софија Лорен, се објавени во 10 земји. Во книгата под наслов „Вчера, денес и утре“, објавена само неколку дена пред 80-от роденден на филмската дива (родена е на 20 септември), меѓу другото Софија Лорен зборува за својата длабока љубов кон Карло Понти, кој го загуби во 2007-та година.





Софија Лорен и Карло Понти ја почнале својата врска како прељубничка врска. Преживеале обвинувања за бигамија, блуд, неговиот развод, закани од католичката црква... Но ништо не можело да ја предомисли Софија и да ја оттргне од 22 години постариот, оженет, и за една глава понизок продуцент карло Понти. Лорен искрено кажува зошто:

- Беше постар од мене и многу повеќе од љубов, татко кој никогаш не сум го имала - вели таа.




Имено, Софија Лорен е родена 1934 година како вонбрачно дете на извесен Рикардо Шиколоне кој не сакал да ја земе нејзината мајка Ромилда за жена. Ромилда била преубава жена, Софија вели дека не сакала таа да доаѓа кај неа на училиште.

- Го молев бога мама да не доаѓа на училиште бидејќи нејзината раскошна убавина правеше јас да се срамам од себе. Таа беше русокоса, висока, убава, немажена. Јас бев црна, тенка и висока, и ме викаа „чепкалка“ - се сеќава Лорен во своите мемоари.

До 14 години таа своите баба и дедо ги нарекувала мамо и тато. Мајка си ја нарекувала мамита. На 14 години животот на Софија се променил, а веќе на 16 и се отвориле вратите кон актерската кариера. Нејзината раскошна убавина не останала незабележана.




Пред нозете на Софија Лорен паѓале најголемите заводници на тие времиња - Ричард Bартон, Питер Селерс, Марлон Брандо. Ја одбила брачната понуда на Кери Грант. Единствената нејзина љубов бил Карло Понти.

На прашањето дали ќе се омажи со друг, таа одговори: Никогаш повеќе. Невозможно е да се љуби два пати во животот!






Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот Македонија - Кипар, кој е дел од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезни билети преку онлајн сервисот „МКТикетс“.

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Натпреварот Македонија – Кипар, ќе се игра на 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска оствари средба со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. 

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Д-р Ангелески е специјалист ортопед кој своите студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа завршил и специјализација од областа на ортопедија.

Во својата професионална кариера работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, а ја извршувал и функцијата директор на Медицинскиот симулациски центар.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а со тоа и од новиот директор очекувам да ја зајакне улогата на инспекторатот во заштита на јавното здравје, што е можно побрза и повидлива инспекција на терен со доследна примена на прописите, како и континуирана отчетност и транспарентност во работата. Упатувам и благодарност на досегашниот директор д-р Кирил Лазов за работата и професионалниот ангажман, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

Македонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.

Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата трета придружничка.

Одличен пласман забележа и македонскиот претставник во машка конкуренција, Јасмин Мустафоски од Охрид, кој се закити со две титули – четврти придружник и најдобар фотомодел (Best Photo Model).

На годинешното издание на Miss & Mister Planet, титулата во женска конкуренција ја освои претставничката на Романија, додека во машка конкуренција победи претставникот на Индија.

Катарина и Јасмин се членови на Модното студио „Црнокрак“, кое е официјален носител на лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор за убавина.

Со освоените три титули, македонските претставници уште еднаш го потврдија потенцијалот на домашната модна сцена, успешно претставувајќи ја Македонија на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер