Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
ЗабаваСофија: Леброн е прељубникУбавата Софија Френклин и откри на јавноста дека големата НБА ѕвезда Леброн Џејмс со години ја изневерува сопругата.Американската инфлуенсерка Софија Френклин во подкаст објави дека најголемата НБА ѕвезда Леброн Џејмс во неколку наврати ја изневерувал својата сопруга Савана и го открил начинот на кој кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс им пристапува на девојките. На оваа тема атрактивната Софија разговарала со пејачот на мегапопуларниот бенд „Марон 5“ Адам Левин, кој се повеќе се занимава со шоубиз индустријата, а се помалку се занимава со музика. - Не биди глупав! Ти си славен, Адам, знаеш како оди. Јас никогаш не бев поканета, но моите пријателки беа - изјави инфлуенсерката, која потоа откри како познатите личности како Леброн ги викаат девојките во својот кревет. - Телохранителите доаѓаат кај девојките и ги прашуваат дали сакаат да си одат дома со нив или на друго место. Потпишуваат договор за необјавување за ништо да не стане јавно. Потоа Софија го допре и популарниот „Крал“ Леброн Џејмс. . - Леброн, исто срање. Постојано организира разни забави на кои задолжително се потпишува „НДА“ (договор за необјавување). Што, не знаевте дека Леброн е прељубник? - Софија беше изненадена. Нејзините обвинувања предизвикаа вистинска бура на социјалните мрежи. Навивачите застанаа во одбрана на познатиот кошаркар. Мислат дека Софија измислува приказни за НБА ѕвездата поради големата популарност на Леброн. Инаку, Леброн и Савана Џејмс важат за една од најкомпатибилните славни парови што светот ги видел. Нивната љубов трае уште од средно училиште, а познатиот кошаркар не пропушта прилика да нагласи дека неговата сопруга е неговата најголема љубов, поддршка и најдобар пријател. Тие се венчаа во 2013 година и имаат два сина и една ќерка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинцииПет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите деновиНов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделникОткако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5. Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook